Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грците били барем чесни , во бугарите и проблемот оти били перфидни

Ода на национализмот

Ако ваквата Унија не е предмет на скепса, тогаш не знам која? А ако сега не прашаме за цената на чинење на оваа идентитетско-инженерска европеизација - кога? Не можам да живеам на рати, на шест месеца, на инфузија од Брисел и со топол-ладен колач. Не е здраво за менталното здравје ниту оди на добро



Знаете што? Преку глава ми е од самосожалување, а уште повеќе од национален мазохизам. Сега повод е последната шлаканица од Брисел. Четири години по ред добиваме позитивен извештај (па ние уште и го градираме - успешен, поуспешен, најуспешен) со препорака за преговори, ама во декември се случува очекуваното. За Советот на ЕУ објективните показатели не вредат ни пет пари, затоа што поважни им се политичките процени. Секои шест месеци низ некаква неверојатна вербална акробација, т.е. орвелијански новоговор, соопштуваат дека ќе мораме да почекаме „уште малку“. Очигледно, за Брисел е поважна „реформата“ на македонскиот национален идентитет отколку Копенхагенските критериуми. Тоа е круцијалниот услов за почеток на преговори што ќе траат најмалку десет години, за влез во Унија што и самата не може да претпостави дали ќе опстои дотогаш. А ако опстои, сигурно нема да биде оваа, денешната. Овој пат Филе се надмина себеси: говореше за „нестатичка реторика“ и за „нестатички солуции“. Се обложувам дека ни самиот тој не знаеше што значи тоа, ама фразите послужија како смоквин лист за да се скрие непринципиелниот однос спрема Македонија. А ние, онака христијански, отрпнавме од редовните шлаканици од браќата (по религија) Грци, а сега на свртениот друг образ - шлаканица ни врза и Бугарија. Да се разбереме, мојов текст никако не е одбрана на нашиот често патетичен ама, во основа, дефанзивен национализам. Напротив, кога принципиелно покажувам со прст на популистите и националистите од својот двор, најмалку што можам да очекувам е ист однос кон национализмот во другите европски дворови. Чекам, попусто, слична реакција од прогресивните европски интелектуалци. Не вреди јас од Македонија да зборувам за она што се случува во Грција и во Бугарија, па и во ЕУ, кога е тоа домашна задача на тамошното општество. Перверзно е што само кај нас се слуша тезата дека самите сме виновни за сѐ што ни се случува во Брисел, небаре национализмот го измислија Македонците (кои, извинете, ама се вистински аматери во оваа балканска дисциплина). Смешна е оваа теза, не затоа што не направивме големи грешки (влегувајќи во нивната замка за докажување дека сме тоа што сме, па потоа забегавме), туку затоа што некои сериозно веруваат дека со европски инженеринг е можно да конструирате општество ослободено од национализам, дури и кога му го негирате идентитетот. Македонија не егзистира во вакуум, ниту може да им одолее на посилни национализми, па дури и појава на фашизам. А има легитимно право да го брани својот идентитет. За среќа, не располагаме со критичка маса (големина и популација), за да се наметнуваме над другите. Тоа не нѐ прави подобри од другите, по дифолт, ама европскиот камшик од нас бара одрекување од самите себе и во таква ситуација нема нација што не би реагирала многу посилно од нас. Крајно време е да се каже следното: прво, бидејќи оваа ваква Македонија не е целосно производ на сопствениот политички пат, туку на меѓународен стејтбилдинг со сите придружни терапии, дел од одговорноста за тоа што сме станале лежи и кај нив. Затоа одбивам целата вина да ја земам на свои плеќи и да изигрувам Исус, кој се жртвува за туѓи гревови. Второ, Брисел нека си одлучи дали ги исполнуваме критериумите или не и нека престане да нѐ дисциплинира за нешто што нема врска со европската интеграција. Трето, факт е дека и во ЕУ цветаат услови за дискриминација, ксенофобија, шовинизам и, секако, национализам. Браќата Бугари нека го сфатат ова како меѓународна провокација и антибугарска пропаганда, ама нема разумен човек што нема да признае дека Бугарија (заедно со Романија) беше примена во клубот иако не ги исполни сите критериуми. Како што е точно дека нивните Роми ги депортираат богатите европски браќа што не сакаат сиромашни роднини... За Грција не сакам ни да зборувам, не само поради односот кон Македонија, туку поради доселениците. Старо-новата грчко-бугарска алијанса повеќе ги буди духовите на Балканските војни отколку европеизмот. Тоа е пораз на нормативната моќ на ЕУ. Старите Големи сили денес се заменети со мали европски сили (кои можат империјално да се однесуваат само кон понемоќните соседи), што беше илустрирани низ интересната недипломатска размена на австрискиот и грчкиот министер (фалеше само уште Сулејман за историската сцена да биде комплетна). ЕУ требаше да биде вредносен и морален светилник и компас за општествата што сакаа да станат подобри, а кога ќе стигнеа пред портите на клубот, се очекуваше да бидат зрели демократии. Сега ЕУ едвај дека има легитимитет и кај своите граѓани. Од нас, молителите, се бара да не гледаме зло, не слушаме зло и да не говориме за злото. Не смееме ни да проговориме за она што од ЕУ направи Титаник, за демократскиот дефицит и жртвувањето на благосостојбата заради спас на еврозоната, а и компромитацијата на успешниот проект на проширување/„европеизирање“. Само луд човек нема да ја види шизофрената ситуација: од една страна, позитивни извештаи за исполнети критериуми, а од друга страна, ем враќање на визите ем блокада од две членки што самите не признаваат малцинства и се лош пример за сите други. За какво добрососедство зборуваме кога бугарските политичари зборуваат за „браќата што останале зад границата“, а научните работници тврдат дека Македонците во Бугарија се Јети (митски суштества, што никој не ги видел, ни попишал)? За нив провокација е тоа што една малцинство бара права и добива спорови во Стразбур. Грците се барем чесни: велат, нема Македонци - и точка. Бугарите се поперфидни во својата романтична заблуденост дека на Македонците им треба само малку за да сфатат дека се (асимилирани) Бугари. Меѓуетничките македонско-албански односи оддаваат слика на разочарани љубовници: без да дадат љубов, пекаат да бидат сакани од другиот. Еве ги и браќата Бугари со истата љубовна болка. И нешто плус: бараат да ја прифатиме нивната верзија за нашата историја како своја, а истовремено да ја прифатиме нивната верзија за нивната историја (оној дел од кој се срамат и одбиваат да се соочат со него)? Не е трагично тоа што барањата на соседите се од чиста националистичка (неевропска) позиција, туку што евробалканскиот национализам е она што лежи во темелот на кој се потпираат заклучоците на Европскиот совет. Концептот на нормативната моќ на ЕУ се однесува не само на моќта да се креираат вредносни норми туку и да се шират како доминантни претстави за тоа што е добро во меѓународните односи. И што остана од тоа? Грција, која доби и судска пресуда од највисоката инстанца на ОН, како се фали со победа во стопирањето на соседот да ги имплементира реформите со позабрзан чекор!? Од што се плашат? Од европеизирана Македонија? И тоа е нормативна моќ!? Ајде ви се молам... Одговор на национализам е национализам, и тоа секогаш водело по патеки натопени со крв... Заклучоците на Брисел се опасни, и некој треба да им каже дека си играат со оган. Иако Бугарите мислат инаку, нивната земја е non issue во Македонија; едноставно ги нема на хоризонтот (можеби во тоа е нивниот проблем?). Фрустрацијата од ветото не само што нема да направи да ги засакаме туку навистина од нив ќе направи тема и ќе ни се врати како бумеранг. Притисокот за промена на името/идентитетот е тригер за внатрешен македонски и македонско-албанските конфликт за тоа кој кого го кочи на патот кон ЕУ (особено во контекст на пораките од прославата на стогодишнината од албанската државност за ЕУ како форма на национално обединување). Македонија, а и регионот, ги чека нов бран национализам, како да го немаме доволно. Евроинтеграциите се претвораат од механизам за превенција на конфликти во својата спротивност, т.е. паричка за поткусурување на балканските национализми, со соништа стари стотина години?

