Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Плукането отново набира скорост
Лапна милион и половина евро човека , сега трябва да ги изплаща


Финале на пенали

Официјално Скопје од АСНОМ до ден-денес доследно ја спроведува идејата формулирана од деветнаесетвековниот британски државник Вилијам Гледстоун, која гласи „Македонија на Македонците“



Се чини дека Македонија има нов проблем на меѓународен план. Овој пат тоа е проблем со Бугарија, која веќе неколкупати се заканува дека ќе го блокира нејзиниот прием во Европската Унија. Речиси во сите настапи на бугарските политичари и нивните гласноговорници како причина за таквата бугарска политика директно или индиректно се наведува еден филм. Авторот на тој филм е потписник на оваа колумна што ја читате. Погодувате: станува збор за филмот „Трето полувреме“.

Како што реков, се чини дека Македонија има нов проблем. Токму така: се чини. Прво, затоа што проблемот не е нов, туку збајатено стар. Имено, не е никаква тајна дека сите бугарски влади, и оние фашистичките хитлеровски сателити, и оние комунистичките советски поданици, и денешните демократски што се колнат во европските вредности - сите тие на Македонија гледаа и сѐ уште гледаат како на своја бавча со која можат да прават што ќе посакаат. Единствен проблем е што тапијата за таа градина не е во нивните раце, туку во рацете на македонските граѓани (чие, патем речено, основно демократско право на самоопределување тие не го признаваат). И тука се крие повеќедеценискиот проблем во македонско-бугарските односи: официјално Скопје од АСНОМ до ден-денес доследно ја спроведува идејата формулирана од деветнаесетвековниот британски државник Вилијам Гледстоун, која гласи „Македонија на Македонците“. Истовремено, официјална Софија не крие дека многу подрага ѝ е платформата „Македонија без Македонците“. Како и да е, во овој спор нема ништо ново - освен што овој пат кавгата е издигната до највисоките кругови во Брисел. И тука доаѓаме до втората, многу покомплицирана страна на проблемот.
Имено, од времињата кога доктор Јозеф Гебелс, министер за пропаганда на Третиот рајх, врескајќи протестирал против стрип-јунакот Супермен (нарекувајќи го „јудејско-масонски производ“), на почвата на европскиот континент не се случило највисоки официјални лица на една земја да војуваат против едно уметничко дело. Тоа што бугарските државници, политичари, европарламентарци, новинари, историчари и разни други медиумски послушници јавно ѝ се закануваат на една соседна земја заради филм што таа го произвела - претставува скандал без преседан во модерната европска политика. Оваа афера ќе беше комична доколку филмот не обработуваше историски настан од Втората светска војна во кој тогашната бугарска влада на чело со премиерот Богдан Филов, нејзината војска и полиција под команда на министерот Петар Габровски, по наредба на комесарот за еврејски прашања Александар Белев и одобрение на царот Борис Трети, не испратија во директна смрт 7.148 невини луѓе - или статистички кажано, 98 проценти од еврејската популација во Вардарска Македонија, сите до еден убиени во концентрациониот логор „Треблинка“.

Дали оваа трагична историска приказна е неодамна откриена? Се разбира дека не, бидејќи на таа тема пишувале безбројни историчари во светот – освен во Бугарија. Дали тие податоци биле скриени од очите на светската (вклучувајќи ја и бугарската) јавност? Се разбира дека не - секој што сакал да се информира за ова можел лесно да ги дознае историските факти посетувајќи ги интернет-страниците на Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон или, пак, меморијалниот центар „Јад Вашем“ во Израел. Податоците што се изложени на овие страници се идентични на податоците што ги соопштува филмот „Трето полувреме“. Ќе повторам: идентични. И уште еднаш ќе повторам: и-ден-тич-ни!

Па зошто тогаш официјална Софија не покаже со прст кон Вашингтон или Тел Авив, обвинувајќи ги и нив за антибугарска политика, туку тоа го прави само кон Македонија? Има две причини за тоа. Првата причина гласи: ако не можеш по магарето, удри по самарот. Втората причина се состои во природата на филмскиот медиум: за разлика од музеите, филмовите имаат далеку помногубројна публика. Во случајот со „Трето полувреме“ таа публика на домашен терен наближува кон цифрата од 100.000 кино-гледачи (и два милиона потенцијални ТВ-гледачи), додека пак на меѓународен терен таа бројка ќе биде многу поголема и географски многу пораспространета. Со други зборови, мрачната тајна што сите досегашни бугарски влади ја криеја од сопствениот народ – сега ќе има можност да ја види сиот свет. И, ете, затоа официјална Софија е бесна до ниво на хистерија.

Ќе кажам уште еднаш: се чини дека Македонија има проблем со ова. Но само така се чини. Всушност, проблем со ова има Бугарија, чие општество упорно замижува пред едно масовно злосторство, продолжувајќи ја насилничката политика кон земјата на чија територија тоа злосторство е спроведено. Но уште поголем проблем има Европската Унија, чија полноправна членка негирањето на холокаустот го прогласува за своја официјална агенда. Дали Брисел ќе застане зад ваквата суицидална, антисемитска, ревизионистичка, отворено неофашистичка политика на Софија? Се обложувам дека нема. И се обложувам дека филмот што во моментов личи на камен околу вратот на земјата што го произвела, ќе биде камен од кој ќе си ги искршат забите нејзините противници. Фудбалски речено: овој натпревар ќе биде напорен и ќе потрае сѐ до изведување на пеналите - но ниту една нивна топка нема да ја затресе нашата мрежа. И подготвен сум во првата спортска обложувачница да го вложам остатокот од мојата кариера, обложувајќи се на ваков резултат.

Е сега, тоа што одредени наши играчи облекоа нивен дрес и што нашите противници во серијата плотуни испукани против „Трето полувреме“ како своја последна муниција на големо и нашироко ги цитираат текстовите што против овој филм ги напишаа некои домашни македонски пера – тоа е тема за некоја друга дискусија, посветена на друг проблем. Проблем што, за разлика од овој бугарско-европскиот, Македонија навистина го има - и за кој нема решение низ сета своја историја.

Авторот е режисер и сценарист

Автор: Дарко Митревски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22738
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 24-11-2012, 07:54 PM by Топорчо.)
24-11-2012, 07:53 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-11-2012, 07:53 PM