Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугајски: Бугарија го дестабилизира Балканот попречувајќи ја Македонија кон ЕУ

Одлуката на Бугарија да стави вето за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ е контрапродуктивно не само за Македонија, туку и за целиот регион, оценува американскиот експерт за Балканот Јануш Бугајски коментирајќи ја позицијата на Бугарија.

- Тоа е самоуништувачка политика која може да придонесе за дестабилизација на регионот. Ако Македонија биде блокирана на неопределено време како и со членството во НАТО така и во ЕУ, ќе уследи внатрешна нестабилност во земјата. Особено меѓу албанското малцинство има силно незадоволство поради недостиг од напредок кон евроинтеграциите, изјави Бугајски за Бугарското национално радио.

Според него, „доколку земјите од ЕУ како Бугарија продолжат да ја блокираат Македонија се оцртува многу напредвидлива иднина“.

- Можно е македонската Влада да не заздрави. Можни се протести од албанското население. Ете зошто, според мене, тоа решение е контрапродуктивно не само за самата Македонија, туку и за целиот регион, оценува Бугајски кој е експерт за ЈИЕ во Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања во Вашингтон.

Во однос на мотивите на Софија поврзани со историјата на двете земји и обидите на Македонија, како што се наведува, да ја присвои бугарската историја, Бугајски вели „дека не е многу сигурен што точно бараат Бугарите зашто секогаш ќе постојат националисти во Македонија кои ќе претендираат за делови од бугарската историја“.

- Мислам дека бугарската позиција по тоа прашање само ќе ги распали уште повеќе негативните страсти на националистите кои ќе бидат употребени од македонската Влада, заклучува Јануш Бугајски.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...63101405B5[/align]



Без Ботев няма България
17-12-2012, 04:58 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-12-2012, 04:58 PM