Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција и Бугарија го зацементираа сојузништвото

И двајцата премиери зборуваа за Македонија без да ја споменат со име

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Премиерите Андонис Самарас и Бојко Борисов со остар тон испратија порака од Атина, ако нема подобрување во добрососедските односи, Македонија ќе остане да чека пред вратата на Европската унија. Како и во Брисел, Грција и Бугарија беа категорични дека двете држави ја поддржуваат европската иднина на Западниот Балкан, но кандидатите-држави мора да се однесуваат европски и да ги почитуваат принципите на Унијата. Грчкиот и бугарскиот премиер на заедничката прес-конференција, по вториот заеднички состанок на високо ниво за соработка меѓу Грција и Бугарија, индиректно зборуваа за Македонија, избегнувајќи конкретно да и' се обратат на нашата држава. Бугарскиот премиер со остар тон потенцираше дека секое пријателство и толеранција има граници, а индиректно зборувајќи за филмот „Трето полувреме“ објаснуваше колку Евреи има спасено Бугарија за време на Втората светска војна.

На новинарско прашање дали на заедничкиот состанок премиерите разговарале за европската перспектива за Македонија, Самарас истакна дека се разговарало за европската перспектива на целиот Балкан. Изрази особено задоволство што во Брисел и Димитрис Аврамопулос и Николај Младенов имале идентични ставови околу тоа прашање. Бугарија и Грција се согласуваат целосно со текстот, кој како што потенцираше Самарас бил едногласно донесен на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Грчкиот премиер нагласи дека со овој текст ЕУ прв пат официјално потенцира дека предуслов за членство е почитувањето на добрососедските односи. „Ќе се следи напредокот во ова поле, нешто што значи дека некои држави може да напредуваат кон ЕУ, а некои ќе задоцнат доколку не се однесуваат соодветно. Во еден период на криза и тешкотии во целиот свет вештачките заострувања не помагаат. Иредентизмот не води никаде“, истакна Самарас. Индиректно обраќајќи и' се на македонската Влада посочи дека секоја држава која навистина сака да се интегрира во ЕУ, како место на компромиси и дијалог, не може да успее во тоа со политиката на иредентизам.

„Задоволен сум што Бугарија и Грција се согласуваат со европските процени и критериуми. Тоа се принципи на кои може да се заснова една модерна демократија, како што се Бугарија и Грција“, истакна грчкиот премиер. Неговиот бугарски колега исто така одлучи да не ни се обрати директно, а како и Самарас се задржа на потребата за почитување на добрососедските односи. Борисов демонстрираше вознемиреност најмногу поради филмот „Трето полувреме“. Посочи дека Бугарија е една од државите која најсилно ја поддржува европската перспектива на Балканот, а тоа го покажала и преку поддршката за либерализација на визниот режим.

„Меѓутоа толеранцијата, добрососедството и пријателството имаат свои граници. Бугарија има спасено најмногу Евреи за време на фашистичкиот режим, над 50.000. Ако можевме, ќе ги спасевме сите Евреи, но успеавме само 50.000. Други држави ни толку не направиле, има две-три држави што спасиле само 300-400 луѓе. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против неа?!“, потенцираше Борисов, додавајќи дека и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху читал писмо од германски амбасадор во кое се потенцира дека Бугарија не дозволувала иселување на Евреите за време на фашистичкиот режим. Нагласи дека токму поради тоа Бугарија останува јасна и категорична за важноста на добрите соседски односи.

Двајцата премиери нагласија дека членството на државите од Балканот во ЕУ е неопходно за регионалниот мир, стабилност и просперитет. Тие се надеваат дека, како што Бугарија и Грција ги запазувале добрососедските односи и ги решавале своите проблеми преку дијалог, дека така ќе се однесуваат и сите држави од регионот кои сакаат да станат дел од Унијата.

Во Атина двете држави вчера потпишаа шест документи и меморандуми за соработка во областа на дипломатијата, туризмот, земјоделството, културата и образованието и технологијата. Грчкиот премиер Самарас најави дека во февруари планира официјална посета на Софија. Борисов, освен со Самарас, се состана и со грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој ги спореди грчко-бугарските врски со врските на Германија и Франција, споменувајќи дека се надминати тешкотиите и проблемите од минатото. Беше оценето дека средбата поминала во добра клима, а и од грчката и од бугарската страна беше потенцирано дека грчко-бугарските стратешки односи значително се продлабочиле со оваа средба. Самарас потенцираше дека стратешката врска на Бугарија и Грција може да помогне да се зголеми нивното влијание и безбедност во рамки на целиот регион.

Грчкиот шеф на дипломатијата, Димитрис Аврамопулос, во интервју за бугарската информативна агенција нагласи дека иако чувствителните прашања за Грција и Бугарија околу политиката на македонската Влада се разликуваат, сепак постои голема заедничка загриженост за напливот на националистичките феномени и популистичката реторика, како и за негувањето клима на нетолеранција од македонска страна. Аврамопулос побара од нашата држава во пракса да покаже дека ги почитува добрососедските односи.

Борисов првпат во Атина

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на аеродромот „Венизелос“ беше пречекан од грчкиот премиер Андонис Самарас, со кого ова му е прва средба, а наедно и негова прва посета воопшто на Атина. Затоа пак, средбата во Атина не беше прва за двајцата министри за надворешни работи Николај Младенов и Димитрис Аврамопулос. На 4 и 5 јули годинава Младенов беше со делегацијата на претседателот Росен Плевнелиев во посета на Грција, а на 29 септември на ГС на ОН во Њујорк двајцата повторно имаа средба. Најголем одек, сепак, имаше трипартитниот состанок во Софија на 13 декември меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија, Романија и Грција, кога договорија заеднички став за евроинтеграцијата на Македонија, што се претвори во вето пред една недела.

На 27 јули 2010 година Софија беше домаќин на првата заедничка владина седница меѓу владите на Бугарија и Грција. Премиер на Грција тогаш беше Јоргос Папандреу, а големата делегација од министри, со која Папандреу пристигна во Софија, им даде повод на грчките весници тогаш да се запрашаат што ги доведе во Бугарија во време кога меѓународните кредитори и финансиски институции инсистираа за преговори за иднината на обврските на Атина. Тогаш Грција и Бугарија потпишаа серија договори за соработка во различни области, но Софија остана резервирана кон нафтоводот „Бургас-Александрополис“, а подоцна се откажа и од проектот „Белене“, кој исто така беше предмет на разговори.

Грција е на второто место по Романија по бројот на туристи во Бугарија, а помеѓу 150.000 и 200.000 бугарски државјани живеат и работат во оваа земја. Исто така, Грција е на трето место според регистрирани фирми во Бугарија, по Турција и Русија, со над илјада и петстотини. (Н.Р.)

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...AA7D785EE6
Без Ботев няма България
18-12-2012, 07:38 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 18-12-2012, 07:38 AM