Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Добар предлог на Бојко Борисов, ако Бугарија не поставува нови барања

Други вести
Како „циганоскопјаните“ да градат добрососедство со Атина?
Македонија и Грција се упатени на меѓусебна соработка
Букурешт нема да ја блокира Македонија
Македонија трета во Источна Европа и во Централна Азија во секторот отворена влада
Во Србија го добија Ѓилас, кај нас уште го слушаат Црвенковски
Вработување чекаат 16 доктори на науки и 692 магистри
Груевски се заложува македонски доктори да се едуцираат во САД
Дете помало од шест години заразено со сида
Највести

Како „циганоскопјаните“ да градат добрососедство со Атина?
Му исекле аркада со конзерва
Добар предлог на Бојко Борисов, ако Бугарија не поставува нови барања
Вештачката Македонија и природната Грција
Тригодишната ќерка седела над хероинот
28 ноември

Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Вештачката Македонија и природната Грција
Ако Бог е насекаде околу нас и ако целиот свет е божја земја, Царството божје, тогаш Албанците и онака веќе живеат во една држава, и тоа неспоредливо многу поголема од т.н. голема или етничка Албанија ...

Сашо Клековски
28 ноември
Тоа што го сакам за мене – слободно изразување на мојот идентитет и симболи (знаме), и во Македонија, и во соседството и насекаде, го одобрувам и за другите во Македонија ...

Сашо Георгиевски
Инвеститори и нивните сенки
Хрватската приказна ќе има сценарио во филмски манир - „инвеститори и нивните сенки“. На секој потенцијален инвеститор владата ќе му додели личен проектен менаџер, кој буквално ќе се претвори во вистинска „сенка“ на странскиот ...

Печати | Прати ја страницата | Врати се назад


Поранешниот амбасадор на РМ во Бугарија, Ѓорги Спасов, вели дека нема каков било проблем текстот на спогодбата од пред 13 години да стане договор за развивање на добрососедските односи




СПОГОДБАТА ГЕОРГИЕВСКИ - КОСТОВ ДА ПРЕРАСНЕ ВО ДОГОВОР

Не е спорно да се потпише договор со Бугарија, но тоа што го бараат од официјална Софија мора да се допрецизира и во него да се вметнат и македонските барања. Инсистирањата оттаму треба внимателно да се разгледаат, посочуваат македонски дипломатски извори што се сметаат за добри познавачи на односите со источниот сосед.
Реакциите следуваат откако тамошните власти нивните релации со Македонија и евроинтеграциите на земјава, барем судејќи според изјавите, ги издигнаа во една од најважните надворешнополитички цели на Софија. Последен од високите политичари што има некаков предлог во врска со ова е првиот човек на бугарската влада Бојко Борисов, кој побара спогодбата од 1999 година да прерасне во формален договор.

Тој посочи и дека со тоа ќе се зацврстел односот меѓу двете земји и дека Бугарија без никакви предрасуди ќе застанела зад својот сосед на патот кон Европската Унија.

Поранешниот амбасадор на РМ во Бугарија, Ѓорги Спасов, вели дека нема каков било проблем текстот на спогодбата од пред 13 години да стане договор за развивање на добрососедските односи.

- Сите точки од декларацијата се заемно обврзувачки и се дел од меѓународното право. Секој случај на кршење на одредбите од оваа декларација или договор секако ќе се разгледува низ билатералните дипломатски комуникации и ќе се изнаоѓа дипломатско решение. Македонија со потпишувањето на еден таков договор само ќе добие уште посилен поддржувач и пријател на Балканот за остварување на своите аспирации за членство во НАТО и во ЕУ од земја што прва нѐ призна под уставното име и која ги отвори своите граници во време на економската блокада од Грција. Македонија врз овие основи треба да ја интензивира својата дипломатска комуникација со Бугарија и да манифестира цврсто пријателство со бугарскиот народ - вели Спасов.

Обврски само за Македонија

Но бугарските медиуми одамна пишуваат за додавки и допрецизирања на оваа спогодба. Според некои тамошни медиуми, официјална Софија уште одамна испратила договор за добрососедство, што се смета за продолжување на спогодбата, но тоа во Македонија било признаено дури во 2010 година. Тогаш во домашната јавност се дискутираше предлогот на официјална Софија, кој никогаш не беше целосно објавен. Според дипломатски извори, во него, меѓу другото, се барало и Македонија да се обврзе дека ќе се грижи за човековите и малцинските права без таква обврска да има и Бугарија, земјава да ги почитува добрососедските односи, да се основа комисија што ќе ги разгледува разликите за историјата, заеднички да се слават одредени историски настани, а источниот сосед да нѐ поддржува во евроатлантските интеграции.

