Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кирил Георгиев од Бугарија - победник на божиќниот шаховски турнир во Карпош

Кирил Георгиев од соседна Бугарија, е овогодишен победник на Меѓународниот Бижиќен шаховски тунир, кој традиционално го организира Општина Карпош.

Интернационалниот мајстор Георгиев е и минатогодишниот победник на "Опен Карпош" - кој овој пат си замина дома со 21.000 денари, колку што изнесуваше првата награда на годинешниот Божиќниот турнир. Второто и третото место им припадна на шахистите од Србија, Горан M. Тодоровиќ и Борољуб Златановиќ кои освоија по 15.000 односно 13.000 денари.


По целодневното шаховско „војување", кое се случуваше в сабота (05.01.2013), на кои фигурите „ги вкрстија" 107 натпреварувачи од Македонија и странство, во вечерните часови градоначалникот Стевчо Јакимовски имаше чест и задоволство да ги прогласи најуспешните натпреварувачи во оваа древна игра, при што лично им ги врачи наградите.


Најдобро пласираниот Македонец на овој турнир, Владимир Георгиев, го заслужи четвртото место со освоени 7.150 денари, а веднаш по него, петтото место му припадна на Трајко Недев, исто така од Македонија кој освои 6.150 денари. По нив следеа Оливер Органџиев (Македонија), кој за освоеното шесто место, доби 5.150 денари. Седмото место му припадна на Драгољуб Јачимовиќ (Македонија) кој освои 4.650 денари. На осмо место се најде Дејан Стојановски (Македонија), со освоени 4.150 денари. По 3.650 денари освоија деветто пласираниот Зоран Новоселски (Србија), и десеттиот на оваа табела, Велислав Куков (Бугарија). Единаесеттото место го освои Звонко Станојоски (Македонија) кој со својот сонародник Влатко Богдановски, за освоеното дванаесетто место, зедоа по 3.150 денари. Тринаесеттото место му припадна на Тоде Куков (Македонија), кој освои награда од 2.150 денари.


Во категоријата за млади шахисти до 18 години, победи Тони Лазов (Македонија), со освоени 2.000 денари. Како најуспешна од шахистките, се истакна Бугарката Стефи Бедникова, која освои 2.000 денари. Од ветераните до 60 години, Љупчо Костовски (Македонија), заслужено ја освои наградата од 2.000 денари. Конечно, во категоријата "рејтинг до 2100" наградата вредна 2.000 денари ја освои Никола Николовски (Македонија). /крај/мф/ач

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

http://www.makfax.com.mk/300228
Без Ботев няма България
06-01-2013, 02:47 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 06-01-2013, 02:47 PM