Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Егати мършата

ЕДИТОРИЈАЛ


Ивана КОСТОВСКА

Добрососедство со реципроцитет


Никола Попоски, шефот на дипломатијата, позитивно реагираше на писмото од бугарскиот колега Николај Младенов, во кое се предлагаат три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји. Младенов побара да се потпише спогодба за добрососедски односи, да се изгради неопходната инфраструктура за засилена соработка, како и да се формира совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби.

Овие три барања се услов за бугарска поддршка за македонските евроинтеграции, испорачани во важен период, пред декемврискиот совет на Унијата. Во декември нашите два соседа од ЕУ ќе седнат на маса со папката на која однадвор со убав ракопис е напишано „добрососедство“, а внатре има многу листови хартија начкртани со услови кои ни ги испорачуваат. Во грчката папка е ставен предлог-меморандумот на министерот Димитрис Аврамопулос со име за географска одредница за севкупна употреба, како услов за да добиеме датум за преговори.

На нашите добри соседи на југ би им одговарало на масата да има уште некој што ќе инсистира да се отвори Пандорината добрососедска кутија. Најсериозен кандидат видоа во Бугарија, за која досега слушнавме дека на некои состаноци во Брисел се ставила во улога на грчки гласноговорник. Од друга страна, на добрите соседи на исток им се допадна новата улога, со оглед на тоа дека на сцена лесно може да се извадат сите Спаски, наводни тепачки и репресирани Бугари. Kога веќе на Грците им успеа да поставуваат услови, зошто тие не би го грабнале пенкалото за да ни стокмат некое свое барање за добрососедство?

Со посредништво на Брисел и на нашите земји-пријатели, македонската дипломатија се обидува да ги намали страстите на официјална Софија. Затоа, Попоски со смирен тон одговори на иницијативите што ги најави бугарскиот премиер Бојко Борисов, а ги напиша министерот Младенов. Нашата дипломатија ги прифати сугестиите од пријателите дека не ни одговара да водиме битка за докажување дека сме добри соседи на повеќе фронтови, особено во период на декемврискиот совет.

Сепак, иницијативите, поточно условите од Софија треба внимателно да се преговараат, за да не се дозволи земјава да биде во подредена позиција. Формулата е едноставна и може да се објасни со еден збор: реципроцитет.

Во европски дух, официјална Софија треба да прифати да го понуди истото што го бара. Правилото на заемност, неопходно е да биде застапено при отворање на прашањето за македонското малцинство во Бугарија, за говорот на омраза, за почитување на историјата, т.е. да важи за секоја реченица од евентуалниот договор за добрососедство. Само така Бугарија ќе ни покаже нам, но и на ЕУ, дека не ~ е целта да владее правилото на посилниот, туку да имаме добрососедски односи на рамноправна основа и со меѓусебна доверба. Бугарија и нејзините политичари се навредуваат кога ги викаме „втора Грција“. Нека ни докажат дека не се. Тие се на потег

#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=26D9C73FDE...257CE6D029
Без Ботев няма България
01-12-2012, 06:13 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 01-12-2012, 06:13 AM