Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Днес доде още съм тука да прочете този мухъл какви зверове са всички съседи на Македония - най - вече българите , с изключение разбира се на сърбите. Те са супер

Бай ви Зоран - журналистът известен сред по запознатите като подлогата на Груевски.

ЕУ и НАТО ја загубија невиноста на Балканот

Три од нашите соседи, Бугарија, Албанија и Грција, се членки на НАТО и/или на Европската Унија, сојузи што декларативно се колнат во стандардите на демократијата, човековите права, меѓуетничката толеранција и соживотот. Но наспроти тоа, функционери и политичари на овие држави негуваат јазик на меѓуетничка омраза, спонзорираат екстремистички групи и партии, додека Брисел и Вашингтон го наградуваат нивниот наци-шовинизам





Петте наши соседи, Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово, се општества и држави во кои доминантната етно-нација има митски димензии, поради славното минато или наводната историска жртва, која денес се прикажува како легитимација на нивниот историски шовинизам. Грците, Бугарите, Албанците, Србите и Косоварите (Албанци) се ексклузивни газди во својата куќа - создадоа национални држави, кои имаат горе-долу моноетнички состав, но најголемиот дел од нив својот идентитет го бранат агресивно - со воени труби и со обележување територии, со нацистички полициски инсталации во политиката, но и со директни закани од државничка или од политичка говорница.

И навистина, освен во случајот на демократска Србија по Милошевиќ и западниот диктат за демократска шминка на новата држава Косово, кај сите соседи етничкиот ексклузивитет е или озаконет со дискриминаторски устави и закони или, пак, е факт на теренот, поради многуте погроми, геноциди, преселби, тоталитарни режими, размени на население и сл.
Хеленската нација, на пример, иако е пред сѐ културен и јазичен феномен, држава на сите што зборуваат грчки и што го монополизираат културното наследство од антиката, е етнички конгломерат од Евреи, Власи, Латини, тракиски Бугари, Македонци, Албанци-Чами, Маџири, Турци, Роми, наследници на старите Хелени - а сите без исклучок денес се Грци!

Но, наспроти тоа што грчкиот идентитет е толку силно закотвен во историското паметење на Европа и на светот - Грција е, нели, колевка на современата цивилизација, очигледно кршливоста на „хомогената“ грчка нација го поспешува фашизмот на официјална Атина во многу историски околности, поради што таа врши погроми, геноциди или радикална асимилација на цели етнички групи - Турци, Македонци, Роми... А дека Грците денес не сакаат никаков соживот со други народи, кои во меѓувреме не успеале да ги протераат или да ги погрчат, доказ е токму нивното плебисцитно одбивање на Кипар да живеат во заедничка држава со Турците со кои се партнери во НАТО, но закрвени непријатели.
Бугарија, пак, која на крајот на комунизмот успеа да интернира 300.000 Турци, само поради воената моќ на Анкара не ја претопи турската етно-нација во бугарска, иако повеќе од три децении тоа го правеше, а тоа прашање, пак, го затвори со Македонците од Пирин со груби методи на асимилација, со полициска тортура и гебелсовска политичка пропаганда спонзорирана од властите. Само поради малку поголемата чувствителност на Европската Унија за судбината на Ромите, кои денес се светска грижа, во Софија денес не ги отстрелуваат разните „цигански цареви“.
Албанија, пак, признава други етно-нации единствено на хартија и само во енклавите каде што ги има малку повеќе на број (Македонците) и, се разбира, не дозволува премногу да се шират и да се унапредуваат нивните малцински и човекови права. А, охрабрени од подарокот од Запад - спонзорството и признавањето на државата Косово, Албанците на чело со својот демократски премиер Бериша, својата епопеја на наводно најголеми жртви на војните на Балканот, сто години откако основаа држава, имаат намера да ја овековечат со обединување. Притоа на своите етнички браќа во соседните држави им порачуваат дека ќе ги ослободат од јаремот. Колку и да има оправданост оваа ултранационалистичка еуфорија поради симболиката на јубилејот, со аминувањето на воените злосторства, како оние на лидерот на ОВК, Рамуш Харадинај, Запад само ја подмачкува албанската шовинистичка машина.
Дури и Србија, чиј идентитет е збришан од Косово и од Краина (Хрватска), денес е етнички горе-долу хомогена. Белград веќе нема што да изгуби, а притоа не се сведе на пашалак, како што му предвидуваа, туку доби уште една држава на просторите на бивша Југославија - виталната Република Српска!
Три од нашите соседи, Бугарија, Албанија и Грција, се членки на НАТО и/или на Европската Унија, сојузи што декларативно се колнат во стандардите на демократијата, човековите права, меѓуетничката толеранција и соживотот. Но наспроти тоа, функционери и политичари на овие држави негуваат јазик на меѓуетничка омраза, спонзорираат екстремистички групи и партии, додека Брисел и Вашингтон го наградуваат нивниот наци-шовинизам.
Теророт на грчката Златна зора во Атина, атаците на Атака врз идентитетот на другите етнички групи во Бугарија (Роми, Турци, Македонци), не се никаков автентичен десничарски феномен што е наводно последица од економската криза и кој нуди етнички одговор за економските проблеми.
Напротив, и во случајот на Златна зора и кај бугарска Атака станува збор за октроирани политички субјекти, кои се разузнавачко-полициска инсталација - пар екселанс. За сето ова има голем број написи во западните медиуми, но нема никаква сериозна реакција на ЕУ. Поранешниот новинар Волен Сидеров, лидер на Атака, која упатува чести закани и говор на омраза против етно-националните малцинства во Бугарија, вклучително и против Македонците, е човек со дебело досие на безбедносните служби од комунизмот. Тајните полиции на Софија и на Атина ги финансираат и поддржуваат овие екстремни, нацистички структури, кои на владите им служат како плашило пред европските партнери. Тие се одличен изговор зошто официјалната политика на Грција и на Бугарија не смее да биде премногу толерантна и демократска.

На пример, Златна зора одработува фантастично за грчката шовинистичка кауза и тоа по сите отворени национални прашања за Атина - Кипар, Скопје, Турција... Загрозата на грчката нација денес, освен од „циганоскопјаните“ чија држава, според грчките неонацисти, треба да ја снема, доаѓа и од емигрантите, нелегални и легални, од соседството - Албанија, или од Африка и Азија, против кои Златна зора војува на улиците на Атина, зашто државата реално не може да ги погрчи.
Самарас, значи, му вели на Берлин или на Вашингтон - погледајте, рејтингот на Златна зора расте, затоа не притискајте да попуштиме што било во врска со името, фашистите може да победат! Но, Софија и Атина многу добро знаат оти ниту Атака, ниту Златна зора не можат да ја освојат власта, зашто се вештачка полициска творба, чија специјална намена е одбрана на грчкиот, односно на бугарскиот идентитет на моноетничка нација.

ЕУ и НАТО, пак, можат колку што сакаат да бидат ексклузивни елитни воени и економски клубови на западната јудео-христијанска цивилизација, сојузи каде што солидарноста меѓу земјите-членки има предност пред меѓуетничкиот соживот и толеранцијата, организации што се оперирани од морал и каде што владеат двојни стандарди, но доколку ги остават регионалните неонацисти и самонаречените етно-национални обединители на територии да дивеат на балканското гумно, ќе го загубат својот историски кредит заработен по Втората светска војна и победата над фашизмот. Засега ја загубија само невиноста, но може да ја загубат и смислата на своето постоење.


Автор: Зоран Димитровски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22744
Без Ботев няма България
01-12-2012, 06:04 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 01-12-2012, 06:04 PM