Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарскиот интерес контра Македонија

За Бугарија би требало да биде национален интерес Република Македонија час поскоро да стане дел од НАТО и од ЕУ. За Бугарија би требало да биде еден од приоритетните национални интереси и двете земји да станат економски просперитетни. Да станат земји чии граѓани, меѓу две меѓусебни понижувања, меѓу две меѓусебни префрлувања за тоа како Македонците се „боклук“ (ѓубре) народ и „измислена држава“ (од бугарска страна) и како Бугарите се „татарско невредно племе“ (од македонска страна), нема да размислуваат како да станат чистачи во некој јавен тоалет од западноевропските престолнини



Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов ги обиколува европските престолнини и најблаго кажано, ја кодоши Македонија дека не била примерен кандидат за добивање датум за преговори за членство во ЕУ. Така, велат во Бугарија, ги штител бугарските национални интереси, бидејќи Македонија ја крадела бугарската историја и не ги менувала своите учебници.
Со тоа, тој директно се става во улога на грчка продолжена рака. Ја спроведува грчката агенда и ја разводнува грчката вина за блокадата врз нашата земја. Сакале тоа или не, на овој начин Бугарите си наметнаа улога на грчки потрчковци. Оти, реално гледано, бугарски национален интерес не е Македонија да остане надвор од ЕУ, како што во 1992 година бугарски национален интерес не беше Република Македонија да остане дел од Југославија, туку да излезе надвор од српската сфера на влијание. Овој дел од етничка Македонија беше плен на Србија во текот на балканските војни и Бугарија тоа никогаш не го прежали. Тогашниот бугарски претседател Жељу Желев тоа многу добро го сфати, па не случајно лобираше кај рускиот претседател Борис Јелцин да ја признае независноста на нашата земја. На тој начин делумно беше анулиран еден дел од Букурешката мировна конференција во 1913 година, чија ревизија, впрочем, беше вековна желба на Бугарија.

Сега, со перспективната можност, Република Македонија како дел од ЕУ, по природен пат да стане основа за обединување на регионот Македонија, се создава цивилизирана реалност за уште едно исправање на неправдата од Букурешт, сеедно што етничката структура на регионот е драстично изменета во однос на 1913 година. Но, тоа обединување е на сосема друга основа и нема врска ниту со промена на граници, ниту со нарушување на територијалниот интегритет на државите. Впрочем, тој предлог за единствена Македонија, соодветен на тогашното време, бугарската делегација го имаше ставено на маса и на конференцијата пред 99 години. Одеднаш, на денешна Бугарија ѝ пречи тоа. Која е логиката? Ја нема, освен ако не се гледа низ диоптерот на некогашните комунистички служби, чии поданици очигледно имаат зафатено добри места во владата на Бојко Борисов и кои не успеваат со ништо друго да се нахранат, освен со перманентна антимакедонска политика и со перманентно обвинување на Република Македонија дека води некаква антибугарска пропаганда.

Наспроти тоа, како што рековме, за Бугарија би требало да биде национален интерес Република Македонија час поскоро да стане дел од НАТО и од ЕУ. За Бугарија би требало да биде еден од приоритетните национални интереси и двете земји да станат економски просперитетни. Да станат земји чии граѓани, меѓу две меѓусебни понижувања, меѓу две меѓусебни префрлувања за тоа како Македонците се „боклук“ (ѓубре) народ и „измислена држава“ (од бугарска страна) и како Бугарите се „татарско невредно племе“ (од македонска страна), нема да размислуваат како да станат чистачи во некој јавен тоалет од западноевропските престолнини. За Бугарија би требало да стане национален интерес и од македонска страна да има можности да се врши притисок врз структурите во Брисел што решаваат за делење на европските фондови, за да може полесно да се добијат пари за создавање на една модерна и брза трансферзала од Скопје до Бургас и Варна. Денес е потешко од Скопје да се стигне до Софија, отколку што во 1903 година можело да се стигне од Солун, како главен македонски град, до престолнината на Бугарија. Како е тоа можно, веројатно не му е јасно ни на самиот Младенов. Не се белки за тоа виновни неколку напалени антибугарски настроени јавни личности во Македонија, какви што ги има, во неброен ред, и од другата стана на нашата источна граница. Како е можно меѓу двете држави, во кои степенот на сиромаштија е катастрофално голем, во кои просечната плата, за тие што ја примаат, едвај надминува 300 евра, главно прашање за еден министер за надворешни работи и за еден премиер на држава да биде чиј бил Гоце Делчев? Еве ние немаме проблем со тоа што Бугарите го сметаат за нивен. Зошто тогаш по ѓаволите ним им пречи што за нас тој е Македонец, кој се борел не за Бугарија, туку за Македонија. Во крајна линија, во 1912 и 1913 година, значи во оној дел од историјата на кој се повикува Младенов, за Бугарија немало поголем непријател од Грција и Србија (сеедно што имале потпишано едно чудо договори за сојузништво пред почетокот на Првата балканска војна). Па, против кого бугарскиот генерал Савов ги испалил топовските ѓулиња во 1913 година? Да не била тоа грчката војска? И може ли Младенов да ја препрочита таа лекција пред да продолжи со кодошкиот бизнис низ Европа, со што наводно ги штити бугарските национални интереси, а всушност работи на грчката кауза, не обидувајќи се да сфати ниту една буква од лекциите што српскиот претседател Николиќ се обидува да ги наметне во изминатите денови? Впрочем, прашањето е многу едноставно. Како е можно еден бугарски министер за надворешни работи, кој смета дека населението во Македонија - историски гледано - е бугарско, да се стави во служба на една земја како Грција, која на тоа исто население во 1913 година му ги вадела на живо очите и тоа исто население живо ги фрлало во оган? Тоа е бугарски национален интерес?

Чудото е уште поголемо ако се знае дека во овој момент, наспроти некаков си умерен оптимизам што се гради, а според кој Македонија во декември би можела да добие датум за преговори, реално гледано, не постои ниту еден аргумент што би бил солиден, а врз чија основа може да се очекува Грција и владата на Самарас тоа да го дозволат. Со други зборови кажано, ако позицијата на Грција не се променила по однос на тоа прашање, која е логиката Бугарија да се истопорува како кочничар на нашата држава кога таа улога сосема добро ја игра и ќе ја игра Грција?
Сето тоа всушност покажува кој за кого игра. А, во овој момент, очигледно, Младенов не игра за земјата чиј министер е, туку за некој друг.



Автор: Дарко Јаневски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22727

Разбрахте ли извода на Дарко. България трябва да се учи от Сърбия. Егати гьон суратщината.
Без Ботев няма България
12-11-2012, 06:30 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 12-11-2012, 06:30 PM