Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Јагмата по бугарски пасоши продолжува!

Според статистиката од бугарското Министерство за правда половина од странците кои во изминативе пет години добиле бугарско државјанство се Македонци


За македонските граѓани, бугарските пасоши и натаму се најбараната стока кај источниот сосед. Според податоците на бугарското Министерство за правда, половина од странците кои во изминативе пет години добиле бугарско државјанство се Македонци.
- Само од почетокот на 2012 година во Министерството за правда до сега се примени точно 9 368 апликации од Македонци. Во истиот период од вкупно издадените 15 015 документи, 6 366 се на Македонци, информира бугарскиот портал Днес.бг.
Ова не е никаква новина. Интересот за смена на државјанство порасна откако Бугарија стана членка на Европската унија, па голем број од младите кои својата иднина ја гледаа во богатите западноевропски земји многу лесно ги менуваа документите за идентификација.
Тоа се потврдува и со официјалните податоци, според кои во 2010 година над 10 500 лица од Македонија добиле бугарско државјанство, а пет години порано кога Бугарија се уште не беше примена во Европската унија, биле издадени само 2 425 пасоши.
- Завршив факултет и немам работа, па единствен излез ми беше да аплицирам за бугарски пасош и со него да заминам за Италија каде со мојата струка веднаш ќе се вработам, вели еден од нив.
Од неодамна, пак, стапија на сила и измените во Законот за бугарско државјанство според кои Македонците, како и сите останати што сакаат да се докопаат до "паспорт" ќе мора да полагаат испит за познавање на бугарскиот јазик. Но, дали тоа ќе ја запре оваа ненасилна асимилација се уште е рано да се каже.
Од друга страна, пак голем дел од Македонците кои имаат план да аплицираат, добиваат и уверение за бугарско потекло од Државната агенција за Бугарите во странство, што им ја олеснува постапката. Всушност, со новите измени од истиот Закон, Бугарија за прв пат воведува и двојно државјанство, така што лицата чијшто еден родител има бугарско потекло ќе можат да добиваат бугарско државјанство, без да се откажат од своето. (Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6EA2EB68...D48453E26B
Без Ботев няма България
28-11-2012, 05:32 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 28-11-2012, 05:32 PM