Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Груевски бара поддршка од Атина и Софија

Премиерот ги повика Грција и Бугарија да ја поддржат Македонија на декемврискиот самит на ЕУ, на кој ќе се решава дали да ни се даде датум за преговори со Унијата

Очекувам Грција како најстара земја-членка во Европската унија од нашиот регион и деклариран пријател на политиката на проширување да го поддржи донесувањето на одлуката за почеток на пристапните преговори со Македонија овој декември и со тоа да го даде клучниот и одлучувачки политички придонес за ревитализација на европската интеграција на целиот Балкан. Македонските граѓани истото го очекуваат и од Бугарија, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на Регионалната конференција „Одржливост на реформите-кон целите на ЕУ 2020“, што се одржува денеска во Скопје.

Нашата желба, додаде Груевски, е патот до членството во Европската унија да го изодиме заедно со Грција. Инициравме, како што посочи, со многу волја мноштво конкретни активности за продолжување на билатералната соработка и заемната доверба.

- Никој повеќе од Македонија не сака да се отстрани последната пречка што стои на патот кон реализација на нашите европски и евроатлантски цели. Како многупати досега би сакал јасно да потврдам дека сакаме интензивирање на разговорите со Грција под покровителство на Обединетите нации, час поскоро да дојдеме до решение согласно демократските принципи и меѓународното право во рамката поставена со Резолуцијата на ОН, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, рече премиерот Груевски.

Според него, историјата покажала оти блокадите и отсуството на компромисен пристап никогаш немаат доведено до решение за одредените билатерални прашања. Европските и евроатлантските интеграции, како што истакна, го прават тоа.

- Контекстот на пристапни приговори го олеснува решавањето на билатералните прашања. Наше убедување е дека проширувањето е постапен процес кој се заснова на цврста и одржлива имплементација на реформите и сметаме дека треба и да остане. Проширувањето треба да го рефлектира кредибилитетот на Унијата која почива врз споделени вредности кои сите подеднакво треба да ги почитуваме, истакна македонскиот премиер.

Говорејќи во контекст на регионалната соработка, Груевски потенцира дека Македонија ќе ја продолжи политиката на добри односи со сите соседи. Во таа насока тој ја спомена и соработката со Бугарија која, како што рече, е од посебна важност за Република Македонија.

- Но, притоа треба историјата да ја оставиме на историчарите. Декларацијата од 1999 година останува добра рамка за понатамошно развивање на меѓусебните односи. Имаме воспоставено богата правна рамка на билатерални договори која треба да служи за унапредување на односите и интензивирање на соработката на конкретни проекти од практичен интерес за граѓаните. Граѓанското општество и медиумите од двете земји треба да одиграат важна улога во промоцијата на меѓусебното разбирање и почитување, истакна премиерот Груевски.

Конференцијата „Одржливост на реформите-кон целите на ЕУ 2020“ е во организација на Секретаријатот за европски прашања, а на неа покрај премиерот Груевски, воведни обраќања имаа и вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров и генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската унија Стефано Санино.

Статијата е прочитана 971 пати.

Испрати коментар

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...814325AAA5

Опитва се да бъде мазно диктаторчено с познати празни приказки ама късно е либе за китка
Без Ботев няма България
22-11-2012, 06:07 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-11-2012, 06:07 PM