Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Хуйо , опа груйо е дал явно заповед за омекване на тона . До декември дали ще устискат србежите от сител и вечер

Регионална конференција во Бугарија: Стоп на сместувањето на децата до 3 години во институции

“Стоп на сместувањето на децата до три години во институции: поддршка на семејствата во одгледувањето на мали деца” е регионалната министерска конференција во Република Бугарија каде министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски е во дводневна посета на земјата.

Имено, децата на возраст под три години, кои се напуштени од своите родители и сместени во установа се меѓу најранливите категории на деца во општеството. Современите истражувања покажуваат дека периодот 0-3 години, е првата развојна фаза во животот на детето и дека институционализацијата на децата во овој период претставува сериозен проблем кој предизвикува штетни ефекти врз здравјето и понатамошниот развој на детето.

- Од тие причини како и во другите земји од регионот, така и во Република Македонија се преземаат низа мерки и активности со цел да се спречи напуштањето на новороденчињата од страна на родителите, како и да се обезбеди подобра заштита на новороденчињата лишени од родителска грижа. Во текот на изминатите две децении направивме значаен напредок во обезбедувањето на повисок степен на реализација на правото на секое дете да расте во семејство. Од 2000 година, бележиме значителен пад на бројот на деца од 0 до 18 години во институционалната грижа, и тоа од 965 во 2000 година до 642 во 2010 година, потенцираше во своето обраќање министерот Спиро Ристовски.

Воедно, тој се осврна на спроведувањето на процесот на деинституционализација, со кој се предвидува развој и јакнење на мрежата на згрижувачки семејства со посебен акцент на развој на згрижувачки семeјства обучени за грижа на деца од 0-3 години. Во Република Македонија во последните години значително е зголемен бројот на згрижувачки семејства, односно од 111 згрижувачки семејства во 2008 година денес имаме 155 згрижувачки семејства, во кои се сметени 220 деца.

- Особено сум задоволен што нашата посветеност на реформите во процесот на посвојување придонесе кон намалување на времето што децата го поминуваат во државна грижа, за повеќе од половина, рече Ристовски.

Домаќин на дводневната конференција е Владата на Република Бугарија, под покровителство на претседателот, Росен Плевлениев во соработка со УНИЦЕФ. На конференцијата, покрај министерот Ристовски учествува и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Шелдон Јет, како и претставници на повеќе од 20 земји од Европската унија.

Целта на конференцијата е размена на искуства и практики преку кои што владите ќе можат да креираат и имплементираат политики што ќе даваат силна поддршка на семејството. Државите можат заеднички да делуваат на превенција од сместување на деца во институции.

Во рамките на дводневната посета на Бугарија, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски во текот на вчерашниот ден оствари средба со неговиот бугарски колега, Тотју Младенов. На истата се разговараше за поквалитетна соработка помеѓу двете држави во областа на трудовите прашања, мобилност на работници, имплементацијата на Договорот за социјално осигурување, како и за потпишување на дополнителни билатерни договори за соработка. Исто така, двајцата министри разговараа и за иницирање на регионална соработка во областа на трудовото законодавство и инспекциските надзори.

http://www.sitel.com.mk/regionalna-konfe...institucii
Без Ботев няма България
22-11-2012, 06:09 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-11-2012, 06:09 PM