Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Тази злобна статия в Македония сигурно ще се интерпретира като врв на толерантността.

Победа на удбашите во Бугарија

Сѐ што Борисов и Плевнелиев треба да направат е да обезбедат од Грците можност Македонија и Бугарија заеднички да го прослават почетокот на Илинденското востание во Костурско и на самото место да го одбележат ослободувањето на двата града. Веројатно никој не би имал ништо против на таквата прослава да присуствуваат и грчкиот претседател Каролос Папуљас и грчкиот премиер Андонис Самарас, доколку овој издржи на таа позиција до наредниот август



„Сакаме Македонија да се присоедини кон ЕУ, но треба да престанат да ни ја крадат историјата и да почнат да се однесуваат како добри соседи... Непрекинато, од нас толку саканите херои, кои толку многу имаат придонесено за бугарската држава, биваат нарекувани Македонци... Македонците ни се најблизок и најпријателски народ, но нема да имаат целосна поткрепа од нас додека снимаат филмови во кои нѐ претставуваат како фашисти“.

Вака бугарскиот премиер Бојко Борисов за Дарик радио ја објасни позицијата на неговата држава во Брисел, каде што нашиот источен сосед резолутно се изјасни против одредување датум на кој Република Македонија би ги почнала преговорите со Унијата. Борисов досега важеше за врвен бугарски политичари што од овој аспект нема некакви посериозни проблеми со нашата држава, но не зборува премногу за проблемот поради тоа што не сака да трпи напади од политичката конкуренција. Иако напати се чинеше и сосема спротивното, за што доволно зборуваше фактот што во неговата влада потпретседател беше Божидар Димитров. Сепак, на крајот, изгледаше дека како ретко кога досега Бугарија има премиер што не сака да долева масло на бугарско-македонските односи.

Сега работите се изменија за цел круг. Борисов јавно ни порача да не им ја крадеме историјата, иако поимот „крадење“ не е баш најјасен. Тоа претполага дека ние сме им зеле нешто на Бугарите и тие веќе не располагаат со тоа, што е апсолутна лага. На истово место веќе сме напишале дека не ни е сеедно што, според нивната историја, сѐ што на овој простор се движело пред 1944 година било бугарско, но и дека немаме намера поради тоа да се „закрвуваме“. Како што не ни е сеедно и тоа што тие сметаат дека ни прават доволна отстапка со тоа што би ни дозволиле заедно да ги славиме празниците поврзани со луѓето што тие ги сметаат за Бугари, а ние за Македонци. На пример, костурчанецот Васил Чакаларов, предводник на Илинденското востание во костурскиот крај и предводник на епопеја што е многу пославна или барем на исто ниво со крушевската. Оти, востанието таму траело два месеци, а не десет дена, и притоа од османлиите биле ослободени два града: Клисура и Невеска.

За Грците Чакаларов е бандит, разбојник, силувач и натрапник на грчка земја. Го убиле во 1913 година, му ја исекле главата, ја ставиле на тацна и потоа ја шетале по македонските села покажувајќи ја и врескајќи: „Чакаларов е мртов!“.

Наспроти тоа, за Бугарите Чакаларов е некој дел од историјата што е спомнуван само тогаш кога ние, од оваа страна на границата, ќе кажеме збор или два. И тоа во последно време, бидејќи претходно војводата беше на црната листа и на македонската историја. Бугарите немаат фрлено во Костурско Езеро ни свенат каранфил за него, како помен, бидејќи не смеат ни да помислат на тоа. Истото тоа важи и за нас. А токму овој човек, еве, им дава шанса на Борисов и на оној негов претседател Плевнелиев да ни одржат лекција за тоа како можеме заедно да славиме некои личности од историјата. Сѐ што треба да направат е да обезбедат од Грците можност Македонија и Бугарија заеднички да го прослават почетокот на Илинденското востание во Костурско и на самото место да го одбележат ослободувањето на двата града. Веројатно никој не би имал ништо против на таквата прослава да присуствуваат и грчкиот претседател Каролос Папуљас и грчкиот премиер Андонис Самарас, доколку овој издржи на таа позиција до наредниот август. Не би била лоша идејата таму да се постави и споменик на Чакаларов, а зошто не и на Лазар Поп Трајков, уште еден од списокот на тие чија глава била пресечена од Грците и шетана на послужавник.