Доста е од фобии и филии околу ЕУ. Единствена легитимна и разумна позиција е евроскептицизмот. Ако ваквата Унија не е предмет на скепса, тогаш не знам која? А ако сега не прашаме за цената на чинење на оваа идентитетско-инженерска европеизација - кога? Не можам да живеам на рати, на шест месеца, на инфузија од Брисел и со топол-ладен колач. Не е здраво за менталното здравје ниту оди на добро. Научени да мислат еднодимензионално („проевропски“), мнозина се чувствуваат загубено: ЕУ не нѐ прима, а без ЕУ која е смислата на животот и кој ќе нѐ демократизира? Ефектите од долгогодишната индоктринација создадоа интелектуални инвалиди и пасивни граѓани (idiotes), кои себеси се сметаат за помалку вредни и неспособни ако некој не им го покажува патот. За ова сме виновни самите, затоа што легнуваме и стануваме со соништа; на ЕУ гледаме со очи ширум затворени, ја голтаме приказната како седатив за сите неволји. Дури и кога Марибор гори, и кога Грција се дави во долгови, а Италија во корупција, кога синдикатите штрајкуваат низ Шпанија... Од политичарите барам јасен неорвелијански одговор: до каде се подготвени да одат во ова понижување без јасна позиција во однос на „слонот во собата“што го игнорираме (името)? Не напролет, туку сега сакам да знам дали сме подготвени да го менуваме името, и што ако по долгото преговарање останеме без членство или без Унија?



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22757


Без Ботев няма България
17-12-2012, 03:41 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-12-2012, 03:41 PM