Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Кога Македонија им дава на сите

Овдешните квазипатриотски душегрижници, кои водеа антибугарска политика пар екселанс додека беа на власт, сега заплакаа оти на Србија власта на Груевски ѝ дала сѐ - а на Бугарија демек ништо! Како да не сакаат да се сетат оти на сите претходни избори, вклучувајќи ги и оние од 2011-та, го пеналат Груевски дека наводно го повампирува ванчомихајловизмот. Е, како може да е истовремено и србоман и ванчомихајловист



Кога патував во Бугарија како дете со родителите не можев да разберам зошто некои луѓе ни велеа „Вие сте нашите братја, Блгари“, а некои други, пак, кога ќе им кажевме дека сме од Македонија нѐ ословуваа како Срби. Се разбира, не беше потребно многу време за да ми стане јасно зошто не сакаат да не наречат Македонци.

Многу години подоцна, по прогласувањето самостојност на Македонија, кога Бугарија нѐ призна под уставното име, радосно со македонски пасоши со еден колега отпатувавме за Софија. Цариникот ги држеше љубопитно нашите сини пасоши в рака, меѓу првите, и со насмевка ни рече: „Каде бе вие, Македонци!?“ Кога ја минавме границата, мојот сопатник вчудовидено извикна: „Бугарски цариник да нѐ нарече Македонци!?“ Му реков: „Биди спокоен, ништо драматично не се случи. Тој мисли на нашето државјанство, а не на етно-националната припадност“.

Иако во почетокот од 1990-тите знаевме дека Бугарите почнаа да нѐ нарекуваат како што сакаме само поради припадноста кон државата, сепак ни беше мило што го изустуваа зборот Македонци. По весниците како Македонци почнаа да ги пишуваат и нашите спортисти што заиграа за бугарските клубови. Не се признава етно-нација, туку држава, нѐ убедуваа од Софија!

Но Жељу Желев, како кандидат за претседател на Бугарија, имаше ниет да оди и чекор понатаму. Не се заборава неговата изјава кога на прашањето на сега покојниот Бранислав Димовски од МТВ дали новата демократска власт во Софија ќе ги признае правата на малцинствата, изјави: „Се разбира“. И на Македонците, инсистираше Димовски, зашто Бугарија во тоа време не ги признаваше ниту Турците. И на Македонците, одговори Желев, теоретичар на антифашизмот и борец за човекови права и секакво угнетување во Бугарија, кому очигледно сѐ уште не му беше јасно каква политика кон малцинствата мора да води кога ќе дојде на власт.

Како претседател, Желев барем имаше визија да ја искористи самостојноста на Република Македонија, која беше дел од Југославија и долго време под културна, јазична, политичка и секаква друга доминација на Белград, за да се намали омразата Скопје - Софија. За жал, на македонска и на бугарска страна во тоа време имаше силен отпор. Глигоров фројдовски зборуваше оти во Македонија е завршена „дебугаризацијата“, а во Бугарија почнаа да доминираат старите служби што повторно го величеа „етно-јазичниот бугарски карактер на Македонија“. Со други зборови, удбашите во Скопје и ком-партиските разузнавачи во Софија си ја зедоа работата во свои раце и ја продолжија политиката на конфронтации. Зближување не беше можно.

Згора на тоа, додека посткомунистичката власт во Македонија ја набиваше Бугарија на колец поради повампирениот „историски романтизам“, а и Софија не остануваше покуса, Црвенковски и Глигоров бербатно ѝ попуштија на Грција! Под диктат ја прифатија скандалозната референца „бивша југословенска република Македонија“ како меѓународно име на земјата, го сменија Уставот во кој се откажаа од грижата за македонското малцинство во соседните земји, а потоа арбитрерно го укинаа и знамето со шеснаесеткракото сонце за божем да ги нормализираме односите со Атина. „Нормализацијата“ се виде на дело кога Грците во Букурешт во 2008-та ја погазија Привремената спогодба, за што им пресуди и судот во Хаг.

Значи, етно-фашистичката крвожед на Атина беше смирена за миг, но Софија беше фрустрирана. Каков скандал: ја призна Македонија под вековното име - а таа си ја врати Југославија во името! Српско Скопје си остана српско, резонираа во Софија. Црвенковски и Глигоров му се заблагодарија на Желев така што покажаа страхопочит кон Милошевиќ и Мицотакис!?

