Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарскиот оков-вратник потежок од грчкиот

Сакам да го прегризам јазикот! Само што поминаа две недели од колумната во која го изразив стравот дека покрај грчкото, ни се заканува бугарското вето. Искрено, не верував дека навистина тоа би се случило, со оглед дека тие причини за попречување на Македонија биле постојани, но досега источниот сосед се однесувал принципиелно, и спорењата биле на ниво на дебати и повремени индивидуални истапи. Но, извештајот кој минатата недела ни дојде од Самитот на ЕУ, покрај вообичаените нотирања за реформите, главни пречки што се поставени, се повеќе од сериозни.

Kако што обично се случува, извештајот за динамиката на нашите реформи може да се гледа како што оптимистот и песимистот ја гледаат чашата со вода до половина. Дали таа е полупразна или е полунаполнета! Според ставот на министерката за евроинтеграции, таа чаша е полунаполнета, со оглед на поставените конкретни задачи до следниот самит, но со тоа не се согласуваат песимистите. Јас тука, во средина, ќе се обидам да дадам свое видување како реалист, а тоа значи, мене ми изгледа како полупразна чаша.

И врапците знаат дека главна пречка за Македонија во процесот на интеграции не се (не)спроведените реформи. Тука не може да се обвини ниту ресорниот министер, кој и онака има посредничка улога, а не дека тој може да биде за сите реформи одговорен, но најмалку за оние причини за која на Македонија не и се даде датум ниту на последниот самит. Бидејќи, името остана главната причина, а се останато е само изговор. Не дека сме совршени во реформскиот процес, далеку од тоа, но знаеме од каде дува ветерот.

Но сега, ветерот дува од две страни, и од југ и од исток, а тоа може да предизвика повеќе политичка бура. Бидејќи, за прв пат во извештајот се вмешани и прстите на официјална Бугарија, со она што значи спорно во добрососедските односи.

Но, и во тој песимистичко-оптимистички дискурс, мене ме зачудија некои коментари на аналитичари дека сега ќе ни биде полесно, дека знаеме што конкретно се бара (досега не знаевме, нели!). Чудењето се однесува за коментарите дека бугарските пречки не се така сериозни како грчките. А јас мислам сосема спротивно.

Грција, која гради непринципиелни позиции кон Македонија, која не заслужува членство поради своите внатрешни политики кон негрчкото население, која Хашкиот суд ја стави на клупата на срамот што ја крши привремената спогодба, ништо не и фали, и да беше сега претендент за ЕУ, никогаш немаше да ги исполни условите за влез во ЕУ или НАТО, поради ниските стандарди на човековите права. Но, ајде, што е тука е, нема што да се прави, се знаат нејзините непринципиелни уцени. Но, ако гледаме реално, сепак спорот со овој сосед е полесно надминлив. Грција освен што го оспорува името, тука е идентитетот, но ќе се сложиме дека тука се направени и некои статрешки утки за да им се зајакнат меѓународните позиции. Бајати се веќе аргументите, но секако дека секаков идентитет до античките Македонци во светот не се сфаќа како сериозна работа и тука е нашиот проблем. Kога би се дало јасен сигнал од Скопје кон светот дека Македонија не го брани таквиот идентитет, можеби полесно би се дошло до решение.

Но, кои се бугарските причини кои се внесени во Извештајот? ЕУ ни бара да ги регулираме односите со соседите, при што секако се мисли за односите со Бугарија. Kако што искрено и дрско еден бивш бугарски министер се изјасни пред две недели, практично спорно со Македонија е се живо: Kрсте Мисирков, духовниот татко на македонскиот идентитет, сите дејци и настани. Иако во меѓувреме беа разменети и официјални пораки за регулирање на тие односи, при што Македонија изрази таква спремност, тоа не ја спречи Бугарија да го постави како услов за следниот период, и тоа е повеќе од јасно дека тешко некоја влада може да ги исполни. Спорниот идентитет за Грција не е толку проблематичен, колку што е оној за Бугарија, бидејќи тука е суштината на проблемот. Ако една држава ти го спори минатото, притоа вели дека се што е македонско минато е бугарско, тогаш навистина се поставува прашање каде ќе се најдат двете страни во спорот за да направат некаков компромис.

За мене, вистинскиот чекор кон надминување на разликите, би го направила самата официјална Софија. Таа треба недвосмислено и јасно да каже дека ја признава македонската нација како реалност, а потоа може да се расправа дали некои личности и настани се на ист начин битни за двата народа. Објективно гледано, сите словенски народи на Балканот имаат исти далечни корени и дека сите се издифиренцирале во одредени социополитчки и историски околности, затоа не е ништо страшно да постојат такви причини и во македонско-бугарските односи. Само треба вистинска волја и добра намера, што по последниот самит на ЕУ не изгледа така.

Затоа мислам дека допрва со Бугарија ќе се кршат копја и тој спор може да биде многу поболен од оној со Грција.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=030A762956...E94305C789
Без Ботев няма България
17-12-2012, 05:08 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-12-2012, 05:08 PM