Тоа би бил идиличниот и романтичниот дел од приказната. Реалниот е дека ниту Борисов ниту Плевнелиев не смеат пред Самарас и Папуљас ни првата буква да ја изговорат, не пак да го споменат името на војводата. Причината е едноставна. Сите револуционери од тој крај за Грците се обична багра што газела врз вековната грчка земја. И Бугарите немаат ништо против тој грчки став, кој отворено претендира дека нивната историја за Македонија од почетокот на 20 век е најобичен фалсификат. А и нашата. Оти вистината може да биде само една: или Чакаларов бил на својата земја и се борел за нејзино ослободување, не само од турското туку и од грчкото влијание, или бил натрапник што настојувал да им ја одземе таа земја на Грците, за што потоа овие едноставно му ја пресекле главата и на крајот ја фрлиле на буниште. Така што, кога сме веќе кај крадењето историја, Бугарите, оти нели тие се понапредни и подемократски развиени од нас, а во исто време се и добри соседи со Грците, би можеле да нѐ поучат, давајќи ни го урнекот од грчките учебници чија содржина е одобрена од бугарско-грчката комисија за историја.

Оти ако не се случи тоа, ќе произлезе дека за да го покријат својот предавнички и кукавички став по ова прашање, од сите грчко-македонско-бугарски разноликости поврзани со овој човек (и со стотици други херои и настани), Бугарите се фатија само за тоа што ние истиот тој човек го сметаме за борец за слободата на Македонија. Притоа, не негирајќи дека во време на Балканските војни ја носел и униформата на бугарската армија и дека, во зависност од околностите, освен самостојност на Македонија, ќе прифател неговиот Костур да биде командуван и од Софија. Но во никој случај од Атина. Ете така ние ја крадеме бугарската историјата. Ах, да, ја крадеме и со тоа што на Чакаларов ќе му изградиме споменик, кој тие го немаат. Немајќи ништо против, среде Софија, и самите да го направат истото тоа.

Борисов го споменува и прашањето на Втората светска војна. Можеби денешните Бугари не чувствуваат дека нивните предци од пред седумдесетина години биле фашисти. И тоа е во ред. Но има еден мал проблем што тие треба да го решат. Дали во тој период беа сојузници со Адолф Хитлер или не? И што стои во грчките учебници? Дали бугарскиот влез во 1941 година во Егејска Македонија за Грците е ослободување или окупација? Ако добрососедството меѓу овие две земји е изградено така што Атина признала дека сојузникот на нацистичка Германија во тие години ја ослободил Егејска Македонија од грчко ропство, тогаш и ние ќе немаме друго чаре освен да си го ставиме прстот на челото. Ако не, ако за Грците Бугарите во 1941 година биле окупатори, не претендирајќи да го сменат ставот на бугарската историја за ослободителната мисија на бугарската армија, тогаш врвот во Софија би можел барем да голтне некоја кнедла и да премолчи. И да овозможи и разумните луѓе од Македонија да ги решат претерувањата што постојат и од оваа страна.

Сепак, се чини дека сето ова нема многу да помогне, бидејќи со блокадата од бугарска страна во Брисел станува очигледно дека таму, кај нашиот сосед, кога е во прашање Македонија, победа извојува „удбашката“ структура чија цел не е разумност, туку двата народа никогаш да не бидат блиски. Структура на која никогаш нема да ѝ недостига помош од нејзиниот македонски сојузник.

Автор: Дарко Јаневски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22757
Без Ботев няма България
17-12-2012, 02:12 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-12-2012, 02:12 PM