Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонски полицајци ловеле посредници за бугарски пасош



Полицијата во Струмица, според бугарската агенција "Фокус", извршила рации во домовите на шестмина граѓани со македонско и од бугарско државјанство

Полицијата во Струмица, според бугарската агенција "Фокус", извршила рации во домовите на шестмина граѓани со македонско и од бугарско државјанство, кои биле овластени да застапуваат кандидати за бугарски пасош. Настанот се случин на 2 јануари, како што пишува агенцијата, под изговор дека се врши проверка за фалсификувани и лажни документи. Ако е точна веста, ова е првпат македонската полиција да интервенира околу јавното и масовно посредување за бугарски пасоши, што се користи како потврда од Софија дека во Македонија има многу граѓани со бугарска свест и потекло. По упадот, шесте граѓани биле испрашувани одделно два-три часа во полицијата, а еден од нив бил извлечен со покривка на главата. Притоа, полицијата ги известила шестемина дека немаат право да поднесуваат апликации за пасош и им се заканувала да не се жалат во бугарската амбасада. По сослушувањето, тие биле ослободени без да им даде каков било документ што би ја објаснил целта на притворот. Притоа, биле конфискувани 22 подготвени бугарски пасоша, 22 лични карти и 30 комплети со документи за апликација, покрај 52 медицински документа од здравствените институции во Македонија, кои беа преведени и легализирани за да се користат за бугарско државјанство.

Сите граѓани, чии домови и канцеларии биле предмет на рацијата, добиле забрана да ја напуштат Македонија. Рацијата се случува и во време кога Бугарија и Македонија започнаа да преговараат околу отворените прашања за да се отвори пат во јуни Софија да не и' стави повторно вето на препораката за преговори на Македонија. На средината на јануари на бугарска територија треба да се одржи втората рунда преговори околу бугарскиот "меморандум" и овој настан може да биде искористен од бугарска страна како доказ дека Македонија не сака добрососедство. (Н.Р.)

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...B5D38D9DA3
Без Ботев няма България
08-01-2013, 06:52 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 08-01-2013, 06:52 AM