Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

На туй дребното и црното се българи му пред очите.Колко ли помия още трябва да излее за да си изплати 1 500 000 Евро държавни пари

На „Трето полувреме“ му треба државна поддршка за „Оскар

Дарко Митревски, режисер, и Роберт Насков, продуцент
Следниот предизвик на режсерот и на продуцентот е филмот да го видат што повеќе луѓе. Тоа во Македонија е невозможно ако не се обезбедат средства за изнајмување сали и техника. Тие што ќе ја поддржат оваа идеја, велат Митревски и Насков, ќе им се отвори пат до десетици илјади нови потрошувачи и клиенти. Оптимистички најавуваат „Трето полувреме“ да го сруши рекордот во гледаност на нивниот претходен проект „Бал-кан-кан“ кој со 120 илјади гледачи е најгледаниот македонски филм досега.

„Во Битола ставивме крај на една долга трка, маратон кој го трчавме 12 години. Од една страна е еуфорично затоа што стигнавме до целта, а од друга страна е меланхолично затоа што се простуваме од трката. Со самата премиера филмот престанува да ти припаѓа, и од тој ден & припаѓа на публиката. Се трудиме таа меланхолија да ја излечиме со тоа што веднаш се фативме да правиме нов филм. Веќе работиме на сценарио, буџети и бргу ќе се вратиме во форма“, вели Митревски кој ексклузивно за „Капитал“ открива дека грабнувањето на Мис Стон е темата на следниот проект, а информацијата дека Анџелина Џоли ќе ја глуми главната улога е само виц!

„Трето полувреме“ базира на вистинска приказна од пред Втората светска војна. Новиот проект исто така се инспирира од македонската историја. Дали е случајност или македонската историја Ви е навистина толку инспиративна тема?
Живеејќи во Лос Анџелес сосема случајно налетав на репортажи од почетокот на 20-тиот век, објавувани во американскиот печат и ми беше многу интересно зошто тогаш воопшто се интересирале за нас. Што е тоа што ги инспирирало да праќаат извештаи за Македонија. Целиот нивен интерес за Македонија е базиран на Мис Стон која во нивниот печат има објавено повеќе за Македонија отколку сите бугарски автори во изминатите 70 години. Многу е интересно за овој скандал, грабнувањето на Мис Стон да читаш од американска перспектива. Затоа, филмот ќе биде направен од американска перспектива, на англиски јазик за разлика од филмот снимен во 50-тите години кој нештата ги гледа од македонски агол. Мисионерката Мис Стон работела на еманципација на чорбаџиските ќерки во тоа време, дошла во една земја за која не знае да ја покаже ни на мапа со мисија во која навистина верува. Во осум месеци колку што траела кризата со грабнувањето и таа и тие го менуваат мислењето едни за други. Кога ќе биде ослободена таа станува најголем амбасадор на Македонија.

Сите историски настани поврзани со Македонија кога се раскажуваат макар и со временска дистанца од половина век, предизвикуваат бурни реакции. Такви реакции предизвика и „Трето полувреме“ кај дел од бугарската јавност. Дали со изборот на темата и начинот на кој е раскажана, всушност сакавте да провоцирате?
Што и да направиш на тема Македонија, сигурно ќе испровоцираш некого. Каква и да е приказната. Кога ми беше преку глава од балканскиве мешаници и кога се отселив во САД каде што решив да почнам од почеток, првата холивудска журка на која присуствував беше роденден на Раде Шербеџија, каде што свиреа свирачи од Војводина. Кога ја засвиреа „Ајде слушај, слушај Калеш бе Анѓо“ еден бугарски актер кој стоеше позади мене & рече на една Американка: Oва е наша песна. Јас избегав 10.000 километри за пак да го слушнам тоа. Значи, од своја кожа не се бега. Што и да направиш поврзано со Македонија и со македонската историја сигурно ќе се замериш со некого затоа што таква е историјата.

Дали пред 12 години кога ја слушна приказната која е мотив за „Трето Полувреме“ и додека го снимавте филмот, очекувавте дека филмот денес ќе биде тема во Европскиот парламент и кај еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле?
Не! Ако ги погледнете бугарските медиуми деновиве, ќе видите дека тие се речиси хистерични затоа што европските институции не сакаат да застанат на нивна страна. Тие тоа го сметаат за предавство од Унијата. Инаку, сигурно дека не сум очекувал вакви реакции кои се случуваат. Сами да сакавме да испровоцираме вакви реакции, па и да платиме, немаше да успееме во тоа. Ваков маркетинг немаше да успееме да платиме, но мене тоа не ме радува затоа што „Трето полувреме“ ќе беше гледан и вака и онака. Филмот сам ќе си го најдеше својот пат и без политичката фама која го следи. Фамата и кампањата не ме радуваат од две причини. Прво, затоа што многу ме исцрпи да бијам битка која не е моја и второ, затоа што мислам дека се отиде предалеку. Се влошија односите меѓу луѓето, а тоа тешко се лекува.

