Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Вече открито станахме душмани. Icon_razz

ЕУ може да ни прости, но душманите никако

е се очекува Европската Унија да ни ја тргне препораката за преговори или да ги измени заклучоците од последниот самит, но оние што работат против нас на меѓународната сцена веројатно коваат планови како да ја искористат состојбата




ДОМАШНАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА ОД МЕЃУНАРОДЕН АСПЕКТ

Сите знаеме кому му одговара оваа состојба во Македонија, рече премиерот Никола Груевски неколку часа по безредијата пред Собранието и по инцидентот во собраниската сала во кој прво спикерот Трајко Вељаноски беше спречен да ја почне седницата, а потоа опозициските пратеници беа физички отстранети од салата. Душманите веќе ни гледаат сеир и веројатно коваат планови како да го искористат ова, коментираат аналитичарите. Од една страна, не се очекува Европската Унија да ни ја тргне препораката за преговори или да ги измени заклучоците од последниот самит (кои, според некои толкувања, беа оценети како чекор напред) но од друга, оние што нѐ блокираа, Грција и од годинава Бугарија, сега имаат аргумент повеќе дека земјата не е евроатлантски созреана. Сето тоа се надоврзува и на еуфоричните големоалбански изјави на неколкумина политичари од регионот кога пред еден месец се славеше 100-годишнината од независноста на Албанија како држава.

Нашата слика во светот се наруши, не само во извештаите на светските медиуми. Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт веќе на Твитер напиша дека вестите од Скопје се вознемирувачки затоа што полицијата влегла во парламентот и ги исфрлила опозициските пратеници. Билт додал дека тоа не е начинот на кој треба да функционира една демократија во ЕУ.

ОСЛАБЕНИ ПОЗИЦИИ

Ако во Македонија се создаде уште посериозна политичка криза, иницијаторите за промена на името ќе добијат на сила и ќе го засилат притисокот да попуштиме, смета поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
- Ситуацијата во земјава најмногу им одговара на оние што сакаат да го затворат „македонското прашање“ и да ги избришат Македонците од меѓународната листа на признаени народи. Секое влошување на состојбата во земјава им дава за право на тие што сметаат дека македонската држава и народ се измислена творба и дека нејзиниот распад е само прашање на време. За среќа, сите нивни планови и намери ќе паднат во вода порано или подоцна. Еден вековен народ не може така да се збрише. Ако продолжат со иста политика ќе донесат нови војни, а тоа никому не му одговара - смета Никовски.



Според познавачите, сегашната состојба ја нарушува меѓународната слика за Македонија, а со тоа може да се разниша и нашиот кредибилитет да ги браниме нападнатите национални интереси. Но поранешниот министер за надворешни работи, професорот Денко Малевски, смета дека постојат ситуации во кои тоа е неизбежно, односно дека не можеме да се преправаме дека сѐ е во ред во државата, кога не е така.

- Јас го гледам ова како внатрешен проблем, политичка борба која што кулминираше поради нетрпението што се наталожи. Прашањето за буџетот беше само изговор за пресметката. Не би можел да тврдам дека во случајов некој одработува за некого друг, уште повеќе за некого од страна. Секако дека оние што нѐ спречуваат во нашите евроатлантски интеграции би можеле ова да го искористат како аргумент повеќе дека нашата земја не е подготвена и дека нивните блокади се оправдани. Но ако се водиме според тоа, дали треба сите да замолчиме и да му дозволиме на тој што е на власт да прави што сака - истакна Малевски.

Професорот додава дека демократијата не се одбрани во Македонија, а собраниските сцени биле премногу гротескни и тоа е нешто што не може да се скрие. Според него, опструкции постојат и во западните парламенти, во американскиот конгрес тоа се вика „филибастер“ и дека како што ДУИ го употреби за законот за бранителите, така СДСМ го стори истото со буџетот.

МЛАКИ РЕАКЦИИ

Познавачите на состојбите истакнуваат дека актуелната политичка криза во земјата не би требало негативно да влијае на почнатите евроинтегративни процеси. Според нив, позитивниот извештај на Европската комисија напролет, односно добивањето зелено светло за почеток на преговорите со Македонија, во најголем дел ќе зависи од оценката за напредокот во добрососедските односи, односно преземање напори во насока на решавање на отворените прашања со Бугарија и со Грција. Тие сметаат дека е малку веројатно ситуацијата во земјата толку многу да се влоши, за дополнително да се оценува функционирањето на демократијата, како услов за почеток на преговорите со Унијата.


Професорот Стево Пендаровски вели дека не очекува политичката криза што настана за усвојување на новиот буџет да предизвика некои остри реакции од Брисел. Според Пендаровски, реакциите на Унијата ќе бидат млаки, а политичката криза нема да влијае многу врз исходот, односно оценката во извештајот на еврокомисијата, најавен за напролет.

- ЕУ сака да ја помогне Владата во решавањето на проблемите, како што е спорот за името со Грција. Брисел е решен по секоја цена да ја поддржи владата во однос на завршувањето на евроинтеграциите на Македонија - вели Пендаровски.

Тој додава дека не очекува некои негативни последици врз евроинтеграциските процеси и поради фактот дека во однос на градењето на некоја државна стратегија, опозицијата не е вклучена во тој процес, па за да биде нарушен од новонастанатата политичка криза.

Од друга страна, дел од експертите сепак сметаат дека се можни негативни последици по македонските евроинтеграции доколку кризата се одолжи и евентуално добие на жестина. Малинка Јорданова од Институтот за европски политики стравува дека доколку политичката криза во земјата продолжи со сегашниот интензитет, би можело да се случи напролет да не добиеме датум за преговорите.

- Меѓу првите и основни политички критериуми за членство во Унијата е токму постоењето на функционална демократија, односно нормалното демократско функционирање. Ако кризата продолжи, таа најверојатно негативно би влијаела на патот кон ЕУ - додава Јорданова.

Европската Унија веќе ги повика лидерите на сите политички партии „да стават крај на какво било агресивни и провокативни акции и да се однесуваат на начин што е во согласност со Уставот и законите“.

- Мирното изразување на различните мислења е основата на секоја силна и демократска држава, а употребата на насилство од која било инволвирана страна го подрива тој систем и му нанесува штета на неговата способност да владее одговорно - се наведува во соопштението на Унијата.


Автор: Владимир Мијановиќ / Гоце Трпковски Фотографија: Игор Бансколие

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22765
Без Ботев няма България
26-12-2012, 11:07 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 26-12-2012, 11:07 AM