Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Брисел го пишува заклучокот за Македонија

Идната недела ќе се знае првата верзија на ставот на Европскиот совет дали ќе има преговори со нашата држава

Слободанка Јовановска


Заклучокот за Македонија почна да се пишува во Брисел, но првите одгласи околу препораката на еврокомесарот Штефан Филе сугерираат дека патот до одлуката за преговори со ЕУ ќе биде потежок отколку што се очекуваше.

Денес еврокомесарот ќе отпатува во Берлин за да обезбеди поддршка за планот од најмоќната земја во ЕУ, но од Берлин веќе стигнаа сигнали на воздржаност, во смисла дека за Германија звучи нереално да ни се дадат преговори без решен спор за името. Како што се дознава од Брисел, идната недела ќе биде презентирана првата верзија на заклучокот за Македонија и според неофицијалните проценки, по реакциите на земјите членки во првата расправа, јазикот внатре може да биде позитивен, но тешко дека ќе најави одлука. Сепак, процесот само што почна да се тркала во ЕУ, а до завршницата, самитот на 13 декември, ќе има уште неколку состаноци на разни нивоа, вклучувајќи го и тој на шефовите на дипломатиите на 10 декември, кој може дефинитивно да го навести исходот за Македонија.

Генерално, повеќето земји биле за тоа да се поддржи предлогот на Филе за паралелни преговори за ЕУ и за името, Германија не се изјаснила , а преставникот на Франција оценил дека имало работи во Македонија што не се толку добри колку што стои во извештајот на ЕК. Најпозитивна за Македонија била Велика Британија, а скептична како и за сите други била Холандија, иако кај нас се става во групата на земји што ја туркаат нашата одлука за преговори. Притоа надвладеал ставот дека, ако ЕУ сака Македонија да оди побргу во евроинтеграцијата, заклучокот не може да биде ист како досега.

Она што најмногу може да ги расипе нашите шанси за декември е обидот на некои земји, а пред се Бугарија и Грција, да докажат дека Македонија не е подготвена од многу аспекти, нешто што пак треба да биде главен аргумент на Филе - дека не може земја со успешни реформи да добие „не“ за преговори.

Според некои дипломати, меморандумот не бил идеја на Филе, туку обид на Атина да се одбрани од неговите притисоци, иако беше поздравен во Брисел. Како и зошто дојде до овој документ официјално никој не сака да објасни, но фактот дека и со Бугарија во исто време и на ист начин почна решавањето на спорните прашања, сугерира дека меморандумот не е случајност туку тактика како да се избегнат ветата за Македонија. Бидејќи сега ни висат над глава две, според неофицијални информации, Македонија пред декември ќе мора да потпише или барем договори документ со Бугарија, кој во голема мерка ќе биде како одбиената декларација за пријателство и соработка.

Деновиве, според најавите, Софија ќе го испрати одговорот на писмото на шефот на дипломатијата Никола Попоски со листа на предлози како да се испеглаат односите со Македонија, и тоа најконкретно, како список на празници и чистење на учебници од тоа што Софија го смета за пропаганда.

Евентуалните отстапки кон Бугарија, според порталот „ЕУ инсајд“, кој се повикува на извори од Брисел, ќе имаат тежина на „цивилизациски избор“ на Македонија, која како што се вели треба да се откаже од провоцирање на соседите во обидите да си создаде свој идентитет. Истиот портал тврди дека Брисел веќе нема нерви за блокадите на земјите членки кон кандидатите, без оглед колку се оправдани, и бара од нив да придонесат да се решат, бидејќи ЕУ не може да делува глобално ако тие кочат локално. Истиот извор тврди дека во Брисел засега има „разбирање“ но не и „поддршка“ за бугарските поплаки и дека Софија подготвувала поостар тон пред да дојде Филе, но го спуштила потоа.

Од наша страна пак освен пишувањето одговори и меморандуми не се гледа засилено лобирање околу одлуката за Македонија, освен посетата на невисоко ниво на вицепремиерката Теута Арифи на Германија, што може да значи дека сме оставиле Филе да ни ја одработи одлуката или од нас само се очекува да ги одоброволиме соседите.

Статијата е прочитана 1030 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B8748C73D...4D3FEDB067
Без Ботев няма България
09-11-2012, 07:09 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-11-2012, 07:09 PM