Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија ги отвори картите - ни ја условува евроинтеграцијата

Бугарија постави три услови под кои би се согласила да ја поддржи нашата евроинтеграција. Шефот на бугарската дипломатија Николај Млaденов преку писмо му упатил на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски предлог за три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји, а кои би биле услов за Бугарија да го поддржи македонскиот пат кон ЕУ.

Првиот услов што го предлага Младенов е да се потпише спогодба за добрососедски односи и соработка, која ќе биде според највисоките европски стандарди и ќе се базира на Декларација што во 1999 година ја склучија двете земји.

Вториот чекор би бил изградба на неопходна инфраструктура за засилена соработка, како и создавање заеднички работни групи за подобрување на односите во клучните области.

Како трето Софија предлага формирање на совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби.

„Ако се гарантира исполнувањето на предлозите, тоа ќе ја осигура поддршката од Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ“, наведува Младенов во писмото.

Посочува дека Бугарија од осамостојувањето на Македонија ги поддржува нејзините напори за евроатланска интеграција, но оти во последните години билатералните односи не се на ниво соодветно за две толку блиски и заемно поврзани земји. Младенов искажал незадоволство од како што вели, „антибугарските дејства и реторика во Македонија“, кои, како што наведува, „имаат за цел да го нагласат тоа што ги разделува, а не што ги обединува двете земји“.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID...1FFCFEE1E4
Без Ботев няма България
29-11-2012, 04:30 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 29-11-2012, 04:30 PM