Очекувате ли откако ќе започне да се прикажува дека филмот ќе ја исполнува вашата замисла – да биде љубовен филм? Или ќе му остане етикетата којашто сега ја доби, на националистички и провоцирачки?
Кај нас, за жал, ќе му остане етикетата која ја доби. Сите ќе го гледаат низ таа призма. Во странство не. На мојот агент и на мојот адвокат во ЛА, сето ова воопшто не им е јасно. Како може некој да негира нешто што за секунда може да се провери на Интернет, како што е Холокаустот. Тие на тоа гледаат како на наше балканско лудило и воопшто не ги интересира. Го прашав нашиот ПР-агент кој треба да ја води нашата оскаровска кампања, дали и колку ова ни штети или користи и тој ми одговори – не ни е гајле за тоа! Мислам дека надвор од Балканот, овој филм ќе биде гледан со многу понормални очи, што ми е криво.

Како на автор и продуцент, што значи филмот кој сте го создавале да се најде на една ваква престижна листа, како што е кандидатската за Окскар?
Насков: За нас значи многу. Тоа e работа со која мораме веднаш сериозно да се зафатиме, а на филмот му носи дополнителен публицитет кој ако добро се искористи може да ни донесе добри резултати онаму каде што треба да го пласираме. Кога создавате некој филм целите кон тоа што е најдобро за филмот. За нас најважно е што ја добивме поддршката од нашите колеги. Сега ни треба поддршката од државата затоа што во светот никој нема да крене слушалка за вас доколку за тоа не добие пари. Патот до „Оскар“ и до номинацијата ние сами не можеме да го изодиме. Тоа е еден сосема друг свет, во кој има професионалци кои го работат тоа. За да ги ангажираме да работат на нашата номинација потребни се многу финансии. Се надевам дека државата и сите оние кои се финансиски моќни ќе застанат зад нас.

Филмотот се снимаше со буџет поголем од 2 милиони евра?
Насков: Ние успеавме да се спакуваме во буџет од 2,4 милиони евра. Да се снима во која било друга европска земја ќе чини најмалку четири пати повеќе. Тоа значи голем напор на наша страна, од целата екипа, кратење или модификација на дел од идеите.

Имаше ли многу измени од првичната идеја за филмот до крајната верзија?
Насков: Не, суштинска не. Од идејата за снимање љубовен филм во предвоено Скопје ништо не е променето. Најмногу се менувани ликовите на фудбалерите.

Во рамки на „Браќа Манаки“, „Капитал“ иницираше дебата за тоа како да се поттикнат компаниите повеќе да спонзорираат културни проекти? Како да се зајакне партнерскиот однос меѓу двете страни? Какво е Вашето искуство?
Насков: Еден од начините да се финансира снимањето филмови во Македонија е да се користат средства од Филмскиот фонд, но тие не се доволни. Во Европа системот функционира на копродукции, а во САД компаниите директно ги финансираат своите филмови. Македонија како мала земја е принудена да копродуцира, но, за жал, понекогаш сме ставени во ситуација нашите пари помалку да се вреднуваат, што не е добро. За мене како продуцент, главната придобивка на „Трето полувреме“ е што докажавме дека во Македонија можат да се снимаат сериозни филмови. Вакви дискусии се многу важни затоа што дел од финансиите мора да доаѓаат од приватни компании, но државата мора да го најде соодветниот модел кој го поддржува и стимулира тоа. Генералното спонзорство на Шпаркасе во „Трето полувреме“ е издвоен модел. Нас банката н$ следеше во секој чекор од снимањето на филмот. Тоа е многу важно, затоа што ако снимањето застане еден ден, секое идно покренување чини многу. Шпаркасе ни ги покриваше секојдневните потреби, затоа што пак другите финансиски средства од фондовите и државата стигнуваат со друга динамика. Затоа сметам дека фирмите треба да размислуваат за партнерства, а не за инстантно давање пари.

