Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија бара добрососедство, а не кажува што сака

Барањата за добрососедски односи, спроведување на реформите и решавање на спорот со името се на Европскиот Совет, Бугарија само нуди пат за нивно решавање, тврди во викенд интервју за бугарското радио Никлоај Младенов. Шефот на бугарската дипломатија тврди дека не сакаат да има отстапки за Македонија. Има критериуми и барања, а ако политичкото раководство во Македонија гледа каде оди регионот ќе знае дека најдобро за нив е да ги исполнат ови барања.

- Ако јас бев власт во Скопје, многу сериозно би се замислил што ќе правам од тука натуму во следните шест месеци. Од сега сакаме да видиме реални постапки, вели Младенов во интервјуто за БНР.

Како соамоуништувачка политика, пак експертот за ЈИЕ во центарот за стратегиски и меѓународни истражувања од Вашингтон Јануш Бугајски гледа на потегот на Бугарија за блокирање на македонската европска интеграција. Бугајски смета дека ваквата политка може да придонесе за дестабилизација на регионот, а со тоа и на самата Бугарија.

- Најлошото можно сценарио е ако албанските партии кои досега се конфронтираат за политичко влијание започнат да се натпреваруваат за федерализација на Македонија. За воспоставување на автономни алнбански териотри и поделба на државата. Ако земјата е изолирана од Европа и без шанси за членство во НАТО тоа е најлоша варијанта, вели Бугајски во интрвјуто за бугарскот радио.

Бугајски како добар познавач на случувањата во регионот вели дека не му е јасно што точно сака да постигне Бугарија. Националисти има секогаш и секаде, а ваквите потези само ќе го засилат нивното дејствување. Со ова Бугарија ги разгорува страстите вели Бугајски. Тој во интервјуто изразува надеж дека ваквиот развој на настаните нема да ја повторат сликата од 2001та и да го вратат присуството на меѓународните сили во регионот.

Иван Кузмановски

http://www.sitel.com.mk/node/50126
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:10 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-12-2012, 05:10 PM