Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Како беа ликвидирани македонските Евреи (2)

Како беше спроведуван планот. Бугарската влада се жалела дека со депортацијата на Евреите ќе остане без евтината работна рака потребна во градежништвото

Виктор Цветаноски


Бугарскиот историчар Христо Бојаџиев во книгата „Како беа спасени бугарските Евреи“ подробно опишува како течеле преговорите меѓу нацистичка Германија и профашистичката влада на Бугарија за депортација на Евреите. Решение за нивно физичко уништување било донесено на нацистичката конференција во Ванзе во 1942 година. На 24 септември 1942 година Мартин Лотер, началник на одделот за Евреите, му ја испратил на Ернест фон Ванцзекер, главниот секретар на Министерството за надворешни работи, наредбата на Фон Рибентроп да влезе во врска со владите на Бугарија, Данска и Унгарија за „конечно решавање на прашањето за депортацијата на Евреите“. „Ние сме подготвени да ги примиме Евреите“, му соопштува Лотер. Преведено на обичен јазик тоа значи дека гасните комори се подготвени за нивно уништување. Притоа, не стои точно за кои Евреи од територијата на Бугарија се однесува наредбата. Се споменува само бројка од 48.000 Евреи.

По оваа наредба, германскиот амбасадор во Софија, Адолф Бекерле, побарал средба со бугарскиот премиер Богдан Филов, која се одржала на 2 ноември 1942 година. По разговорот, ги информирал претпоставените во Берлин дека бугарскиот премиер рекол оти заслужува пофалба германскиот проект за депортација на Евреите. Во исто време се пожалил дека и тие, како и Германците, имале потреба од евтина работна рака, а Евреите сакале да ги користат за изградба на патишта. Бекерле, на крајот, заклучил дека недостигот од работна рака ја спречува бугарската влада да го реши прашањето еднодушно.

„Бугарската влада е особено радосна од состојбата дека нејзините усилби да го доведе еврејското прашање до конечно решение го привлекло вниманието на германската влада. При разгледување на тоа прашање, бугарската влада секогаш наидувала на тешкотии, бидејќи немаше можности да исели од Бугарија, ако не сите, барем дел од Евреите. Од тие причини, бугарската влада со голема готовност се согласува со предлогот на германската влада да се изврши иселувањето на Евреите од Бугарија и од Романија во едно исто време, без тоа да создаде пречки во градежната политика на државата. Со оглед на таквите состојби, бугарската влада има намера да организира иселување на Евреите од државата на таков начин да не се создадат пречки за редовниот тек на бугарскиот стопански живот“, пишува во извештајот Бекерле.

Тој додава дека бугарската влада ќе биде благодарна ако германската влада и' ги достави подробните планови за иселувањето на Евреите од Романија за да се преземат во Бугарија неопходните мерки за решавање на прашањето со Евреите. Бугарската влада се согласила во принцип да плати определена сума за депортацијата на Евреите, но сметала дека таксата од 250 рајхсмарки по човек била многу висока.

Она што го договарале Германците и бугарската влада брзо допрело до меѓународните еврејски организации. Свесни на тоа што може да им се случи на нивните сонародници во Бугарија и во окупираните територии, повеле акција за нивно спасување. Притоа, го информирале и американскиот претседател Рузвелт, кој проблемот за трагедијата што им се заканувала на Евреите во Бугарија го изнесол на една американско-англиска средба во Вашингтон. По средбата, тогашниот државен секретар на САД, Кордел Хил, побарал од бугарската влада да им дозволи на Евреите да емигрираат во некоја неутрална земја. Меѓутоа, американско-англиската иницијатива завршила без резултат.