Владата на Иван Костов не можеше да го дочека „бугарофилот“ Георгиевски за да стокми спогодба со која ќе добие барем дел од она што Скопје веќе ѝ го даде на Атина. Кога веќе Македонија дава, нека ни даде и нам, си рекоа Бугарите! По теркот со Грција, Георгиевски испорача „немешање во внатрешните работи“ за лица-државјани на Бугарија, колку да се знае дека Македонија нема намера да се грижи ниту за Македонците во Пирин. И таа негрижа трае до денешен ден. Без исклучок. Но Црвенковски тогаш најмногу запиште оти Владата го продала македонскиот јазик. Тој го раскрчми идентитетот како на Бит-пазар - со името, со знамето, со Македонците во соседството, а ваму божем загрижен за јазикот. Арно ама тогаш само Бугарија беше душманот, а Грција сѐ уште си ја љубевме. За пари и за амфори.
Сепак, фактите говорат дека во Декларацијата за пријателство што Георгиевски ја потпиша со Костов, „македонскиот јазик“ го има, иако ја има и компромисната додавка „според Уставот на Република Македонија“. Во Привремената спогодба со Грција, пак, нема ниту име, ниту јазик, ниту нација! Тоа, се разбира, не го зголеми патриотизмот на Георгиевски, но го демаскира патриотизмот на Црвенковски.
Оттука натаму, националшовинистичките апетити на Софија растеа правопропорционално со нашиот предавнички патриотизам.

Денес Бугарија е таа што наспроти своите вековни интереси ја турка Македонија „во српски прегратки“.
Сите од ред бугарски официози говорат оти Македонија наводно ја прекршува Декларацијата за пријателство што ја потпишаа Костов и Георгиевски. Како, не кажуваат. Зашто, Македонија не ги есапи Пиринците ни за сува слива, а во Скопје одамна не се води антибугарска пропаганда. Случајот на гевгеличанката Спаска Митрова, Софија го крена во вселенски височини, но и самите бугарски власти изјавија оти тој е правен, а не политички преседан.

Тоа не ја спречи Софија да ни испорача нова спогодба за добрососедство, на крајот од 2009-та, како што објавија медиумите, со 21 точка. Спогодбата никогаш не беше обелоденета во јавноста, а според она што истече во медиумите - за нас спорни од „добрососедски“ аспект биле три-четири точки. Бугарија побарала во односите со Македонија да се уважи фактот дека таа е членка на НАТО и ЕУ, а Македонија не е, односно сака таму да влезе, со што Софија сакала да покаже кој кому треба да му се поклонува и да го моли. Ептен братски.

Со новиот договор Македонија требало да го санкционира говорот на омраза, да ги прифати бугарските воени споменици, заедно да слави историја со Софија и да учествува во комисија за заедничко толкување на историјата! Во март 2010-та МНР одговори на оваа понуда за „добрососедство“, но ниту тој договор не стана достапен во јавноста. Значи, меморандумското спогодбено условување на Софија за добрососедство не е од вчера. Тоа стана манир на нашиот источен сосед, штом влезе во ЕУ. Сега е само мултиплицирано поради

Згора на тоа, Владата на Груевски, во Скопје и во Софија, денес е обвинета дека наводни води просрпска политика. Во таа смисла се споменува и неодамнешната прослава на Зебрњак, каде што целиот српски државен врв прославуваше 100-годишнина од Кумановската битка. Овдешните квазипатриотски душегрижници, кои водеа антибугарска политика пар екселанс додека беа на власт, сега заплакаа оти на Србија власта на Груевски ѝ дала сѐ - а на Бугарија демек ништо! Како да заборавија оти бугарскиот претседател Прванов беше на чествување на гробиштата на загинатите бугарски војници од Првата светска војна, кои Македонија ги обнови. Како да сметнаа од умот оти Груевски во своето ВМРО-ДПМНЕ ја кооптира речиси целата „бугарофилска“ струја на Д. Димовска, освен дел од „народњаците“ на Љубчо. Како да не сакаат да се сетат оти на сите претходни избори, вклучувајќи и оние од 2011-та, го пеналат Груевски дека наводно го повампирувал ванчомихајловизмот. Е како може да е истовремено и србоман и ванчомихајловист?

Но тоа важи за власта, а за народот? Кон кого да се приклонат денес Македонците? Српскиот претседател Томислав Николиќ, каков-таков, како што го дал Господ, изјавува - ќе ви го испорачам томосот за МПЦ, само ослободете го Вранишковски! Реторички, тоа не звучи антимакедонски. А бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, пак, говори оти поддршката на Софија за нашите евроинтеграции нема да биде безусловна, а ниту на сон не мисли да вети, на пример, да ја регистрира ОМО Илинден Пирин, за возврат на, да речеме, комисија што ќе ја испитува историјата.

Напротив, бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов на Груевски своевремено му забележа оти ние сме ја краделе бугарската историја со проектот „Скопје 2014“! Како? Со тоа што ги излеавме во бронза Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Тодор Александров? Па нели сме ние Бугари, мајката, а и сите тие револуционери биле Бугари!? Или, пак, Бугарите сѐ повеќе загрижени што „ја крадеме“ грчката историја!?

Автор: Зоран Димитровски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22738

македонците добри , сърбите добри - бугарите пак не чинат
Без Ботев няма България
24-11-2012, 07:49 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-11-2012, 07:49 PM