Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Ех , че убав наслов

Се тепаат девојки, Бугарки крадат по маркети

За второто тримесечје од годинава се евидентирани 641 кривично дело, од кои во 532 случаи се работело за тешки кражби, за разлика од лани, кога во истиот период биле сторени 450 кривични дела




Бугарките со лепливи прсти се протерани од држава и им е забранет влез во Македонија наредните три години

Во најголемата локална самоуправа во државата, во градот Куманово расте бројот на тешки кражби и насилство. Во билтенот на полицијата само за последниов викенд се регистрирани неколку тешки кражби и повеќе случаи на насилство.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.С. (28) и Д.Ј. (30), двајцата од Куманово, за кривично дело насилство. Во неделата утро, околу 5 часот, пред ноќниот клуб „Тунел“, осомничените физички го нападнале А.С. (28). Го удирале со тупаници и клоци по главата и телото, од што му нанеле видливи повреди. По спроведената истражна постапка, истражен судија на првопријавениот му одреди мерка домашен притвор во траење од 30 дена. Инаку притворениот, според информација од полицијата, бил познат сторител на кривични дела од областа на недозволено производство и трговија со алкохолни пијалаци, како и злосторничко здружување.

ЧЕСТИ ЉУБОВНИ КАВГИ

Кривична пријава за насилство е поднесена и за С.А. (34). Осомничениот отишол пред куќата на својата поранешна 29-годишна девојка во Куманово и почнал да ја пцуе и да ѝ се заканува дека ќе ја убие.
Откако завршил со неа продолжил да се расправа и да се заканува дека ќе го отепа и татко ѝ. Девојката успеала да замине во полиција и да го пријави насилникот. Но поранешното момче сепак ја начекало и ја пресретнало пред влезот од зградата. Повторно почнал да ја навредува, но овој пат кренал и рака. Силно ја удрил по глава, од што девојката паднала пред влезот. Во тој момент полициски службеници успеале да го спречат да не ја дотепа.

За кратко време полицијата во Куманово откри и повеќе случаи на поседување и растурање дрога по градот. Поднесена е кривична пријава против Д.М. (26) за кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и овозможување употреба наркотична дрога. Викендов полициски службеници извршиле претрес во домот и во помошните простории на пријавениот, каде што се пронајдени 18,6 грама наркотична дрога марихуана и дигитална вага. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На момчето не му било првпат да биде апсен за ова дело.

СТРАНЦИ КРАДАТ ВО МАРКЕТИ

Во Куманово не оперираат само локални криминалци. Викендов биле фатени и две Бугарки што краделе во маркети. Кривични пријави и протерување добиле Е.И. (46) и М.И. (49), двете од Република Бугарија, поради основано сомнение дека сториле џебна кражба. Викендов во „Кам маркет“, лоциран на зелениот пазар во Куманово, второпријавената почнала разговор со оштетената Н.П. (58) од Куманово, прашувајќи ја за одредени артикли, додека првопријавената во тој момент ја пикнала раката во чантата на оштетената и го украла паричникот. Но во моментот биле фатени од обезбедувањето и полицијата, по што Бугарките биле протерани од Македонија, со забрана за влез во траење од три години.

Според извештајот на полицијата за второто тримесечје се евидентирани 641 кривично дело, од кои во 532 случаи се работело за тешки кражби. Граѓаните на Куманово сметаат дека полицијата мора да го заштити нивниот имот и да го намали негативниот тренд, бидејќи во истиот период во минатата година се сторени 450 кривични дела. Особено е алармантна состојбата во руралните населби, селата каде што, според кажувањето на жителите, работното време на полицијата е до 16 часот. Командирот на полициската станица во Куманово го објаснува работното време на полицијата во селата како одлука што е донесена од МВР и која е дел од работните задачи и мора да се почитува. Сепак од полицијата сметаат дека сега за сега професионално си ја извршуваат работата и дека се задоволни со процентот на реализација, кој стигнува до од шеесет проценти.


Автор: Трајан Димитриевски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22764
Без Ботев няма България
26-12-2012, 09:27 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 26-12-2012, 09:27 AM