Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ЦИА и БНД предупредуваат: во Бугарија се создава силна исламска терористичка мрежа

терористичка мрежа

Џамијата во Шумен

Во групата на балкански држави што се наоѓаат во најризичната зона на загрозеност од исламскиот тероризам се вбројува и Бугарија. Оваа процена е изведена од анализите на повеќе странски западни безбедносни служби, а е базирана и врз основа на одредени предуслови што во моментов се присутни во оваа земја.

Во Бугарија муслиманската заедница има над еден милион членови, што претставува 12 проценти од вкупното население. Муслиманската заедница ја сочинуваат етнички Турци доселеници од Турција уште од времето на Отоманската Империја, исламизирани Роми чија бројка се движи над 370 илјади и Помаци (исламизирани етнички Словени), кои зборуваат бугарски јазик, а чија бројка се движи над 170 илјади. Муслиманската заедница во Бугарија денеска користи околу 1.150 џамии, а повеќе од 150 се изградени по 1990 година. Постојат и повеќе муслимански училишта во кои се стекнува основно и средно верско образование (во Шумен, Русе и Момчилоград), а во Софија е лоциран и Исламскиот универзитет.

Оваа статистика сериозно се разгледува и од стратезите на исламската терористичка интернационала, како добра основа за вградување на свои тајни ќелии и создавање истомисленици, кои би ја спроведувале исламско-радикалната акција на просторите на Бугарија.

Првиот успешен обид за уфрлување странски исламско-радикални структури на територија на Бугарија е сторено со успешно регистрирање на исламската хуманитарна организација „Ал-Вакаф ал Ислам“, фондација во 1994 година, за која европските разузнавачки служби веќе располагаат со сериозни индиции дека таа е поврзана со терористичката мрежа на Ал каеда. Овие сознанија подоцна исто така се потврдија по откривањето на фактот дека шест терористи, кои учествувале во терористичкиот напад од 11 септември во САД претходно ги имале поминато исламистичките семинари на „Ал–Вакаф“ во Холандија. Оваа исламска хуманитарна организација чие европско седиште од 1989 година е во градот Ајндховен, Холандија, во Бугарија во 1994 година беше забранета, но набргу во 1995 година како наследничка е формирана „Таиба“, која до ден денеска врши донирање финансиски средства за изградба на нови џамии, верски училишта и мрежа на кампови во кои младите бугарски муслимани се запознаваат со радикалните исламски учења, а најдобрите се испраќаат на студии во арапските земји, по претходно дадена верска заклетва дека ќе земат учество во џихадот. Во овие училишта и кампови најголем број млади муслимани се регрутираат од зафрлените села и населби од Родопите, но и македонски државјани од турско етничко потекло од источна Македонија.

Нивните верски учители дојдени од Авганистан, Саудиска Арабија и Египет во овие училишта го практикуваат Салафизмот и Вахабизмот како доминантна форма на исламот. Таков исламски центар, кој е мошне активен, е сместен во селото Усина, основан во 2002 година и сè уште работи без дозвола на бугарските државни власти. Програмата на овој исламско верски едукативен објект го финансира „Таиба“. Школувањето трае две години, по што најдобрите слушатели се испраќаат на исламските факултети во Саудиска Арабија, Пакистан, Јордан и Египет. За точноста на ваквите наводи секако говори и податокот дека 35 бугаро-мухамеданци од Родопите учат во приватниот Исламски универзитет во градот Зарка, Јордан.

Според најновите сознанија на американските и западните разузнавачки служби (ЦИА и БНД), во Бугарија во моментот илегално дејствуваат повеќе исламски организации и фондации, кои создаваат услови за вградување на исламскиот фундаментализам на бугарска територија, посебно по настаните на Блискиот Исток, каде што се отвори простор за јавно дејствување на дотогаш илегалните исламски терористички организации од типот на „Mуслимански браќа“, Египетски џихад, ФИС… Во тој контекст сега во Бугарија сè повеќе е активна „Недува“, која со поддршка на донации од Саудиска Арабија ги финансира нерегистрираните исламистички школи во Помак, Сарница познати уште како „Талибанска Медреса“. Не помалку агресивни се и исламските здруженија што се обединети во групата „ИгасаАл-Хајат ал Игата“, кои се финансираат преку Саудискиот меѓународен комитет за помош, тесно поврзани со Ал каеда. Во извештаите на овие служби посебно е подвлечена агресивноста на „Унијата за исламска култура и развој“, која во почетокот од издавач на обични примитивни билтени израсна во издавачка организација со добри и квалитетни изданија, кои се финансирани од странски исламистички групи.

Создадените исламски радикални структури во Бугарија денеска одржуваат тајна комуникација со соодветните исламски структури во БиХ, Косово, Санџак, Македонија, а во последно време и со исти такви структури во Романија. Според романската разузнавачка служба нивните контакти во Романија се спроведуваат преку милитантните муслимански организации „Ал Икван – ал Муслиман” и групи на Хамас од Букурешт, кои се вградени и дејствуваат во рамките на „Романската муслиманска лига“. Преку овие исламски организации одредени исламски ќелии од Бугарија одржуваат врски и со ќелии на Хамас од Централна и Јужна Европа.

Ваквите, веќе создадени, радикални исламски структури во Бугарија, од меѓународната исламистичка мрежа се користат во повеќе насоки. За успешен илегален транспорт на муџахедини, кои од балканските простори заминуваат за Европа, Чеченија и Мала Азија (Бугарија е земја-членка на ЕУ, па со нивните пасоши движењето е олеснето).

Така, преку овие тајни патишта заминале голем број барани исламски терористи како: Мароканците Есауд Халим и Екафла Мустафа, Египќаните Хасан Осама и Ал Сади Хамди, Јорданците Џавад Мохд и Абуел Џафар во Чеченија и Мала Азија.

Повеќето западноевропски разузнавачки служби подолго време предупредуваат дека во Бугарија се создава силна исламска терористичка мрежа, која претставува главна база за прифат на муџахедини од Азија и Блискиот Исток и нивно илегално префрлување во Европа. Некои аналитичари стравуваат дека раководители на овие бази се припадници на Ал каеда што организираат и подготвуваат оружени акции за истиснување на американските и европските сили од Балканот.

Зоран Митевски, поранешен помошник-директор на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија


http://www.mkd.mk/78622/svet/cia-i-bnd-p...cka-mreza/
Без Ботев няма България
27-11-2012, 04:34 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 27-11-2012, 04:34 PM