Кога беше потешко, кога баравте пари или кога започна снимањето на филмот?
Тешко прашање. Ние тргнавме со снимање и немавме доволно пари, тргнавме во постпродукција и немаме доволно пари. Тргаме во трка за „Оскар“ и немаме доволно пари. Од авторска гледна точка, сакам филмовите кои ги работам да имаат пазарна вредност. Мислам дека филм треба да има своја вредност. Тврдам, со години наназад, дека филм се прави за публика – не за фестивали и за награди. Ако филмот не го гледаат луѓе е исто како да не си нашол купувачи за стоката којашто си ја произвел. Филм е за публика притоа не велам дека најгледаните филмови секогаш се и најдобрите. Кај нас тоа никогаш не беше поставено на здрави нозе, дека филмот меѓу другото, треба да биде стока која треба да се изложи на тезга. „Бал-кан-кан“ 120 илјади гледачи и 20 илјади легално продадени ДВД копии, најгледан филм во историјата на македонскиот филм. Тврдам дека „Трето полувреме“ ќе ја надмине рекордната гледаност на „Бал-кан-кан“. Ако во Македонија ве видат 120 или 150 илјади гледачи, тоа е како гласачко тело на една политичка партија. Тоа е таргет група купувачи на која било компанија која продава некој производ или услуга. Оној кој би ја поддржал дистрибуцијата на „Трето полувреме“, иако досега не се нашол таков, тој има директен контакт со потенцијални 150 илјади или 200 илјади купувачи. Ние сме израснати со филозофијата дека освен мајка ти и татко ти никој не те чести ручек. Работите мора да се постават на win-win основа, и ние да снимиме филм, и поддржувачите да заработат пари!

Зошто компаниите не вложувале во филмот досега?
Насков:Јас би рекол дека за тоа се виновни моите колеги кои филмот не го третираат како производ со свои специфики. „Бал-кан-кан“ докажа дека луѓето сакаат да гледаат македонски филмови и дека филмот можете да го третирате како производ. Само со таков став и силна дистрибуција, може да ги убедите компаниите дека можат да најдат свој интерес воспоставувајќи партнерски односи со филмот. - Како планирате да обезбедите поддршка и за номинацијата и за идната дистрибуција на „Трето полувреме“, кој сакате да го види цела Македонија? Конкретно со трката за „Оскар“, имаме интерсна ситуација. Американската компанија со која работиме ни вели дека не е доволно да се прават само проекции, туку луѓето да се задржат и по проекцијата. Најдобар начин за тоа е да се направи дегустација на вино и храна и од Македонија. Гарантирам дека нема релевантен фактор во Лос Анџелес кој нема да дојде на ваква промоција. Но, засега немаме ниедна винарница која ќе застане зад нас. Со поддршката на „Трето полувреме“, таа компанија влегува директно на американскиот пазар. Инаку, спонзори за дистрибуција ни се потребни затоа што во Македонија нема пари, нема сали, нема технички капацитети. Имаме само едно кино, технички супериорно, а ние ветивме дека ќе се потрудиме секаде каде што ќе бидеме поканети да го прикажеме филмот. Тој што ќе застане со нас во оваа дистрибутерска трка и ќе ни помогне да стигнеме низ сите места во Македонија, си го наоѓа најевтиниот пат до потенцијалниот купувач.

.......................................................................................................................................................

Дарко Митревски
Сами да сакавме да испровоцираме вакви реакции во Бугарија со филмот, немаше да успееме во тоа. Ваков маркетинг немаше да успееме да платиме!
Сакам филмовите кои ги работам да имаат пазарна вредност. Мислам дека филм треба да има своја вредност. Тврдам, со години наназад, дека филм се прави за публика – не за фестивали и за награди. Ако филмот не го гледаат луѓе е исто како да не си нашол купувачи за стоката што си ја произвел.

.......................................................................................................................................................

Роберт Насков
Патот до „Оскар“ и до номинацијата ние сами не можеме да го изодиме. Тоа е еден сосема друг свет, во кој има професионалци кои го работат тоа. За да ги ангажираме да работат на нашата номинација потребни се многу финансии. Се надевам дека државата и сите оние кои се финансиски моќни ќе застанат зад нас.
„Бал-кан-кан“ докажа дека луѓето сакаат да гледаат македонски филмови и дека филмот можете да го третирате како производ. Само со таков став и силна дистрибуција, може да ги убедите компаниите дека можат да најдат свој интерес воспоставувајќи партнерски односи со филмот.
Без Ботев няма България
26-11-2012, 06:10 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 26-11-2012, 06:10 PM