Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија спаси најмногу Евреи, не заслужува филм против неа


Додека сѐ уште е нејасно како ќе се одвива соработката меѓу Македонија и Бугарија, што сега е и услов за европската интеграција на земјава, владите на источниот и на јужниот сосед веќе ја одржаа во Атина втората средба на високо ниво, на која потпишаа и низа договори




Атина и Софија на иста линија за Македонија: Самарас и Борисов

БОРИСОВ ВО АТИНА

Една од темите за кои разговараа бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот домаќин, грчкиот премиер Андонис Самарас, очекувано беше и Македонија.

- Јасни и категорични сме. Точката за добрососедство е многу важна. Во нашата надворешна политика ние бевме категорични и мојата лична позиција е таква, дека колку побрзо државите од Западен Балкан ќе влезат во НАТО и во ЕУ толку ќе биде подoбро за мирот и просперитетот на целиот Балкан. Меѓу Бугарија и Хрватска и Словенија е Србија, која не е во ЕУ, но не е природно да е така. Косово е како црна дупка на Балканот, но не е природно да е така. Колку побрзо ќе ги надминеме тие процеси, толку ќе биде подобро. Затоа, кога требаше да се одлучува за безвизното патување мислам дека Бугарија и Грција беа од тие што најмногу ги поддржуваме, и Црна Гора и сите. Но толерантноста, добрососедството и пријателството имаат свои граници - рече Борисов.

На заедничката прес-конференција Самарас, пак, исто така го нагласи принципот за добрососедство како услов за европска интеграција.

- Ја потврдивме европската перспектива на Западен Балкан, но со почитување на принципот за добрососедство - рече Самарас.

Бугарскиот премиер не ја пропушти можноста повторно да искаже револт поради македонскиот филм „Трето полувреме“.

- Бугарија е државата што спасила најмногу Евреи за време на Втората светска војна. Педесет илјади лица се спасени од бугарскиот народ, кога не му дозволил на Хитлер да ги убие. Ако сме можеле, ќе сме ги спасиле сите Евреи на светот. Но сме можеле и сме ги спасиле тие 50.000. Другите држави и тоа не го направиле, многу помалку, една-две држави спасиле по 300-400 лица. И Бугарија да заслужи да се прави филм против неа? Заради пријателството, заради љубовта, заради својата отвореност... Тоа е исто како да обвиниш некој дека во Африка има жедни и гладни луѓе. Зошто не ги спасат? Има толку богати држави - рече Борисов.

Бугарскиот премиер, очигледно лут за историските теми, во Атина тврдеше дека тие добиле поддршка за нивната верзија и од израелските власти.

- За Бугарија, за бугарскиот народ, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, излезе и кажа пред сите и го цитираше писмото на тогашниот германски амбасадор до администрацијата во Германија, во кое пишува дека бугарскиот народ не може да разбере колку е важно да се иселат Евреите и не дозволува тоа да се направи - вели Борисов.

Викендов бугарскиот шеф на дипломатијата Николај Младенов во интервју за бугарската агенција Стандард тврдеше дека никоја не сакал да ѝ ја одземе историјата на земјава.

- Се надевам дека политичките лидери во Македонија ќе преиспитаат каква им е политиката што ги донесе во ваква состојба и ќе направи корекции. Никој не сака да ги одземе независноста, суверенитетот и историјата на Македонија. Напротив, сакаме заедно со нив и со сите наши соседи да живееме во нормални односи во ЕУ - вели Младенов.

Инаку, Борисов во Атина допатува со придружба од десетина министри. Покрај меморандумот за разбирање меѓу двете министерства за надворешни работи, беа потпишани и договори за соработка во областа на образованието, културата, туризмот, земјоделството и спортот.


Автор: Фросина Димеска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22758
Без Ботев няма България
19-12-2012, 11:50 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 19-12-2012, 11:50 AM