Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кој има корист од бугарската позиција за Македонија?!

Одлуката на Бугарија да се спротивстави на определувањето датум за почеток на преговорите за присоединување на Македонија кон ЕУ се покажа како добредојдена за антибугарските кругови покрај Вардар. Тие и досега го користеа секој подобен случај за националистичка пропаганда, а сега веќе имаат и исклучително силен аргумент во поддршка на нивната теза - Бугарија објави на највисоко ниво дека не го поддржува предлогот нејзиниот сосед да направи важен чекор кон членството во Унијата. Тоа нема да биде лесно заборавено и ќе биде истакнувано исто толку често колку и фактот дека Бугарија беше првата држава која ја призна независноста на Македонија.

Надежите дека категоричната позиција на Бугарија ќе ги натера противниците на добрососедските односи да го преразгледаат своето поведение се чини понереално со оглед дека според низа аналитичари целта на раководството во Скопје не беше да добијат датум за членство, туку тоа да го направат на начин што недостигот од напредок да биде објаснет со „злите соседи“ - Бугарија и Грција.

Можеа ли и покрај провокациите властите во Софија да го поткрепат членството на соседната и братска држава, и дури да лобираат за неа, така како што Полска лобираше за балтичките републики, Грција за Кипар, или Романија за Молдавија? Одговорот на ова прашање е повеќе негативен. Во спротивно, раководството ризикуваше да стане објект на напади од националистите кои повеќе пати бараа оставка на министерот за надворешни работи поради, според нив, благонаклониот однос кон соседните земји како Македонија, Србија и Турција.

Во желбата да го одвлечат вниманието од внатрешните проблеми и да го насочат кон односите со соседите национал-популистите од Македонија наоѓаат и верен сојузник во Бугарија, колку и тоа парадоксално да звучи.Тој сојузник се т.н. „дежурни македонисти“ - неколку јавни личности кои си изборија углед на експерти за Македонија, а кон кои повеќето медиуми секогаш се обраќаат за да ги коментираат односите меѓу двете држави. Интересно е што освен интересот кон Македонија, сите нив ги поврзува и пристрасност кон поранешната Државна безбедност.

Замислете си кој го формира јавното мислење за односите во однос на Македонија и ќе видите дека тоа е еден многу ограничен круг. Не сум приврзаник на конспиративните теории, но нема како да не забележам дека со години за компетентни за оваа тема се сметаат единствено луѓе како агент Кардам, Тервел, Телериг, агент Иван или агент Завадски. Тие продолжуваат да се во фокусот на општественото внимание единствено заради тензиите помеѓу Бугарија и Македонија и очигледно имаат интерес на секој начин да го поддржат.

Меѓу нив би можел да биде откриен и агентот кој носи имиња на средновековни бугарски владетели, беше министер во актуелната влада и е директор на најголемиот музеј во Бугарија. Тој човек, често нарекуван професор без да има право на таа титула има секоја недела или дури и секојдневно изјави во јавноста, а кои во никој случај не помагаат за подобрување на односите меѓу двете земји. Тажно е, но факт е дека најгласниот аргумент кој Бугарија успева да го спротивстави на историчарите - лажговци, од Скопје се тврдењата на еден псевдо професор.

Најлошото е што, како што раководството во Скопје успеа голем дел од јавното мнение во земјата да го убеди против Бугарите, така и тие кругови во Софија ги натераа мнозинството од граѓаните од Бугарија да се однесуваат со потсмев ако не и со непријателство кон македонскиот народ.

Тоа го покажува и последното објавено национално истражување на јавното мислење, според кое 44 проценти од Бугарите сметаат дека земјата не треба да ја поддржи кандидатурата на Македонија за ЕУ, освен доколку Скопје ја прекине антибугарската пропаганда. Од испитаниците 18 проценти се на мислење дека Бугарија воопшто не треба да ја поддржи кандидатурата на Македонија за ЕУ, а едвај осум проценти се за безусловна поддршка.

Јасно е дека во вакви услови бугарските власти не можеа да изразат поддршка за евроинтеграцијата на Македонија бидејќи би ризикувале да го навлечат гневот на избирачите, засилен од круговите кои имаат интерес од поддржувањето на тензиите. Лошо е што јасно изразената позиција на Бугарија предизвика нов бран од антибугарска реторика во Скопје и одново налеа вода во воденицата на оние кои сакаат спорот да трае што подолго.

Од лошите меѓудржавни односи, сепак најмногу страдаат луѓето со оглед дека бесмислените недоразбирања водат до застој во економските односи, како и во развојот на важни заеднички проекти, како тој за железничка линија која треба да ги поврзе Софија и Скопје. Затоа, ако сакаат реален напредок Бугарија и Македонија треба да ги насочат напорите кон заеднички проекти. Проекти кои би овозможиле на луѓето од двете страни на Беласица „да се радуваат на својот труд“ и дај Боже, некој ден одново „да се сакаат како браќа“, ако си дозволиме да го парафразираме Никола Вапцаров чие име наместо да обединува неодамна беше вмешано во недостоен и сосема бесмислен спор. Нема да е лошо и Бугарите и Македонците пред да се опсипат со заемни обвинувања, да направат обид и да си претстават како изгледаат нивните противречности погледнати од страна. За европјаните спорот е „балкански“ во лоша конотација, како термин, кој произлезе од братоубиствените конфликти на Полуостровот.

На долгорочен и глобален план ниту една од земјите нема интерес ова да продолжи и колку порано граѓаните на двете држави си положат сметка за „темнината која им ги заслепува очите“ толку подобро. Затоа е неопходен општествен притисок спорните прашања да бидат решени до март 2013 година и тогаш Македонија да добие датум за почеток на преговорите, а Бугарија да биде искрен поддржувач на понатамошните напори на земјата на европскиот пат.

http://sitel.com.mk/koj-ima-korist-od-bu...makedonija
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:36 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-12-2012, 05:36 PM