Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Христов ја престави Македонија со кренато знаме на релито Дакар

Членот на МК „Александар“ од Скопје, Тодор Христов ќе влезе во историјата како прв натпреварувач кој го истакнал македонското знаме на најпрестижното светско рели Дакар.

Тој на церемонијалниот старт на првата етапа во Лима, Перу ги истакна заедно македонското и бугарското знаме.

На Христов, кој настапува со македонска лиценца ова ќе му биде второ учество на најпознатото рели откако во 2011 година настапи за својата матична земја, Бугарија.

Христов е пријавен во класата на квадови (четвороцикли) во која има вкупно 39 учесници и се предвидени 14 натпреварувачки денови. „Дакар 2013" е со должина од преку 8.000 километри од кои половина се специјални брзински испити, а остатокот се поврзувачки етапи. Годинешното рели ќе минува во Перу и низ Аргентина и Чиле, а целта е во Сантиаго на 20 јануари 2013. На листата на учесници се наоѓаат над 450 екипажи во 4 категории: мотоцикли, квадови, автомобили и камиони.

Во првата етапа во која победи домашниот натпреварувач Флорес Семинарио, Христов го освои 37 место. Втората етапа е со специјален брзински испит од 242 километри и поврзувачка етапа од 85 километри, а стартот и целта е во Циско, Перу.

http://www.sitel.com.mk/hristov-ja-prest...lito-dakar
Без Ботев няма България
06-01-2013, 04:51 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 06-01-2013, 04:51 PM