Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 29.11.2012, 18:27
ПОЗИТИВНА РЕАKЦИЈА ЗА ПИСМОТО ОД МЛАДЕНОВ

Македонија и Бугарија ги закопуваат секирите


Позитивна реакција пристигна од шефот на дипломатијата Никола Попоски по писмото што го доби од бугарскиот колега, Николај Младенов, во кое се предлагаат три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји. Првиот услов што го предлага Младенов е да се потпише спогодба за добрососедски односи и соработка, која ќе биде според највисоките европски стандарди и ќе се базира на Декларација што во1999 година ја склучија двете земји.

Вториот чекор е изградба на неопходна инфраструктура за засилена соработка, како и создавање заеднички работни групи за подобрување на односите во клучните области, а третиот предлог од Софија е формирање совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби.

Во писмото уште се наведува дека Бугарија од осамостојувањето на Македонија ги поддржува нејзините напори за евро-атлантска интеграција, но оти во последните години билатералните односи не се на ниво соодветно за две толку блиски и заемно поврзани земји. Младенов уште искажува незадоволство од „антибугарските дејства и реторика во Македонија“, кои, како што наведува, „имаат цел да го нагласат тоа што ги разделува, а не тоа што ги обединува двете земји.

Министерот Попоски во првата реакција на писмото вели дека не гледа ништо лошо во него.

- Не е лошо тоа што предлагаат работни групи и на владино ниво, нешто што веќе го договараме и со Србија и со Албанија, исто како што не гледам лошо во тоа што сугерираат да гарантираме дека стоиме зад сите наши декларации - вели Попоски за „Дневник“.

Тој додава дека е добро што во писмото што го добил од својот колега се пресретнуваат иницијативите што тој му го испрати на крајот од октомври, како и дека е позитивно што доминираат пораките оти Бугарите биле принципиелни и опстојувале во поддршката на Македонија.

Дипломатски извори за „Дневник“ нагласуваат дека треба да се поздрави, како што велат, позитивниот пристап и поддршката што ја дава Софија уште од осамостојувањето до денес и сметаат дека конечно е време да се интензивира соработката во интерес и на македонскиот и на бугарскиот народ.

- Треба да се поздрави иницијативата за договор за добрососедство и пријателство како цврста основа за унапредување на односите - додаваат истите извори, сугерирајќи дури и заедничка седница на владите како добар гест на добрососедство и пријателство.

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи на Бугарија, Љубомир Kјучуков, за „Дневник“ вели дека бугарско-македонските односи налагаат еден многу посериозен и продлабочен дијалог и на ниво на државните институции и меѓу народите од двете страни на границата.

- Идејата за потпишување договор за добрососедство беше предложена уште во 2008 година од бугарска страна и мислам дека ќе биде добра можност за надградување на Декларацијата од 1999 година и нова правна основа во развојот на билатералните односи. Јас лично ја иницирав идејата за договорот од 2008 година и жалам што се изгуби толку време и од двете страни. Ако денеска имавме договор, немаше да ја има оваа тензија. Важно е да се создаде можност за дијалог меѓу различни професионални и експертски групи од двете страни – изјави Kјучуков.

Според него, најважно е да има позитивна потврда да не се генерира напнатост меѓу народите зашто луѓето од двете земји се најсериозен потенцијал за многу добра соработка.

- Тоа е патот. Во ЕУ би се надминале секакви пречки и границите би биле ирелевантни, Бугарите и Македонците би се чувствувале дека живеат во една заедница и затоа мислам дека Македонија треба да го изоди својот пат, исполнувајќи ги сите критериуми на ЕУ за членство, вклучувајќи ги и добрите односи со соседите - додава тој, изјавувајќи дека не треба да се одлага почетокот на преговорите за земјава.

Жана П. Божиновска

Сe повеќе услови од други земји

Според поранешниот шеф на македонската дипломатија Денко Малески, писмото од Младенов покажува дека како држава колку повеќе доцниме на масата на НАТО и на ЕУ толку сите повеќе ни поставуваат услови. Тој вели дека заеднички именител на притисоците од Грција и од Бугарија е дека ги доживувавме како загрозување на македонскиот идентитет.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...E5E3C78D17

29-11-2012, 09:16 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 29-11-2012, 09:16 PM