Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

KОЈ Е ИНТЕРЕСОТ НА СОФИЈА ДА Н¦ БЛОKИРА

Добрососедството станува тег на бугарскиот кантар во ЕУ


Дали Бугарија со блокирањето на Македонија во ЕУ се обидува да направи пазар со земјите-членки за свои интереси, како на пример, добивање зелено светло за прием во шенген-зоната? Одговорите на експертите се поделени.

- Бугарија сака да добие меѓународна видливост и легитимитет оти нејзиниот имиџ во Европа е негативен. Или, вака гледано: слушаме како ЕУ порачува „ако Србија стане членка на Унијата ќе биде лидер во регионот...“ или „Грција ако го реши спорот со Македонија ќе биде лидер во регионот“... Бугарија никогаш не била спомената како „добар пример“ за нешто. Затоа нивната политика сега е поттикната од потребата да направат нешто за да добијат важност - смета професор Стево Пендаровски. Според него македонско-бугарските проблеми не се нерешливи, ниту комплексни како, на пример, спорот меѓу Словенија и Хрватска за границата. Оттука тој не ја гледа главната причина за бугарската блокада во меѓудржавните прашања.

Поинаку размислува поранешниот амбасадор во Бугарија, Ѓорги Спасов. Според него, причините не се во пазарењето со ЕУ туку во бугарското предизборие.

- Во време кога беше повеќе од јасно дека Македонија нема да добие датум за преговори можеби актуелното бугарско раководство пресметало дека е подобро да направи поголемо зближување со Грција и таа своја поддршка на грчката позиција да ја претвори во подршка од Грција или од грчки бизнисмени за актуелната власт во Бугарија на наредните избори - тврди Спасов.

Бугарскиот европратеник Андреј Kовачев за „Дневник“ негира дека официјална Софија сака да покаже сила во ЕУ давајќи поддршка за грчкото вето.

- Не знам од каде таков заклучок. Бугарија не ~ стави вето на Република Македонија. Факт е дека заклучоците на Европскиот совет се усвоени едногласно од сите земји-членки на ЕУ. Ако е вето, тогаш е од сите 27 земји-членки - вели Kовачев.

Според него, Бугарија би сакала да има одлични односи со Македонија, посочувајќи ги како пример односите помеѓу Kипар и Грција или Романија и Молдавија.

- Европската интеграција успеа да ги смири старите противници, како што се Франција и Германија, убеден сум дека европската интеграција ќе успее да ги надмине и несогласувањата меѓу нас поради стереотипите. Вие новинарите, од двете страни на границата, сте клучните играчи во овој процес - вели европратеникот. Тој нагласува дека историјата наместо да н` поврзува, н` дели, не пропуштајќи да го повтори ставот на неговата земја дека Македонија е таа што не ги негува добрососедските односи.

- Се градат споменици, се прават изложби и филмови, се интерпретира историјата во учебниците, како што е правено во комунизмот - вели Kовачев.

Искра Kоровешовска

Групи за пријателство - по празниците

По новогодишните празници се очекува да се внесе динамика во иницијативите за добрососедство меѓу Софија и Скопје, договорени со писмата што си ги разменија министрите за надворешни работи на двете земји. По Божик, како што велат од МНР, треба да се разгледа акцискиот план за заедничките работни групи. Засега, не се знае дали ќе има средба на повисоко ниво меѓу двете земји.

#

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9135BE...EFFFFBF4A3
Без Ботев няма България
02-01-2013, 07:34 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 02-01-2013, 07:34 AM