Од своја страна акција за спасување на Евреите во Бугарија и териториите коишто таа ги окупирала повел и Жак Асеов, богат Евреин, во тоа време познат во тутунската индустрија. Тој се обидел да воспостави врски и со бугарската црква, барајќи таа да се застапи за Евреите. Од нејзиниот владика Стефан добил известување дека цар Борис лично го уверил дека нема да преземат нови мерки против Евреите и оти секаква депортација е исклучена. Преку швајцарската амбасада во Софија било испратено и барање до бугарската влада да дозволи евакуација на 4.500 еврејски деца и 500 возрасни Евреи од Бугарија во Палестина. Кога швајцарскиот амбасадор Шарл Редер му го предал барањето на премиерот Богдан Филов, тој му се обратил со зборовите дека сака да ги праша Германците за тоа, знаејќи го однапред нивниот одговор.

[Сојузници во војната: царот Борис Трети и Адолф Хитлер]

Жак Асеов побарал помош и од македонските организации во САД и ги замолил да апелираат до бугарската влада. Во писмото што тие го испратиле ја предупредувале бугарската влада дека нивната соработка со фашистичка Германија мошне негативно ќе се одрази врз иднината на бугарскиот народ и дека, секаква, соработка со Германците ќе ја отежни нивната одговорност. Македонците од Америка барале повлекување на противеврејските закони. „Менување на нечовечкиот режим на кој се изложени Евреите ќе ја смекне многу вашата одговорност по завршувањето на војната. Не заборавајте дека само пред неколку недели господин Рузвелт, претседател на Соединетите Американски Држави, изјави недвосмислено дека однесувањето на непријателските држави кон нивните еврејски малцинства ќе се има предвид кога ќе се определува судбината на непријателите на сојузничките народи. Не ќе биде земено предвид никакво оправдување за нечовечкото третирање на еврејските малцинства“, стои во обраќањето на Македонците од Америка до бугарската влада.

Непосредно пред депортирањето на Евреите од Македонија и од Тракија, швајцарскиот амбасадор во Софија, Шарл Редер, бил примен од бугарскиот премиер Богдан Филов. Во својот дневник Филов ќе забележи дека Редер побарал од него Евреите од Тракија и од Македонија да се испратат во Палестина. Тој тогаш му одговорил дека е многу доцна и дека Евреите ќе отпатуваат по неколку дена. „Каде?“ го прашал Редер. „За Полска“, му одговорил Филов. „Но, тоа означува смрт за нив“, реагирал Редер. „Му објаснив дека претерува со заклучокот. Тие таму ќе бидат користени како работници, како што се користат бугарските работници кои се испраќаат да работат во Германија. Тој одговори: ’Не е истото. Евреите се третираат најбесчовечно!‘, пишува во својот дневник тогашниот бугарски премиер, кој сигурно знаел што ги чека Евреите кои бугарските власти ги натоварија во возовите и ги испратија во Треблинка, логорот на смртта“.

Од вкупно 11.384 депортирани Евреи од подрачјата што ги окупирала Бугарија, 7.381 биле од Македонија. Од нив 546 од Штип, 3.342 од Битола и 3.493 од Скопје. Сите биле испратени во Треблинка. Патувале со возови во три групи – на 22, 25 и 29 март 1943 година, преку Србија и Унгарија за Полска. Интересно е да се каже, Евреите од Бугарија кои за време на апсењата се затекле во Македонија биле ослободени и вратени дома.

Познатиот Евреин Бенјамин Ардити во книгата „Видни Евреи“ тврди дека постои разлика на бројот на Евреите што биле на списокот за депортација и тие кои пристигнале во Треблинка. Станува збор за разлика од околу 900 лица. Некои од нив успеале да се спасат криени од своите пријатели, други починале за време на патувањето. За спасување на Евреите помогнале и италјанските власти, кои им овозможувале да заминат во странство без пасоши, преку Албанија.

За апсењето на Евреите од Македонија и од Тракија во Софија немало речиси никакви реакции, освен реагирањето на професорот Петко Стојанов, кој откако дознал за депортацијата, побарал Народното собрание да расправа за тоа. Меѓутоа, неговото барање не било ставено на дневен ред. (Продолжува)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BECE78299...6F36C29598
Без Ботев няма България
09-01-2013, 06:30 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-01-2013, 06:30 AM