Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Гнусна статийка предназначена за малоумна аудитория

Отидени со мозокот

Значи, секој од нас што се чувствува како Македонец има должност, во согласност со бриселските сфаќања за добрососедство, за своето чувство да се консултира со Атина и со Софија. Односно, може да биде Македонец ако тоа го дозволат нашите соседи од југ и од исток. Не е јасно само како тогаш може да има Грци, кои во исто време се изјаснуваат и како Македонци, а притоа за такво нешто не нѐ прашале. Добрососедство е само кога ние искажуваме почит или треба да биде и обратно?



„Вие сте слободни да правите што сакате, а со тоа се разбира доаѓа и одговорноста за постапките ако не ги земете предвид интересот и загриженоста на вашите соседи, зашто и тие се слободни да прават што сакаат. Добрососедството подразбира во таа слобода да се искаже почит кон другиот“, рекол деновиве комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе, на некоја конференција за Западен Балкан. Тоа всушност било дел од неговиот одговор на прашањето дали ние, Македонците, имаме право на колективно и индивидуално самоопределување во согласност со сопствените национални чувства.
Односно дали во 21 век, во 2012 година, во Европа, при чукање на вратите за влез во демократската ЕУ (и НАТО), можеме слободно да се изјасниме на која националност ѝ припаѓаме.

И ете, од Филе добивме дозвола да правиме што сакаме, ама со неколку услови. Прво, да го земеме предвиди интересот на нашите соседи. Потоа, да покажеме загриженост за нивната загриженост ако се изјасниме како Македонци. И на крај, да покажеме и почит за соседите, во овој случај Грци и Бугари, оти очигледно од слободата национално да се изјасниме зависеле добрососедските односи. А тие се критериум за влез и во НАТО и во ЕУ. Со други зборови, ако нашите соседи се загрижени и не е во нивен интерес што се изјаснуваме како Македонци, со тоа не им изразуваме почит и добрососедство, па со самото тоа и немаме слобода да бидеме тоа што сакаме. Односно, слободата на нашите соседи, кои не се Македонци, туку Грци и Бугари, е поголема од нашата слобода. Поинаку кажано, ќе бидеме добри соседи на двете членки на НАТО и ЕУ тогаш кога нема по сопствена волја да се изјаснуваме така како што сакаме. И кога ќе се согласиме на тоа, Брисел ќе не потапка по рамото.

Сега е јасно и каде Евреите во Германија згрешиле пред седумдесетина години. И тие, очигледно, не ги зеле предвид интересите и загриженоста на нацистите. Оти, си велеле, едните си се Германци, другите Евреи и нема никаков судир во нивната слобода. Ама не било така.

Ние, пак, мислевме дека поради такви стравични епизоди од историјата, цивилизираниот свет измислил правила на однесување, во кои спаѓа и тоа дека е забранета нечија дискриминација врз основа на расна или национална припадност. Во недостојната за НАТО и за ЕУ, Македонија, ако некој се обиде да врши притисок врз кој било од друга националност да се изјасни поинаку, ќе заврши во затвор. Така е и во Чешка на Филе, така е и во Португалија на Баросо. Истовремено, низ Европа и светот, секојдневно разни спортски клубови добиваат драстични казни кога нивни навивачи ќе се потсмеваат на играчи од друга раса, обично со црна боја на кожата. Денес е незамисливо да постои некаков клуб, бар, здружение или што било во кое некој нема да може да влезе бидејќи има поинаква боја на кожата.

Но што ако утре „топката“ се сврти, па и луѓето што не се со бела кожа треба да ги земат предвид интересот и загриженоста на соседите, од друга држава или од другата улица, сеедно? Како црните луѓе ќе направат компромис со некоја „отидена“ со мозокот грчка или која било друга влада? Со употреба на штирак? Што ако се покаже дека Грците и Бугарите се загрижени и оценат дека не е добрососедство кога Мекејлеб игра за македонската кошаркарска репрезентација. Можат ли кабинетите на Филе или на Баросо да нѐ почестат со дел од својата мудрост, цивилизираност и демократичност и да ни одговорат на ова јавно поставено прашање?

