Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Първа страница водеща новина


Со спуштени панталони чекале на ред за секс

Бизнисот му цветал се до завчера кога на врата се појавиле полициските инспектори и фатиле еден клиент со спуштени панталони додека други двајца чекале на ред, а во машината за перење покрај нечистата облека откриле и три килограми марихуана. Додека полицајците го претресувале станот, на врата се појавиле неколку клиенти кои однапред си резервирале термин кај девојките


Охриѓанец си го потсуредил станот во кој донел две бугарски државјанки како анимир-дами, а за оние што биле и по дрогата набавил и неколку килограми марихуана за да им излезе во пресрет. Бизнисот му цветал се до завчера кога на врата се појавиле полициските инспектори и фатиле еден клиент со спуштени панталони додека други двајца чекале на ред, а во машината за перење покрај нечистата облека откриле и три килограми марихуана.

Сопственикот на станот Наум П. (48) познат низ градот како Поцко, кој се наоѓа на улицата "Ариф Мустафа" во населбата Воска, бил приведен заедно со двете бугарски државјанки Д.Д.Ј. (22) од Ботевград и А.А. (23) од Сливен како и клиентите Г.Р. (23) и К.Ж. (20) од Велешта и Б.М. (37) од Македонска Каменица.

Според соседите, во станот веќе неколку месеци било прилично фреквентно и често во зградата влегувале и излегувале лица коишто тие не ги познавале. Бучава и галама многу немало, па затоа и не сакале да ги пријават во полиција, бидејќи како што тврдат си ја гледале работата.
- Нон-стоп идеа и доаѓаа луѓе. Знаевме дека нешто се прави таму ама пак никој од нас немаше проблеми, па поради тоа не го пријавиме. Претпоставуваме дека внатре има девојки и сега тоа ни го потврдија и од полицијата, велат соседите за Вечер.

Од МВР пак информираат дека мозокот на целата операција бил охриѓанецот кој ги донел бугарските државјанки, а потоа и почнал да им бара клиенти. Засега колку наплаќал за сексуалните односи и колку земал за себе нема информации.

Оттаму потврдуваат дека едната девојка била затекната со дваесетгодишното момче во моментот кога му давала сексуални услуги, додека останатите биле во други соби во станот. Полицајците ја затвориле влезната врата, почнале со претресот и не им требало многу за да ги најдат трите килограми марихуана меѓу валканите алишта во машината за перење.

Додека траел полицискиот увид на вратата се појавиле неколку момчиња на возраст меѓу 19 и 20 години кои однапред си го резервирале терминот за да се забавуваат со девојките од Бугарија. Тие биле мошне непријатно изненадени кога вратата им ја отворил полицаец со легитимација во рацете и ги внел кај останатите.

Од МВР информираат дека против приведените се уште не се поднесени кривични пријави и работат на утврдување на деталите. Оттаму додаваат дека организаторот и претходно бил пријавуван за кражби и за трговија со дрога.

Според нашите извори, сопственикот на станот низ Охрид важи првенствено како дилер на дрога, а занаетот со проституцијата го научил токму од неговата сопруга која во моментот издржува затворска казна во Идризово за посредување.

(О.С.- О.Ч.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=3F033BC05C6F...D1FE8F3540
Без Ботев няма България
21-11-2012, 06:18 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-11-2012, 06:18 AM