Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонско-бугарски консултации за ЕУ

Во Софија беа одржани консултации за прашања за Европската унија меѓу делегации на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија. Македонското МНР соопшти дека е разговарано за конкретни иницијативи за продлабочување на соработката во контекст на евроинтеграциите и интензивирање на дијалогот на експертско ниво за пренесување на бугарските искуства од пристапниот процес, во рамките на Меморандумот за соработка на полето на европската и евроатлантската интеграција меѓу двете влади.

Од македонска страна е презентиран предлог План на активности за соработка и Листа на поглавја и прашања од правото на Европската унија, со цел конкретизација на експертската размена. Македонската страна ги презентираше тековните активности за спроведување на препораките од годинашниот Извештај за напредокот на Македонија во евро интеграцијата. Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка, македонската страна го искажа своето уверување дека пријателска Бугарија ќе даде поддршка и на оваа одлука.

Од бугарска страна е потврдена декларираната цел за активна политика на Бугарија во регионот и поддршката за процесот на проширување и приемот на земјите од Балканот во ЕУ, со целосно исполнување на Копенхашките критериуми за членство во Унијата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=94E4F3722...F887F08AB4
Без Ботев няма България
15-11-2012, 05:53 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-11-2012, 05:53 PM