Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Днес независимиот македонски печат се е развихрил на тема България


БЛОKАДИ НА ПАТОТ KОН ЕУ

Бугарија разочарува


Бугарската веб-страница „ЕУ инсајд“ на почетокот на ноември објави статија под наслов „Македонија се соочува со цивилизациски избор“. Ако ги следите вестите во последно време, тогаш знаете за што се зборува во статијата. Приказната е, според авторот, за тоа како Македонија се однесува „лошо“ со Бугарија, и како Бугарија би имала целосно право да го блокира почетокот на преговорите за Македонија во ЕУ во декември. Во октомври, Европската комисија –четврти пат - препорача почеток на пристапните преговори со Македонија. Таа исто така соопшти дека преговорите ќе почнат, но дека т.н. спор за името може да биде решен паралелно со пристапните преговори, што значи дека Грција би морала да ~ овозможи на Македонија барем да ги почне преговорите без прво да се најде т.н. решение. Но сега уште една држава го крева гласот и тврди дека, исто како и Грција, и таа нема да дозволи Македонија ни да ги почне преговорите - Бугарија.

А што ~ е проблемот на Бугарија? Онаа општа препознатлива фраза „добрососедски односи.“ И на што поконкретно се жали Бугарија? Според веб-страницата „ЕУ инсајд“, „Бугарија со години се жали на националистичките политики на македонската влада, на националистичките и дури и навредливи публикации во македонските медиуми, и на ’кражба на историјата’.“ Жалењето на тоа што го пишуваат македонските медиуми тешко дека е основа да блокираш два милиона луѓе да ги почнат преговорите со ЕУ.

Продолжуваме. Kомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, вршеше притисок врз Грција (сега и врз Бугарија) да не се противат на почетокот на преговорите, иако Бугарија продолжува да ги посочува своите проблеми пред него и пред Kомисијата. Дека комесарот Филе им обрати нула внимание на Бугарите во однос на тоа е само плус за него. Но Бугарија с` уште ја споменува можноста да ја блокира Македонија, а бугарскиот претседател Росен Плевенлиев отиде дотаму што изјави дека Македонија „не е подготвена“.

Од своја страна и во обид да му покаже на светот дека таа се обидува да ги реши овие „проблеми“, Бугарија предложи двете земји заеднички да прославуваат некои историски датуми, почнувајќи со Илинден. Но додека тие во Брисел можеби и не ја сфаќаат целосно важноста на Илинден за македонската нација, Бугарите многу добро ја сфаќаат и предлагаат заедничка прослава токму затоа што Македонија не ја прифаќа бугарската верзија на историјата во однос на тој настан. Бугарите едноставно користат стар трик - се преправаат дека нешто нудат, дека прават отстапки, иако се сосема свесни дека тоа што го нудат е, да го цитирам американскиот аналитичар Чарлс Kраутхамер, „покана за национално самоубиство“.

Рационално и природно, македонскиот претседател Иванов реагираше на оваа понуда со контрапонуда: двете држави заеднички да прославуваат некој помалку предизвикувачки празник, како денот кога Македонија беше призната од Бугарија, Денот на Европа итн. Природно, но ирационално, Бугарите беа „навредени“ и отрчаа да им се пожалат на Филе и на ЕУ дека тие понудиле маслиново гранче, но декаа лошите Македонци одговориле со уште повеќе омраза. Многу македонски лидери рекле – неодамна и во минатото - дека историјата треба да им биде оставена на историчарите и дека Европа треба да оди напред. Ова е правилниот став, но со чуден пресврт, токму Грција и Бугарија се тие што инсистираат дека историјата треба да биде дел од политичкиот процес на влегување на Македонија во ЕУ и во НАТО (што, да посочам, според мене веќе не е многу пожелно). Токму Грција и Бугарија се тие што постојано зборуваат за историјата, за македонското „немање историја“, за македонската „кражба на историјата“ и за нивното „величествено минато“. Грција и Бугарија се тие што постојано зборуваат за историјата.

Нашите бугарски пријатели имаат доволно сопствени проблеми, почнувајќи од нивната економија. Бугарија е далеку зад остатокот од ЕУ кога станува збор за платите и за работните места, и ЕУ со право ги посочува проблемите во бугарскиот судски систем. Неодамна, Европската комисија ја прекори Бугарија поради назначувањето нов член во Уставниот суд изјавувајќи:

„Kомисијата побара од компетентните бугарски институции, и особено од парламентот, да ја преземат одговорноста и да спроведат темелна истрага за наводите за коруптивна злоупотреба и конфликт на интереси. Денес Kомисијата забележува дека бугарскиот парламент не ги спровел проверките и покрај сигналите од Kомисијата во изминатите неколку дена.“

Kонечниот исход? Бугарија, исто како и Грција, мора прво да се погрижи за сопствените проблеми. Бугарија разочарува. Да, Бугарија беше првата држава што ја призна Македонија како Македонија, државата. Но Бугарија не треба да добие бонус-поени за тоа што направила нешто што и така требаше да го направи. Kога барате признание затоа што сте постапиле правилно, вашето барање навистина е празно. Но што е поважно, Бугарија с` уште не ги признава Македонците како нација, Македонската православна црква и македонскиот јазик. И с` додека Бугарија и самата не созрее, ќе продолжи да разочарува.



Џејсон МИКО

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2BC203A165...0269A82C25
Без Ботев няма България
15-11-2012, 06:11 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-11-2012, 06:11 PM