Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СЕ: Бугарија да го признае македонското малцинство


Официјална Софија пак, наместо да ги следи препораките на ЕУ, стои на ставот дека Македонија е таа што треба да ги исполнува европските критериуми


Бугарија да ги почитува правата на сите малцинства, вклучувајќи ги и тие на непризнатото македонско малцинство, побара Комисијата за следење на обврските на земјите-членки при Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Комисијата побара целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, со оглед, како што стои во Резолуцијата, дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство и помаците. Според мислењето на Комисијата, Бугарија треба да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.

ПССЕ смета дека нашиот источен сосед треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчиниот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет. Исто така, бара систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и заемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство.
Во резолуцијата подготвена од италијанскиот парламентарец Лука Волонте и одобрена од Мониторинг комисијата на ПССЕ, пренесува МИА, се вели дека и покрај постигнатиот напредок Бугарија треба да напредува во повеќе клучни области, како независноста на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и се надева дека таа ќе продолжи да напредува на демократски начин. За резолуцијата ПССЕ ќе треба да ја изгласа на јануарската сесија во Стразбур.

Официјална Софија пак, наместо да ги следи препораките на ЕУ, стои на ставот дека Македонија е таа што треба да ги исполнува европските критериуми.
- Нашата позиција кон Македонија е одлучна. Таа е нашиот најблизок и најдобар пријател, но критериумите треба да бидат исполнети, а пред се, да се подобрат добрососедските односи. Ние само бевме реални, а бараме соседите да бидат толерантни", изјавува бугарскиот премиер Бојко Борисов во однос на прашањето за влезот на Македонија во ЕУ.

Борисов додава дека и покрај тоа што Македонија ќе ја има бугарската поддршка, Бугарија инсистира Македонија да ги исполни сите барања кои ги наложи Европската унија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=547FB5CFAFBD...7B2F47CE94
Без Ботев няма България
15-12-2012, 08:34 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-12-2012, 08:34 AM