Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ЗАГЛАВИ ИСПОРАЧУВАЊЕТО НА СОПСТВЕНИKОТ НА „ЏУМАЈЛИЈА“

Kонтроверзниот бизнисмен Даневски се удоми во Бугарија


Зоран Даневски живее и работи во градот Гоце Делчев, каде што има и свој приватен бизнис, а во Свети Николе коментираат дека има и бугарско државјанство

Kонтроверзниот бизнисмен Зоран Даневски се удоми во Бугарија, каде што има свој приватен бизнис. Наместо да биде во притвор и да чека испорака во Македонија, каде што се бара за милионска проневера, тој е с` подалеку од екстрадиција во земјава. Тој сега живее и работи во малиот град Гоце Делчев, каде што отворил свој бизнис.

Во Свети Николе се зборува дека Даневски веќе обезбедил и бугарско државјанство, што ако е точно, ќе значи дополнително одолжување на постапката, ако не и целосно стопирање.

Даневски е осомничен дека како доминантен сопственик и директор на агрокомбинатот „Џумајлија“ од Лозово бил главниот актер во злоупотреба со исчезнатото жито од државните резерви во вредност од 1,4 милион евра. Житото било на Агенцијата за стоковни резерви, а било складирано во магацините на „Џумајлија“. Во ноември лани Даневски избега во Бугарија, а по него беше распишана меѓународна потерница.

Даневски, по тримесечно бегство, кон крајот на февруари годинава беше фатен од бугарската полиција кај Банско. Тој бил осомничен за поседување фалсификувани лични документи. Поради тоа, во Бугарија бил осуден на условна казна затвор од 15 месеци. Тоа време наводно треба да го помине во Бугарија. Во меѓувреме нашето Министерство за правда иницира постапка за негова екстрадиција во земјава.

- Основниот суд во Свети Николе на 2 март ги испрати потребните документи за екстрадиција до Министерството за правда. Истрагата за случајот „Џумајлија“ е завршена. Поднесено е и обвинение до светиниколскиот суд, па очекуваме Даневски да биде екстрадиран во Македонија - велат од Основното јавно обвинителство од Свети Николе.

Во меѓувреме, агрокомбинатот „Џумајлија“, кој го остави во големи долгови отиде во стечај.

Во септември годинава кривична на Даневски му поднесе и Управата за финансиска полиција. Тој со оваа пријава се товари за злоупотреба на овластување и перење пари. Оваа кривична го товари за злоупотреба на 86 милиони денари.

Според финансиската полиција, тој во 2011 со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, злоупотребувајќи го овластувањето во стопанството илегално извршил отуѓување на 4.451 тон меркантилна пченица и 998 тони јачмен во сопственост на Агенцијата за стоковни резерви.

Со намера да го покрие потеклото на парите, дел инвестирал во купување недвижен имот во Бугарија, а преостанатиот дел повеќепати со изготвување цесии им го префрлил на правни субјекти што се негова сопственост. (Љ.Ш.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E87AA5062F...2A09931DE1
Без Ботев няма България
20-11-2012, 04:36 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 20-11-2012, 04:36 PM