Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРЕВИРАЊА ВО РЕГИОНОТ

Букурешки сенки на Балканот


Грција, Романија и Бугарија се заканија дека ќе настапат координирано против Македонија во ЕУ по отворените прашања. Србија и Грција бараат разврска со Македонија и со Kосово. Албанците од Албанија, Kосово и од Македонија велат ова е година во која ќе се затвори еднаш засекогаш т.н. албанско прашање. Босна и Херцеговина е игнорирана од сите, па и тука како да има премолчан непринципиелен сојуз. Битките се водат најчесто преку изјави на дипломати, кои личат како на Балканот да почнува студена, дипломатска и вербална војна во која се сите против секого.

Пријателство по непријателска линија

Се зборува за неколку причини за ваков уигран настап на балканските држави изминативе недели. Првата е патот кон ЕУ, втората е економската криза и во Европа и на Балканот, која ги вади на површина националните прашања, а третата е историскиот контекст на балканскиот регион, каде што постојано се случуваат превирања и се бараат прекројувања на границите.

Според Антонио Милошоски, поранешен шеф на дипломатијата, неколку прашања на Балканот навистина немаат разврска: босанскиот јазол, кој однатре е презаплеткан, па никој не се обидува да го размрси; спорот меѓу Србија и Kосово, кој де факто е територијален и политичко-идентитескиот спор што Грција ~ го наметнува на Македонија. Според него, сите три прашања можат да се надминат само преку јасни ЕУ-перспективи на државите на Блаканот.

- Мислам дека клучните прашања што треба да си ги постават Софија, Атина и Букурешт е дали гласот на Балканот во Унијата ќе биде посилен или послаб ако тие настапуваат уиграно против Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, кои за некоја година ќе седнат на тие состаноци? Затоа сметам дека секоја нивна постапка треба да биде во насока на зголемување на капацитетите на Балканот во Унијата наместо да создаваат сојузи врз основа кој кому може да му помогне за да му се одмогне на трет - вели Милошоски.

Тој при тоа го посочува примерот на Шведска, Данска и на Финска, кои пред самото интегрирање на остатокот од балтичките држави на ваквите состаноци не кроеја планови како да ја спречат да влезе нереформираната Естонија, туку како да ~ помогнат тоа побрзо да се случи за да бидат посилна група во ЕУ.

Ревизија на договорот е мит

Стево Пендаровски, аналитичар и советник за надворешна политика и одбрана во опозицискиот СДСМ, во тековната ситуација на Балканот гледа тенденции на затворање на албанското прашање и на државите со аспирации да влезат во ЕУ-друштвото, кои се обидуваат да ги подобрат своите позиции во регионот.

- Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година преку однесувањето на Грција, која е членка на ЕУ и НАТО, кон Македонија јасно им покажа на другите членки дека дополнителното условување на држави-кандидатки може да ги зголеми нивните позиции во одредени меѓусебни нерешени проблеми. Тоа го прават сега и Бугарија и Романија - вели Пендаровски.

Во јавноста с` повеќе се отвора прашањето дали грчко-бугарско-романската вербална коалиција за македонското прашање во ЕУ или српско-грчкото доближување на ставовите за Kосово, па и за Македонија се резултат на фамозната 2013 година како важна за историскиот Букурешки договор со кој се дефинира Балканот меѓу двете светски војни. Цели форуми на интернет, но и научни дебати меѓу историчари се посветени на тоа дали има тајни анекси во Букурешкиот договор, дали е предвидено ревидирање на границите по 100 години од неговото донесување, дали големите сили со некои балкански држави повторно ќе н` прекројуваат ...

- Букурешкиот договор има повеќе митолошки карактер. Не постојат реални меѓународно-политички или правни можности за ревизија и не верувам дека некој игра на таа карта - вели Милошоски.

Слично размислува и Пендаровски.

- Историчарите јасно ќе ви посочат дека овој договор нема тајни анекси, кои би се отвориле во 2013 година и кои ќе значат прераспределба на некакви сили на Балканот - дециден е тој.

Сепак, Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции, анализира дека актуелните изјави и однесувања на политичари од регионот имаат историски предзнак.

- Тековните изјави стануваат поадреналински и позасилени во светлото на годишнините од некои историски моменти битни за секоја држава одделно. Пример, Србија слави 100 години од некои свои победи во Првата балканска војна, Грција - 100 години од освојувањето на Солун, Албанците - 1.000 години од државата итн. Но, освен помпезните говори во тоа не гледам ништо договорено или смислено - вели Боцевски.

Според него, вжештувањето на балканските дипломатски столчиња се должи и на кризата на самата Европска унија, но и на економската криза во неа и нејзините држави-членки од Балканот.

Kатерина Нешкова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B7C676F188...AA32E46B6D
Без Ботев няма България
17-11-2012, 06:06 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-11-2012, 06:06 AM