Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

KАKВО ДОБРОСОСЕДСТВО БАРА СОФИЈА
Бугарската равенка со една непозната


Ние се соочуваме со равенка со една позната (грчка позиција) и една непозната (недефинирана бугарска позиција). Нејасно е што всушност бара источниот сосед, прашува професорката Билјана Ванковска

Прва средба на претставници на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија се одржа вчера во Kрива Паланка. Целта на средбата, како што соопшти македонското МНР, била да се разгледаат и дефинираат идните активности за унапредување на соработката и односите меѓу двете земји и е во согласност со предлогот на министерот Попоски за формирање работни групи за повеќе области. Сепак, од МНР вчера не сакаа да дадат повеќе информации за каква група и за која област од соработката се работи.

Шефот на дипломатијата Никола Попоски уште пред Европскиот совет во Брисел преку писмо до бугарскиот колега, Николај Младенов, побара работни групи од двете земји да се состанат во најкраток можен рок.

И покрај тоа што Бугарија беше во групата земји што во Брисел не поддржаа Македонија да добие датум за преговори, премиерот Бојко Борисов с` уште убедува дека тие ни се најголем пријател.

- Ние секогаш и целосно ја поддржуваме Македонија за интеграцијата во НАТО и во ЕУ. Таа ни е најблиска држава и најголем пријател, но најпрво треба да се исполнат критериумите за добрососедство. Сепак, историјата не е нешто што може да се пишува одново и нешто што може да се менува – изјавил Борисов.

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Љубомир Kјучуков, вели дека ретко кој може да биде среќен од одлуките во Брисел. Според него, во последните неколку години бил „испуштен“ позитивниот тренд во билатералните односи.

- Со создава впечаток дека билатералните односи беа запоставени и во функција на внатрешни партиски приоритети - додава тој.

За бугарскиот европарламентарец Андреј Kовачев, работните групи се убав сигнал, но треба да станат реалност.

- Нека се состанат, па дури и да се караат, ама нека дебатираат, нека аргументираат. До пролет да имаме реални потези – вели Kовачев за „Дневник“.

Универзитетската професорка Билјана Ванковска вели дека бугарските позиции во Брисел, иако навидум се големо непријатно изненадување, одамна се насетуваа.

- Тие чекаа на добар момент да испорачаат свои барања пред Македонија. Ние се соочуваме со равенка со една позната (грчка позиција) и една непозната (недефинирана бугарска позиција). Нејасно е што всушност бараат, прашува Ванковска.

Осуда за политиката на Борисов

Од источниот сосед, стигнаа и критики за политиката на официјална Софија. Поранешните претседатели Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов излегоа со став дека тоа било грешка, бидејќи со тоа бугарските политичари ги казниле македонските граѓани, а не тие што водат антибугарска кампања во земјата.

Сличен став изнесе и претседателката на движењето Бугарија на граѓаните, Меглена Kунева, која беше и европски комесар. Според неа, со политиката што ја води актуелната бугарска власт „добро е што не ја втурнала земјата во посериозен конфликт со Македонија“.

- Едно надворешнополитичко прашање е искористено за внатрешнополитички цели. Утре никој нема да рече дека владата на Борисов го спречи членството, туку оти Бугарија го спречи - објаснува Kунева.

Kовачев: Да не нe претставувате како окупатори

Европратеникот Андреј Kовачев смета дека актуелната состојба во меѓусебните односи не е влошување, туку реакција во Бугарија на многу долгото чекање од независноста на Македонија досега да видат промена на доктрината.

- Рефлексиите од минатото го трујат народот. Основата на недоразбирањата меѓу двете земји е во дискриминацијата на македонски граѓани што се чувствуваат како Бугари. Треба мали сигнали дека нешто се менува. Што е проблем, на пример, во учебниците по историја да не е толку еднострано прикажувањето на Бугарија како окупатор. Треба да се оди чекор по чекор.

Зошто заеднички да не чувствуваме празници, но на личности што се чувствувале приврзани кон нашиот регион и кон регионот Македонија. А не како што предложи претседателот Иванов. Неговиот предлог беше шлаканица за нас. Деветти мај не е проблем за добрососедството и не ги поправа нашите односи – објаснува Kовачев.

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DE7ED45B72...BE7FB60C2B

АЗ не мога да разбера как някой може да твърди , че бил изненадан от позицията България ама нейсе.
Без Ботев няма България
15-12-2012, 07:56 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-12-2012, 07:56 AM