Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Туй очилато педалче , извинявам се на хората с обратна ориентация , и то голем душегрижник. Македонецот требе да се държи задължително в заблуда колко лошо е в България.

04.01.2013, 16:58
Саботни муабети

„Среќната“ европска Б’лгарија

Огнен Јанески

На враќање од новогодишното патување во соседна Република Бугарија, другарот ми рече: „Немој некој после да ми речел дека ние сме немале новогодишна атмосфера и расположение! Дали ги видел некој Бугариве?!“. И во право беше.

Прв пат бев во Бугарија, на времето кога за 100 марки се купуваше „цела Софија“. Тогаш имав чудно чувство (иако дете) дека нивната држава ја проектира својата тага преку граѓаните. Тажно беше да ги гледаш дека продаваа се', а и начинот на којшто живееја, секако придонесуваше во тоа чувство. Поминаа многу години откако повторно ја посетив – точна една година пред да влезат во Европска унија. Тогаш, барем Софија – цветаше, дури и буквално! Улици и патишта, тротоари, големи трговски центри, народ насмеан, луѓе на сите страни, полни кафулиња... Истата година (2006) Софија беше прогласена за најзелен град во Европа (и со право), а втора во светот.

Ја напуштив, така како што и ја посетив – истражував како можам да студирам таму. Имаше „бесплатна“ опција, само доколку си ја продавам Македонија. Не ја продадов. Но, сепак, и покрај преминувањето на границата од соседот кој ме условуваше на одреден начин, убаво се чувствував. Се радував за Бугарите. Беа среќни.

Пет години подоцна, повторно ја посетив, но поради професионални причини. Работејќи на телевизиски проект (20-епизоден серијал) за Европската унија, со колешката Нора Шакири имавме интервјуа со сите релевантни институции (министерства – меѓу кои и со министерот за надворешни работи, Николај Младенов, невладини организации, медиуми и обични граѓани). Тогаш, Нора ми велеше дека има нешто во Бугарија што не и' се допаѓа – како да оди кон назад, наместо напред. Не и' верував. Се' уште Софија ја гледав низ призмата од пред влезот во ЕУ. Но, беше во право.

Сега, кога стрелките на часовникот ми се составија на преминот од 2012 во 2013, токму во бугарската престолнина, сфатив дека овој главен град – дел од мрежата метрополи на Европската унија не е воопшто тоа што беше. Повторно во тие неколку дена ми се вратија спомените од периодот на „100-те марки“!

Четири дена, по главниот им булевар „Витоша“, можев да набројам на прсти луѓе коишто се движеа, а беа Бугари (странците беа минимални, ако ги исклучам Македонците). Продавниците не им работеа два дена од тие четири. Цените? Ниски, во споредба со нашите. Не како „100-те марки“, но, дефинитивно, да се луксузира човек. Дали Софија беше украсена? Не. Имаше бедна елкичка кај зградата на Советот на министрите со неколку ирваси и украсени живи огради. Забава на плоштадот? Да – имало, но никој не ја виде, и покрај тоа што ги имаа најпопуларните ликови од 2012. Тамошните пријатели ми велеа дека е празно, зашто сите се во Боровец или на Банско. Но, се прашував како може двамилионски главен град да стане град на духови (дополнителен ефект даваше маглата)? Како може, по пет години членство во ЕУ, Софија да ме потсеќа на времето од паѓањата на балканските комунистички режими? Ми се поврзаа сеќавањата со тие од Букурешт (кој исто го посетував во слични периоди и интервали), само што во Софија успеале да ги исфрлат запрежните возила, кои во Букурешт секогаш се движат зад скапи џипови.

Откако се распрашав за нивните плати (кои се тука некаде со нашите) и за нивните пензии, кои се греотни во споредба со нашите уважени (100 евра пензија во Бугарија е како да сте милионер) – сфатив! Сфатив зошто Бугарија е празна и станува пензионерска држава. Сфатив зошто никој не почувствува дека дојде Нова година, па во минута по полноќ се сетија дека треба да се наздрави. Не им е до честитање, славење и лумпување. Сега веќе не се среќни. Задоени се со „чалгата“ (пандан на турбофолкот кај нас), евтиниот изглед и имиџот севкупно.

Зашто така, површно го сокриваат својот пад, од неразумноста при живеењето и водењето на политиката. Сфатија дека се преодна станица на ЕУ кон Истокот. Затоа само патиштата им се фантастични.


Статијата е прочитана 539 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...4C996C8535
Без Ботев няма България
05-01-2013, 11:15 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 05-01-2013, 11:15 AM