Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПО АТИНА, И СОФИЈА КРОИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА


Бугарија постави три услови за поддршка на Македонија


Шефот на бугарската дипломатија смета дека во последните години билатералните односи меѓу Скопје и Софија не се на ниво соодветно за две толку блиски и заемно поврзани земји. Младенов искажува незадоволство од "антибугарските дејства и реторика во Македонија", кои, како што наведува, "имаат за цел да го нагласат тоа што ги разделува, а не што ги обединува двете земји"


Шефот на бугарската дипломатија, Николај Младенов, во писмо упатено до македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски предлага три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји, како услов Бугарија да ја поддржи македонската интеграција во ЕУ.
Првиот услов што го предлага Младенов е да се потпише спогодба за добрососедски односи и соработка, која ќе биде според највисоките европски стандарди и ќе се базира на Декларација што во 1999 година ја склучија двете земји. Вториот чекор би бил изградба на неопходна инфраструктура за засилена соработка, како и создавање заеднички работни групи за подобрување на односите во клучните области. Како трето Софија предлага формирање на совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби.
- Ако се гарантира исполнувањето на предлозите, тоа ќе ја осигура поддршката од Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, наведува Младенов во писмото.

Посочува дека Бугарија од осамостојувањето на Македонија ги поддржува нејзините напори за евроатланска интеграција, но, вели, во последните години билатералните односи не се на ниво соодветно за две толку блиски и заемно поврзани земји. Младенов искажува незадоволство од антибугарските дејства и реторика во Македонијаа, кои, како што наведува, имаат за цел да го нагласат тоа што ги разделува, а не што ги обединува двете земјии.

Вчера Демократскиот сојуз преку соопштение побара Република Македонија да гради и развива добрососедски односи со сите соседни држави: Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија. Велат дека многу енергија, време и огромни капацитети се трошат за надминување на спорот со Грција, а на штета на односите со другите соседни држави. Демократскиот сојуз предлага идеите на министерот за надворешни работи на Република Бугарија да се разгледаат најсериозно и на нив соодветно да се одговори. Од партијата предлагаат Владите на Македонија и на Бугарија да одржуваат заеднички седници за битни прашања кои се од интерес за двете држави и пошироко и да се разгледа можноста граѓаните од двете држави да можат да ја минуваат границата само со лични карти.

ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ДО МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ
Македонија треба да ја прифати понудата од Атина
Европратениците кои разговараа со министерот Никола Попоски, побарале властите во Скопје да го прифатат грчкиот предлог за името, објави белградската агенција Бетаа. Во разговорот со шефот на македонската дипломатија, европратениците истакнале дека сметаат дека Македонија треба да ја прифати понудата на Атина за спорот околу името, за побрзо да започнат преговорите за влез во Европската унија.

Исто така, европратениците истакнале дека Македонија е подготвена да започне преговори, иако помеѓу неа и Грција и Бугарија постојат сериозни несогласувања.
Од Попоски е побарано и да се изјасни што ќе сторат властите во Скопје да ги спречат лажните азиланти да доаѓаат во ЕУ. Попоски објасни дека мерките за азилантите се во тек.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6B5B576DEE7D...AADF9E7771
Без Ботев няма България
30-11-2012, 12:34 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 30-11-2012, 12:34 PM