Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БУГАРИЈА поставува СВОИ УСЛОВИ

Борисов бара договор наместо спогодба


Бугарскиот премиер Бојко Борисов им се приклучи на претседателот Росен Плевнелиев и на министерот за надворешни работи Николај Младенов за потребата од договор за добрососедство со Македонија, по што ќе биде неспорна бугарската поддршка за македонските евроинтегративни процеси.

Според него, сите политички формации што досега биле на власт во Бугарија ја поддржувале Македонија, но очекува со само еден гест, со прераснување на Декларацијата од 1999 година во формален договор, тој однос да се зацврсти, а Бугарија без никакви предрасуди да застане зад својот сосед на патот кон ЕУ.

Дипломатски извори не исклучуваат оваа изјава на Борисов и предлогот за прераснување на Декларацијата во договор да се еден вид порака пред домашната јавност, но и пред меѓународната заедница дека сакаат да ги решат недоразбирањата со соседната земја. Според нив, актуелната Декларација е само изјава, иако согласно Виенската конвенција за меѓународни договори има иста важност како и договор.

- Декларациите имаат карактер на меѓународни договори, но не подлежат на ратификација во парламентите, па не се правно обврзувачки – објаснуваат нашите извори.

Поентата на подготовката на декларацијата во 90-тите, додаваат тие, беше да се отвори патот за потпишување договори меѓу двете земји, па и за договор за пријателство.

Македонски дипломати сепак сметаат дека договор за добрососедство не е лоша опција.

- Ако договорот е добро подготвен од страна на дипломатите и ако може да помине на ратификација во парламентите на двете земји, би било фантастично. Ние уште на самиот почеток на независноста, нудејќи рака на пријателство кон соседите, предложивме договори за пријателство со нив – вели поранешниот амбасадор Огнен Малески.

Поранешниот македонски амбасадор во Софија, Ѓорѓи Спасов, смета дека документите како што е македонско-бугарската декларација обврзуваат исто колку и договорите за добрососедство. Па според тоа, вели Спасов, нема потреба да се гледа негативно на идејата на Борисов за договор и на тоа не гледа како условување за поддршка на земјава.

- Ако постојат причини за зголемена недоверба во Бугарија кон некои политики на Македонија, тоа треба внимателно да биде разгледано од наша страна. Kолку што ми е мене познато, во таа Декларација ниту една од страните не е обврзана на нешто повеќе од другата, како во спречувањето на непријателската пропаганда така и во постапките со кои се нарушуваат добрососедските односи. Со Декларацијата Бугарија има прифатено и за сопствениот јазик да биде наречен „бугарски, според Уставот на Република Бугарија“, со цел да се овозможи потпишувањето на договорите – вели Спасов.

Тој објаснува дека во принцип сите обврски што произлегуваат за Македонија од таа декларација се обврски од меѓународното право.

Жана П. Божиновска
#

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...D0898CE2BA
Без Ботев няма България
28-11-2012, 05:31 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 28-11-2012, 05:31 PM