Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија опомената од Брисел да ги почитува правата на малцинствата

Бугарија да ги почитува правата на сите малцинства, вклучувајќи ги и тие на непризнатото македонско малцинство, побара Комисијата за следење на обврските на земјите членки при Парламнетарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, со оглед, како што стои во резолуцијата, дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство и помаците. Исто така од Бугарија се бара да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.

ПССЕ смета дека Бугарија треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчинот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет.

ПССЕ исто така бара од Бугарија систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и взаемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...404E70D919
Без Ботев няма България
15-12-2012, 01:54 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-12-2012, 01:54 PM