Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Според този велик изкукал анализатол български танкове изобщо не били от полза

Формирањето на АРМ и сегашната состојба (3)

Не е проблемот само во промената на името на нашата држава како предуслов за членство во НАТО, туку постојат и други критериуми кај политичко-воената организација на Алијансата



Не без причина го анализираме по фази (години) формирањето на АРМ и односот на Република Македонија како држава спрема нејзиното стратегиско определување за членство во НАТО. Особено во прв план ги анализираме претходните постојни меѓународни договори што Македонија ги прифати, бидејќи во процесот на нивното создавање таа активно учествуваше, меѓутоа доследно тие не беа применувани. Тој факт во значителна мера влијаеше на нашето приклучување во НАТО. Не е проблемот само во промената на името на нашата држава како предуслов за членство во НАТО, туку постојат и други критериуми кај политичко-воената организација на НАТО. Македонија усвои дел од бараните документи преку разни декларации и потпиша разни спогодби потребни во процедурата за остварување статус на земја-кандидат за членство во НАТО. Покрај одлуката на Собранието за членство во НАТО и пристапувањето за членство во Партнерството за мир, се потпиша СОФА-договорот во 1996 година за регулирање на статусот на странските војници во Македонија, потоа следуваше приклучување кон ПАРП (Процес за анализа и планирање) и ИПП (Индивидуална програма за партнерство) во 1997 година. Во рамките на Партнерството за мир од 1999 година бевме обврзани секоја година да изработуваме и презентираме ГНПЧ (Годишна Национална програма за членство во НАТО). Уште од 1993 година, Македонија заедно со уште 52 држави стана потписник на Договорите ЦФЕ и ЦФЕ-1 што стапија во сила уште во 1997 година за ограничување на конвенционалното вооружување во Европа. Завршниот документ на Дејтонскиот договор е временски неограничен и отвори врата за дополнителни билатерални и мултилатерални односи на сите подрачја за воена соработка. На 8 и 9 јуни 1998 година претставници на Македонија, Словенија, Албанија и на Австрија учествуваа на еден инструктивен семинар во виенскиот дворец „Хофбург“. Целта на овој семинар била да се појаснат основите на Договорот ЦФЕ и членовите 4 и 5 од Дејтонскиот договор. Еден од најважните заклучоци беше стриктна примена на критериумите на ОБСЕ во врска со процентот за определување на бројот на припадниците на вооружените сили. Тој процент може да се движи од 0,5 до 0,7 отсто за припадници на вооружени сили во однос на бројот на жители на дадената земја. При изработка на првата македонска Годишна национална програма за членство во НАТО 1999/2000 година, Македонија не се придржуваше кон тој критериум. Поради тоа нашата програма три пати беше враќана од Брисел за доработка. При првата изработка на ГНПЧ било предвидено АРМ да располага со активна вооружена сила од 40 илјади луѓе и со резервен состав од 120 илјади луѓе. Во првата ГНПЧ се предвидува АРМ, покрај Генералштабот, да формира еден активен корпус, еден резервен корпус, гранична бригада, команда за обучување и логистика, како и команда за ПВО (противвоздушна одбрана) и ВВ (воено воздухопловство), со придружни единици и определен број самостојни единици. Во третата верзија од таа програма, од февруари 2000 година, во делот на Заклучоци за реструктурирање стои дека сегашниот мирновременски состав на вкупните вооружени сили во кои спаѓаат воените и цивилните лица ќе биде околу 22.000 луѓе и ќе се намали на околу 16.000 или помалку.
Во 3-та верзија резервниот состав се предвидува од 120.000 да се намали на околу 60.000-70.000. Буџетот за одбрана на Македонија во 2000 година беше 76 милиони долари, или 2,17 отсто од БДП. Воено-политичката криза во Македонија од 2001 година, која практично почна во 2000 година и траеше до потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во август 2001 година, покажа дека АРМ (не по своја вина) не беше подготвена да се справи со новонастанатата ситуација. Тогашното тукушто почнато организациско-формациско преструктурирање и слабата опременост (поради малиот буџет за потребите на армијата) ја доведоа АРМ во незавидна ситуација во борбено-воена смисла. Оваа констатација не се однесува на индивидуалната подготвеност на добро обучените војници како поединци, туку на поголеми борбени системи што требаше да се спротивстават на терористичко-воената организација наречена ОНА. Беше потребно итно да се доопреми АРМ со потребните борбени системи што би биле во функција на неутрализирање на противничката страна, која настојуваше да го загрози територијалниот интегритет на државата. Итно беше извршена набавка на муниција за повеќецевни ракетни фрлачи оган и пламен, дивизион на ракетни фрлачи град, четири авиони „сухој-25“ и 14 хеликоптери „ми 8“, „ми 17“ и „ми 24“ (борбени хеликоптери), потоа ракетни системи ПВО со краток дострел со потребната муниција и ракети за наведените системи. Беше добиена донација од 94 тенка „Т-55“ од Бугарија (во 1999 година), но тие само во мала мера ја зголемија борбената подготвеност на АРМ, бидејќи добиените тенкови беа во лоша техничка и борбена состојба. Буџетот за одбрана за 2001 година беше утврден во висина на 4.583 милиони денари или 7,5 отсто од буџетот на Македонија, односно 1,92 отсто од БДП. Како резултат на нарушената безбедносна состојба во Македонија и значително високите трошоци за справување со кризата, во август 2001 година се усвои ребалансот на буџетот. Буџетот на Министерството за одбрана се утврди на висина од 15,509 милиони денари или 20,5 отсто од ребалансираниот буџет за 2001 година, односно 6,78 од БДП. Бидејќи се работеше за итни набавки, цената на новонабавените системи за вооружување не беше мала. Вистински сојузници на Македонија во тоа време се покажаа Хрватска и Украина. По воено-политичката криза од 2001 година, македонската страна сфати дека во дотогашните предлози во Годишната национална програма за членство во НАТО за 2001/2002 година имаше доста погрешни претпоставки, па поради тоа во Анексот 3 од ГНПЧ (сегашната структура на АРМ) и Анексот 4 (сегашната структура на МО) треба да бидат предмет на ревизија. По овие настани се отвори простор за поинакво гледање на системот за одбрана во Македонија.

(продолжува)

Авторот е воено-политички аналитичар


Автор: Петар Шкрбина

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22735
Без Ботев няма България
22-11-2012, 06:25 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-11-2012, 06:25 PM