Всушност, изгледа дека не е проблемот во националноста на тие од РМ што се сметаат за Македонци, туку во нивната заблуда според која во демократската ЕУ постојат правила според кои можете слободно да ја изразите истата таа националност. Ама не било така. Такви правила немало, што на Филе сигурно му било познато. Како инаку ќе станел еврокомесар? Но ова беше негативното гледање на целата работа. Еве, да се обидеме да бидеме конструктивни, и на истите зборови од еврокомесарот да гледаме и позитивно. Значи, да не гледаме што не можеме, туку за што сме слободни, односно што можеме. Во согласност со бриселската милост, која некако неодоливо потсетува на некогашните времиња, кога се живеело во согласност со султановата милост. Преведено на нашиот спор со Грција, зборовите на Филе би значеле дека ние ќе можеме слободно национално да се самоопределиме, ако притоа покажеме почит кон грчките и бугарските чувства. Значи, секој од нас што се чувствува како Македонец има должност, во согласност со бриселските сфаќања за добрососедство, за своето чувство да се консултира со Атина и со Софија. Односно, може да биде Македонец ако тоа го дозволат нашите соседи од југ и од исток. Не е јасно само како тогаш може да има Грци, кои во исто време се изјаснуваат и како Македонци, а притоа за такво нешто не нѐ прашале. Добрососедство е само кога ние искажуваме почит или треба да биде и обратно?

Проблемот веројатно би бил решен ако ние, Македонците, се изјасниме како Бугари. Впрочем, такви пораки постојано доаѓаат од Софија. Но тука повторно ќе се јави една дилема, која би сакале еврокомесарот да ни ја појасни. Грците велат дека не можеме да бидеме Македонци, оти такви имало во Грција. Како тогаш можеме да бидеме Бугари, кога нив веќе ги има источно од Крива Паланка? Како тоа не можеме да бидеме Македонци оти Караманлис бил Македонец, а можеме да бидеме Бугари кога и Борисов и тој на неговото место пред него беа Бугари? По ѓаволите, пак е ова некој двоен аршин на истата ЕУ или некој овде е збунет и луд во исто време?

Тука се јавува и уште еден проблем. За Грците, добрососедство е ако ние се откажеме од македонското национално чувство во сегашноста. За Бугарите, добрососедство е ако ние се откажеме од истото чувство, но во минатото. Така, Атина не оспорува нас живите, а Софија ни ги оспорува мртвите. И добиваме комплетна слика за терминот добрососедство, според критериумите за влез во ЕУ.

Преведено на наш јазик тоа значи дека спорот ќе го решиме ако овозможиме друг (на пример, Брисел) да ги моделира нашите национални чувства, а потоа кажеме дека самите сме се го направиле тоа.
Еврокомесарот вели дека ЕУ немала волшебно стапче за ова. Лаже. Не случајно Естонецот Орав добил инструкции да нѐ нарекува „славомакедонци“. Со едно движење на стапчето, за час, беше направен обид на милион и неколку стотини илјади луѓе во оваа држава да им се инсталира друга националност, да им се интервенира во чувствата. Денес национални, а којзнае веќе утре некоја будалетинка може да се обиде да ни ги моделира и другите чувства. На пример, љубовните! Оти, што ако некому во Атина или Софија му падне на памет дека не е добрососедство ако си ги сакаме своите сопруги или девојки (и обратно), а веќе задутре, како наш сосед, може да биде загрижен и што воопшто ги сакаме тие од спротивниот пол. Оти чувства се чувства. Ако Брисел решил дека тие се услов за влез во ЕУ, тогаш, полето за „културен натпревар“ меѓу народите е широко. Нели, „пан“ Филе?

Автор: Дарко Јаневски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22751
Без Ботев няма България
10-12-2012, 05:23 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 10-12-2012, 05:23 PM