Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија ѝ забива нож во грбот на Македонија

Македонија веројатно нема да добие датум за почнување на преговорите за членство во Европската Унија, објави Бугарската национална телевизија, наведувајќи дека Бугарија, Франција и Грција нагласиле дека таков чекор ќе биде избрзан. Австрија, Унгарија, Велика Британија и уште 11 држави, пак, биле согласни Македонија да ги почне преговорите и паралелно да го решава спорот за името




СОФИЈА ГО БЛОКИРА ДАТУМОТ ЗА ПРЕГОВОРИ НА НАШАТА ДРЖАВА

Македонија нема да добие датум за почнување на преговорите за членство во Европската Унија, како што предложи Европската комисија во својот извештај, туку до јуни 2013 година Европскиот совет повторно ќе одлучува дали да ни даде зелено светло за нов чекор во евроинтеграциите. Ова, според радиото Слободна Европа, е предлог-заклучокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ што вчера се состанаа во Брисел. Но и за ваквата разврска треба да се добие согласност од сите земји-членки на ЕУ, па станува неизвесно дали оваа варијанта ќе ја поддржат Грција и Бугарија.

„Со оглед на евентуалната одлука да се отворат преговорите за членство со поранешната југословенска република Македонија во 2013 година, што е предмет на одобрување на Европскиот совет, советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на дијалогот на високо ниво, како и добрососедски односи, кои ќе бидат презентирани на комисијата во првата половина на 2013 година. Се повикува комисијата навремено да поднесе предлог-рамка за преговори со поранешната југословенска република Македонија во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември 2006 година, кој исто така ги зема предвид добрососедските односи.“

Софија се мобилизира

И покрај тоа што Бугарија прва ја призна Македонија под уставното име во 1992 г., со што нашата држава почна да се етаблира на меѓународната сцена, официјална Софија со поддршката на Грција денес стана главната пречка за напредокот на нашата држава кон евроинтеграциите.

Додека во Брисел се пребројуваа земјите што се за и оние што се против датумот за почетокот на преговорите, а во Македонија се очекуваше исходот, во Софија се одржа средба на државно-владиниот врв со главна тема - дали да се поддржи датумот за преговори за нашата земја. Бугарија вчера буквално се мобилизираше, како во Брисел да се решава за нејзината, а не за судбината на Македонија!

Атмосферата што се креираше вчера кај нашиот источен сосед беше многу понапната отколку во Грција.
Грчките медиуми повремено известуваа за состанокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ГАК), претежно пренесувајќи ги изјавите на министрите за надворешни работи на земјите-членки, не навлегувајќи во конкретни прогнози и анализи. Но бугарската државна телевизија уште претпладнето, додека состанокот беше во тек, побрза да го јави исходот.

Македонија веројатно нема да добие датум за почнување на преговорите за членство во Европската Унија, објави БНТ, наведувајќи дека Бугарија, Франција и Грција нагласиле оти таков чекор ќе биде избрзан.

- За Бугарија е важно тоа што го зборуваме со месеци, а што со години се обидуваме да го оствариме и да видиме резултат: да се стави акцент на добрососедските односи, да се прекине антибугарската кампања и постојаното зајадување што нашето општество секојдневно треба да го трпи од страна на нашиот сосед. Тоа никако не е добро за односите меѓу двете држави и не е во духот на европските вредности. Нашата поддршка за Македонија ќе се врати кога ќе видиме исполнување на она што го постигаме како договор - рече шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов пред попладневното заседавање на ГАК.

Истовремено, додека тој во Брисел дискутираше со европските колеги, бугарскиот претседател и премиер во Софија уште еднаш ја утврдуваа позицијата за Македонија.

Бугарија ќе биде меѓу државите што нема да наведат датум за почнување преговори со југозападниот сосед, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на претседателот Росен Плевнелиев по средбата со премиерот Бојко Борисов.

„Според претседателот и премиерот, перспективата за еврочленство ќе се отклучи не преку пропаганда и маркетинг-кампањи, туку преку реални активности за зајакнување на добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија“, се наведува во соопштението во кое се додава дека Софија предложила потпишување договор што би се засновал врз декларацијата потпишана во 1999 година, да се постигне договор за заедничко чествување значајни личности и настани од заедничката историја и да запрат антибугарската кампања и искривувањето на историските факти.