Истите извори велат дека во тој период барањата на Софија биле испратени до МАНУ, Владата, Државниот архив, до неколку македонски амбасадори и други упатени институции и лица и по анализите што биле направени, одговорот бил испратен до бугарската влада, од каде што не стигнала повратна реакција. Тоа, според нашите извори, може да се должи на тогашната промена на претседателот бидејќи, како што се оценува, големо влијание во пишувањето на предлогот имал поранешниот шеф на државата Ѓорѓи Прванов. Од друга страна, се нагласува и дека немањето одговор од официјална Софија можно е да се должи и на тоа што во својот дел Македонија инсистирала на симетрија во обврските, односно сѐ што ќе важи за државава, да биде обврска и за соседот.

Според некои процени, пак, актуелниот однос на бугарските власти е пред сѐ наменет за домашна употреба бидејќи и таму, слично како и во Грција, во пораст се симпатиите за профашистичките движења како што е АТАКА.

Заканите на дело

Но иако ваквите барања на Софија постојат речиси уште од независноста на Македонија, несомнено се интензивираат во последниот период, пред декемврискиот самит на ЕУ, на кој ќе се одлучува дали земјава ќе добие датум за почнување на преговорите за влегување во Унијата. Според некои информации од дипломатски кругови за кои веќе пишуваше „Нова Македонија“, едно од сценаријата што може да се случи во Брисел е токму грчко-бугарското. Имено, двата соседа се обидуваат да ја протуркаат опцијата на Македонија да ѝ се даде датум за почеток на преговорите што би се активирал доколку земјава исполни одредени услови, како на пример, реформи во судството, во државната администрација, дополнети со условот добрососедство, за кој не е јасно што се подразбира и дали во него е вклучено конечното решение на спорот за името, инаку термин што од уста не го вадат политичарите од Софија и од Атина.

- Прво, Грција со своето уценување како членка на Европската Унија дава лош пример за другите земји-членки на Унијата. Сметам дека во Бугарија има дипломати и политичари што не се мнозинство, но кои сметаат дека треба да се следи тој лош грчки пример на зачленување преку уценување. Јас сметам дека и за Бугарија и за Македонија најмногу одговора зголемувањето на меѓусебната соработка на повеќе нивоа, која најдобро може да се оствари преку отпочнување на преговорите за зачленување во Европската Унија - вели поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

Но, очекувано, од Софија работите се гледаат низ сосема различен диоптер. Нина Ѓулѓерева, бугарска историчарка чија специјалност се меѓународните односи, вели дека дали ќе има блокада за Македонија на декемврискиот самит зависело исклучиво од Скопје.

- Тоа зависи од фактот дали до декември ќе има некакви провокации од Скопје - вели кратко Ѓулѓерева. И на прашањето што таму се толкува како провокација, таа има краток одговор.

- Моето мислење е дека најголем револт предизвикува односот поврзан со бугарската историја, градењето споменици на бугарските херои. Преку тоа Македонија се обидува да ја менува историјата. Ние се обидуваме да го штитиме бугарското историско минато на Македонија и да работиме на вашата европска иднина - вели Ѓулѓерева.

Што потпишаа Георгиевски и Костов?


Поранешните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов

Инаку, спогодбата што на 22 февруари 1999 година ја потпишаа тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, пак, не се смета за особено спорна, а како аргумент за тоа се посочува и тоа што во текот на овие тринаесет години од неа не произлегле дополнителни проблеми. Сепак, со инсистирањето таа да прерасне во договор, Софија сака да ѝ даде поголема тежина, а и ако се дојде до таков чин за нејзиното непочитување би имало и правни реперкусии. Интересни од спогодбата се неколку члена.
Во последната, единаесетта точка се наведува дека двете држави нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат дејства што имаат непријателски карактер за другата страна. Меѓу другото, пишува и дека ниту една од страните нема да дозволи нејзината територија да биде искористена од организации и групи чија цел е да вршат подривачки, сепаратистички или застрашувачки дејства по мирот и сигурноста на другата страна и оти двете држави немаат и нема да имаат територијални претензии една кон друга.
„Република Македонија изјавува дека ништо од нејзиниот устав не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статутот и правата на лица што не се граѓани на Република Македонија. Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за пресретнување на недобронамерната пропаганда од страна на институции, агенции и нема да дозволат дејности од приватни субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза или други слични дејства што би ги повредиле односите меѓу двете земји“, се наведува во последниот дел од спогодбата.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22742
Без Ботев няма България
29-11-2012, 04:29 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 29-11-2012, 04:29 PM