Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9

Една позитивна статия за България от вчера и то в Утрински вестник

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...2CCFAA041C
Quote:На скијање во Банско, за Нова година во Париз

Близината, но и тип-топ средените хотели во Бугарија најмногу ги привлекуваат македонските туристи

Сања Наумовска

Македонските скијачи ги полнат бугарските зимски центри. И годинава новогодишните празници илјадници семејства ќе ги поврзат со неколудневно зимување во Банско, Боровец или Сандански. Близината, но и тип-топ средените хотели и одличната организација и поврзаност со ски терените најмногу ги привлекуваат македонските туристи.

"Во Бугарија нема лош хотел", коментираат постојани гости во Банско и додаваат дека без разлика дали има три или повеќе ѕвездички, услугата е речиси беспрекорна. Најдобро од се' е што сите имаат редовен и организиран трансфер до ски терените, сите хотели се опремени со спа центри, во кои се' е бесплатно.

"Без разлика дали аранжманот вклучува храна или не, во туристичките места има изобилство на ресторани во кои се јаде добро и евтино", коментираат нашите туристи.

Бугарија и годинава е речиси распродадена во понудата на домашните туристички агенции. Најбарани се термините во јануари, кога семејствата заради училишниот распуст можат да си дозволат заедничко зимување. Цените во зависност од хотелот и условите се движат од 15 до 100 евра за човек. Секој хотел има примамливи попусти за деца, дури и до 17 години, кои некаде не плаќаат ништо, некаде третина, а некаде половина од цената.
"Во Бугарија традиционално одат скијачи, кои сакаат добри услови и организација на релација хотел-терени. Тие се наши редовни клиенти и секоја година ги користат поволностите за рана уплата со која добиват од 10 до 15 проценти попуст", велат во туристичката агенција "Фалкон". Од таму додаваат дека секоја година се зголемува бројот и на туристи кои сакаат само да се рекреираат, а заради индивидуалниот превоз и можноста сами да одлучат колку дена ќе престојуваат бугарските зимски центри повторно се најбарани.
"Семејствата најчесто бираат зимување, а помладите пречек на Нова Година", велат во туристичката агенција "Савана", во која веќе се распродадени најголем дел од новогодишните аранжмани. Традиционално, најбарани за пречек на Новата Година се авионските тури за Истанбул, Париз и Рим, кои веќе одамна се пополнети. Место веќе нема ниту за новогодишните аранжмани за Милано, Софија, Будимпешта, Букурешт и Атина. Три дена престој во хотел во Софија, чини 119 евра, а за новогодишната прослава се доплаќа уште 25 евра. Новогодишно патување до Милано, Верона и Лугано чини 219 евра, а посетата на Лугано во Швајцарија на 31 декември се доплаќа 20 евра.
"Букурешт е една од поинтересните дестинации во поново време", велат во "Савана", петдневно патување дотаму чини 139 евра, додека пак за новогодишна вечера во национален ресторан теба да се доплати 20 евра.
27-12-2012, 08:19 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Филибе - 27-12-2012, 08:19 PM