Четиринаесет земји за датум за преговори

Според БНТ, Австрија, Унгарија, Велика Британија и уште 11 држави биле согласни Македонија да ги почне преговорите и паралелно да го решава спорот за името.

Токму државниот секретар во австриското МНР, Рајнхолд Лопатка, пак, стави јасно до знаење дека Македонија мора веднаш да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Тој нагласи дека Европската комисија четири пати предложи почнување на преговорите и оти Македонија ги исполнила неопходните услови.

Лопатка предупреди и дека со понатамошното одложување ЕУ ќе го загуби својот кредибилитет, а земјите од Југоисточна Европа нема да гледаат потреба за понатамошни реформи.

Австрискиот весник „Ди пресе“, пренесувајќи ја расправата на грчкиот амбасадор во ЕУ со австрискиот дипломат што деновиве ја објави и блогот на францускиот весник „Либерасион“, наведува дека Австриецот бил поддржан од 14 земји-членки, со што се потврдува истата бројка на поддржувачи на земјава како што наведе и бугарската телевизија.

Со отворена поддршка за Македонија се јави и словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец.

Словенија, како што јавија грчките медиуми, го поддржува почнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ во јуни 2013 година, а решение за името да се бара паралелно со процесот на преговори. Ерјавец истакнал и дека ваквата ситуација ја поткопува стабилноста на регионот.

Црногорско сценарио

Инаку, со одредувањето на јуни како можен датум за почнување на преговорите всушност ќе се реализира т.н. црногорско сценарио. Лани во декември Европскиот совет за отворање на преговорите во јуни ја задолжи Европската комисија да го оцени напредокот на Црна Гора во спроведувањето на реформите со посебен акцент на владеење на правото, основните права, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Откако комисијата го стори тоа, во мај го прифати извештајот за напредокот на Подгорица во спроведувањето на реформите и препорача отворање на пристапните преговори, оценувајќи дека таа земја постигнала напредок во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и го постигнала потребното ниво на усогласеност со европските стандарди.
Европската Унија со Црна Гора ги води преговорите преку нов пристап, според кој прво ќе се отворат преговори за двете најважни поглавја - правосудство и основни права и правда, слобода и сигурност. Тие две поглавја ќе бидат отворени во текот на целиот процес и ќе бидат затворени дури на крајот.

Во случајот со Македонија тоа би значело дека под условот за добрососедство ќе се стават барањата на Грција и на Бугарија, односно проблемот со името и барањата на Софија, а Европската комисија би направила дополнителен извештај за конкретните критериуми со чие исполнување ќе се активира и датумот.

Европратениците со поддршка на датумот

Покрај поддршката од 14 земји и дел европратеници, без разлика од официјалната политика на нивните земји, вчера очекуваа земјава да добие датум. Ребека Хармс, копретседателката на групата на Зелените во ЕП, како што јави Дојче веле, смета дека Грција треба да биде за отворање преговори со Македонија и дека таа има интерес од проширувањето на ЕУ кон територијата на Балканот.
Австрискиот европратеник Јоханес Свобода, кој претседава со групата на Европските социјалисти и демократи во ЕП, изразува доза на оптимизам дека е можно да се добие датум за преговори. Но, според него, и натаму останува присутен отпорот на Грција против давањето датум за почнување на преговорите. Свобода сепак се надева дека постојат извесни промени и дека е можен напредок. Тој се залага за позицијата, која најчесто можеше да се слушне изминатиов период како можно решение за деблокирање на ситуацијата – почнување на преговорите и паралелни преговори за решавање на спорот со името.
Ако Македонија не добие датум за почнување на преговорите, вели тој, тоа може да биде лошо за нејзината стабилност, но и за регионот.
Жозеп Дол, претседателот на групата на народните партии во ЕП, како што пренесува Дојче веле, се надева дека Советот конечно ќе донесе одлука за почнување на преговорите, но додава дека проширувањето не е главната тема на Советот.
Францускиот европратеник смета дека Грција и премиерот Самарас мора да направат напори за да го решат ова прашање, бидејќи оваа ситуација не може да се одржува вечно.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22753
Без Ботев няма България
12-12-2012, 07:16 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 12-12-2012, 07:16 PM