Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Жељу, стариот пријател

Жељу Желев ги предупреди Бугарите дека е лоша позицијата да се спречува европскиот пат на Македонија

Во вистински миг се огласи стариот осведочен пријател на Македонија Жељу Желев. Подостарен, но лесно препознатлив, со свежа мисла, типичен демократ, се спротивстави на популистичките хорови во сопствената земја против евроинтеграциите на Македонија. Првиот демократски избран претседател на соседна Бугарија во интервју за бугарски медиум во една деликатна фаза на односите меѓу Македонија и Бугарија повторно ни даде силна поддршка пред одлуката на Брисел дали ќе одреди датум за почеток на преговорите со Македонија. Желев ги предупреди Бугарите дека е лоша позицијата да се спречува и условува европскиот пат на Македонија. Тоа не доликува на комшиски однос и добрососедство. Бугарска спрега со Грција за да се уценува Македонија да си го смени името би бил срамен чин што историјата ќе го осуди. Желев ги охрабри бугарските политичари да ја поддржат Македонија на нејзиниот пат за европеизација. Притоа тој им укажа сериозно и на македонските власти за опасноста од последиците кога политиката се меша во науката и кога се преправа историјата.

Со смирена, културна и пријателска интонација Желев ја потсети бугарската јавност на еден клучен момент од поблиската историја на Бугарија и на Македонија, кога грчкиот премиер Константин Мицотакис ги повика на состанок балканските политички лидери да договорат што да прават со Македонија. Желев оваа софра ја окарактеризира како империјалистичка каде што тие треба да одлучуваат за Македонија без Македонија. Бугарскиот претседател тогаш ја одби категорично таа средба како анахрона по што таа пропадана и не се одржа. Тие што го следат внимателно патот на осамостојувањето на Македонија добро го паметат тој гест на првиот бугарски претседател Желев.

Дисидентот бугарски уште пред да стане претседател ме освои и ме натера повеќе да му посветам внимание со еден негов несвојствен уличен настап кој чинам е мошне поучен за Балканите. На еден националистички протест на студенти во Софија кои ја носеле картата на голема Бугарија им пришол професорот Желев и ги прашал, а зошто само до Ниш, што не ја поместите границата и до Белград. Патриотите занемеле. Нема подобар начин да се покаже бессмислата на потрагата по пославна историја. Жељу Желев бугарски политичар, научник, демократ, припаѓа на првите големи државници на Источна Европа по ерата на комунизмот кои не само што ги навестија големите промени, туку активно тоа и го одработија.

Еве уште еден детал на кој сум сведок и кој е поврзан, индиректно, со Жељу Желев. Во декември 1991 година, четири месеци по прогласувањето на независноста на Република Македонија, добив интервју од премиерот на Република Турција Сулејман Демирел кој ми ја соопшти ексклузивната вест дека Турција прва ќе ја признае Република Македонија. Беше тоа голема и значајна вест која ја издиктирав веднаш од неговата резиденција и која е објавена во сите македонски медиуми. Десетина дена подоцна откако се вратив од Анкара го објавив интервјуто во „Нова Македонија“. Демирел тогаш рече нешто што ми остави силен впечаток, а тоа беше констатацијата дека Турција треба да биде прва во признавањето поради историскиот миг бидејќи ако биде десета или дваесетта тоа ништо посебно нема да и' значи на Македонија. Но се случи нешто што не' загрижи сите, помина Нова година, а се уште не стаса признанието. Се јавив во кабинетот на премиерот. Деновиве во Давос ќе се видам со Мицотакис. Сакам лично да го известам дека интересите на Турција налагаат да ја признаеме Македонија веднаш. Стрпете се малку, по таа средба ќе уследи и официјалната одлука, ми изјави Демирел. Така и бидна. Претседателот Жељу Желев, исто така, го фати историскиот миг дека во такви моменти е пресудно комшијата да биде прв. На 15 јануари 1992 година Бугарија прва ја призна Република Македонија. По средбата во Давос меѓу Демирел и Мицотакис Турција беше втората земја што на 6 февруари ја призна Македонија без никакви условувања. Подоцна разбрав дека и Желев бил во Давос и лобирал за Македонија кај Демирел. Иако тоа беше тропање на отворена врата бидејќи турската влада и Демирел само чекаа да се оствари средбата со Мицотакис и да се донесе одлуката, тоа не го намалува значењето на гестот на Жељу Желев. Неговата улога и лобирање пак во делот на признавањето на Македонија од Русија и од Америка, исто така, имаат значење до границата на добриот вкус. Повеќе од тоа ги надминува интересите на Русија и на Америка што е незамисливо.

Жељу Желев, првиот бугарски претседател, со своите потези и тогаш и сега покажува не само дека е вистински пријател на Македонија, туку дека како демократ и научник, државник, има голема историчност во себе да ги согледа долгорочно интересите и на Бугарија и на регионот.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CF0688FE0...C52214B30A
Без Ботев няма България
19-11-2012, 05:47 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 19-11-2012, 05:47 AM