Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Поздрав от Латас и Ивона за сите Българи с една типично сителска статия

Бугарија го повикува Жерар Депардје: Имаме евтин алкохол, хотели и проститутки


Бугарија ги повикува француските даночни азиланти Жерар Депардје и Бернар Арно да станат бугарски државјани ветувајќи им “евтин алкохол, забетонирани летувалишта и искусни проститутки”.

Симпатичното писмо срочено од бугарскиот Центар за домографска политика им беше испратено на познатиот француски филмски актер и до најбогатиот Французин во знак на протест против масовната емиграција од оваа источно-европска држава што кубури со готовина.

64- годишниот Депардје и 63- годишниот Арно неодамна побегнаа во Белгија за да ги избегнат новите даночни стапки што Франција ги воведе за богатите, односно 75 проценти на сите приходи над милион евра.

Во поканата потпишана од шефот на Центарот Искрен Веселинов се вели: “Бугарија е исклучително убава земја населена со паметни, работливи и добронамерни луѓе. Животната средина и воздухот се чисти бидејќи воопшто немаме индустрија. Предноста на Бугарија како идеална дестинција за елитните емигранти е во чалгиската музика, автопатите, циганите и романтиката, забетонираните летувалишта со првокласни алкохолни пијалоци од брендот на Цар Киро”.

“Имаме и искусни проститутки и условно плаќање на даноците со можност да се исцрпи што е можно повеќе од нашиот даночен систем. Нашата популација е стопена од среќа, и поради тоа ни треба засилување”, стои во пораката.

Во писмото потоа се вели дека на почетокот на годината очекуваат уште 2 милиони Бугари да емигрираат, со што популацијата во земјата до 2050 година би спаднала на критичниот минимум од 5 милиони.

Копија од саркастичната покана беше испратена и до бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, премиерот Бојко Борисов и до претседателската на бугарскиот парламент Цецка Цачева.

Депарде и Арно се последни во низата супер-богати Французи кои бегаат од новите даноците донесени од социјалистот Франсоа Оланд.

Францускиот тајкун Алан Афлелу чие богатство се проценува на 190 милиони фунти, неодамна се пресели во Лондон од “бизнис причини”.//м.д.

http://www.sitel.com.mk/bugarija-go-povi...rostitutki
Без Ботев няма България
29-12-2012, 08:12 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 29-12-2012, 08:12 AM