Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Иванов и силни в едно изречено - се едно да кажеш индианец и компютър

ИВАНОВ ИСПРАТИ СИЛНИ ПОРАKИ ДО атина и до СофиЈа

Минатото не треба да ни ја краде иднината


Дијалогот е незаменлив за добрососедските односи кои, сепак, се двонасочна улица, порача претседателот Ѓорге Иванов на вчерашното годишно обраќање во Собранието.

- Ние мора да си помагаме, а не да си попречуваме. Блокадите и попречувањата се на штета и на тие што блокираат, а најголема жртва е целиот наш регион. Целосно сме отворени кон сите наши соседи. И понатаму ќе настојуваме да ги развиваме добрососедските односи - рече Иванов.

За него се неприфатливи обвинувањата од кого било за наводен иредентизам и национализам кој доаѓа од Македонија. Со зборовите „животот е краток, а соседот вечен“, Иванов порача да не се создава лажна претстава за состојбата со добрососедските односи.

- Реалната слика е дека македонското општество нема никаков проблем со ниедно соседно општество. Низ каква искривена призма треба да гледаме за во оваа реална соработка да видиме отсуство или недостиг на добрососедски односи? Земјите од нашиот регион едноставно не можат да си дозволат минатото да продолжи да им ги краде сегашноста и иднината - рече тој.

Според Иванов, нашите врски со соседството се длабоки, роднински, пријателски, деловни, спортски, културни и духовни и, како што рече: „Никаков излет на поединец желен за власт по секоја цена не може тоа да го промени иако има апсурдни или навредливи изјави на малкумина ’дежурни‘ политичари од соседството“.

Пораките за добрососедството на Иванов уследија по само еден ден од пораките што стигнаа од Атина од премиерите на Грција и на Бугарија, Андонис Самарас и Бојко Борисов, кои со своите кабинети одржаа заедничка седница.

За грчките медиуми оваа седница и генерално грчко-бугарските односи се пример за соработка кој треба да го следат сите земји од Балканот и пошироко. За медиумите најинтересна беше пораката што двајцата премиери вчера ~ ја испратија на Македонија - дека почитувањето на добрососедските односи е клучно за членство во ЕУ.

„Та Неа“, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека меѓу Грција и Бугарија постои „заемно разбирање“ за прашањето за името, но додава дека Софија е загрижена од порастот на национализмот од страна на Македонија „кој се манифестира и со неодамнешните најави дека на скопско-бугарската граница ќе се постави јарбол со македонско знаме висок 60 метри“. Според „Етнос“, двете земји испратиле заедничка порака до Скопје за почитување на добрососедските односи и оти Атина и Софија се одлучни да го спречат развојот на национализмот и порастот на иредентизам во регионот. А телевизијата „Мега“ во својот извештај јави дека Борисов не ја криел својата лутина за „скопскиот филм во кој Бугарите се обвинуваат дека им предале Евреи на нацистите“.

Електронското издание на „Прото тема“, пак, јавува за средбата на министрите за култура на двете земји, Kостас Цаварас и Вежди Рашидов, кои заклучиле дека Македонија не е добро дете. Тие разговарале за прогласувањето на 2013 за година на Kирил и Методиј, при што Рашидов на Цаварас му го изразил своето незадоволство од Македонија.

- Ние ја почитуваме автономијата на другата земја, но ако Македонија не стане добро дете, нема да ја поддржиме. Денес тие викаат дека Kирил и Методиј се нивни, утре можат да кажат нешто друго, ја пренесува весникот изјавата на бугарскиот министер.

Цаварас му честитал на Рашидов „за неговиот јасен став за прашањето, истакнувајќи дека заштитата на културното наследство не е ништо друго освен обид да се зачува историјата без фалсификати и измами поради националистичка и популистичка себичност“.

- Никој нема право да ја извртува историјата без последици - рекол Цаварас и додал дека „секој за себе може да тврди што сака, но историската вистина е конечниот суд за тоа кој е некој, од каде доаѓа и што претставува“.



Kако Брисел ќе го оценува добрососедството?

Европската комисија не сака да каже врз основа на што и која алатка ќе ја употреби во пролетниот извештај во оценувањето на остварувањето на Република Македонија во однос на добрососедските односи и постигнувањето решение за прашањето за името.

Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, вчера на редовен брифинг потврди дека Kомисијата ќе оценува според заклучоците, но не кажа како, јавува МИА.

- Јазикот употребен во заклучокот на Советот е јасен, има јасни процедури и распоред, па нема што ново да кажуваме и додаваме ние од Kомисијата. Ние ќе постапиме како што е наведено во заклучокот - одговори Стано.
#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CC4B386D59...7A0F6F6BD8
Без Ботев няма България
19-12-2012, 08:10 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 19-12-2012, 08:10 AM