Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски државјанки краделе во центарот на Скопје


Две бугарски државјанки вршеле кражби во Градскиот трговски центар и се стекнале со противправна имотна корист од 20.200 денари.



На 13-ти овој месец, во период од 12,30 до 13 часот, 32-годишната К.В.Ј и десет години помладата С.Е.Г. отишле во ГТЦ, односно во бутикот “Принципе", каде извршиле три џебни кражби.

Во посочениот бутик, бугарските државјанки ја забележале С.Н. (20) од селото Крушопек – Скопје, која во бутикот разгледувала по изложените предмети, по што истите и пришле и искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во ташната која ја носела со себе и го извадиле паричникот во кој имала лична карта, студентска легитимација и 3.200 денари, со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 3.200 денари по што се упатиле во правец на блискиот “Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи го фрлиле во грмушките во паркот.

Исто така, во бутикот ја забележале и оштетената М.Б. (32) од Гевгелија, која во бутикот разгледувала по изложените предмети, по што двете, К.В.Ј. и С.Е.Г., и пришле и искористувајќи го невниманието на оштетената со протнување на рака во ташната која ја носела со себе го извадиле паричникот во кој имала лична карта, возачка дозвола, кредитни картички од банки, 50 евра и околу 5.000 денари со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 10.000 денари по што повторно се упатиле во правец на “Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи ги фрлиле во грмушките.

И во третиот случај идентично на претходните, тие влегле во бутикот каде ја забележале Л.Ј. (62) од Скопје која разгледувала по изложените предмети, по што и пришле и искористувајќи го невниманието на Јанкуловска со протнување на рака во ташната која ја носела со себе извадиле два паричника во кои имала лична карта на нејзино име, картици од банки и околу 6.000 денари со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 6.000 денари и се упатиле во правец на “Жена парк“, каде што откако ги зеле парите, паричниците ги фрлиле во грмушките во паркот.


Полицијата до надлежното основно јавно обвинителство ги предаде бугарските државјанки поради основано сомнение дека со намера за себе да прибават против правна имотна корист извршиле три џебни кражби при што се стекнале со противправна имотна корист од 20.200. денари. Во врска со тоа од страна на Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 15 дена.

http://sitel.com.mk/bugarski-drzhavjanki...-na-skopje
Без Ботев няма България
16-12-2012, 03:51 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 16-12-2012, 03:51 PM