Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9



Софија не е продолжена рака на Атина за блокада на Македонија

Според македонските аналитичари, несомнено е дека Грција има корист од ваквото однесување на Бугарија. Но мотивот на Бугарија не е за да добие нешто друго за возврат, туку да се бори за своите интереси во Македонија. Бугарските експерти не ја сметаат својата земја за продолжена рака на Грција кога се во прашање односите со Македонија




БУГАРСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ОДНОСОТ КОН СКОПЈЕ

Изминативе денови слушавме дека шансите во декември да добиеме датум за преговори со ЕУ ни се педесет-педесет, како што рече министерот за надворешни работи Никола Попоски, или дека никој не може да предвиди што ќе се случи на самитот на ЕУ, според зборовите на еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Но предупредувачките изјави на бугарскиот државен врв, кои ги круниса интервјуто на премиерот Бојко Борисов за грчкиот весник „Етнос“, укажуваат дека залудно би се надевале оти четвртата година откако добивме препорака за преговори, ЕУ ќе ни определи и датум за нивниот почеток.

Слично како и претседателот Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов, и Борисов не беше директен, туку само укажа дека „Владата во Скопје треба да ги реши проблемите на еден европски начин, за да може да ја добие бугарската поддршка“, притоа позитивно одговарајќи на прашањето дали тоа е услов за Бугарија да ја поддржи Македонија. И Борисов ја претставил Бугарија како голем македонски пријател, со аргументите дека неговата земја не само што прва нѐ признала туку и на десетици илјади наши граѓани им дала државјанство и пасоши.

- Софија вложува големи напори да не коментира сѐ што прави Владата во Скопје - рекол Борисов, не појаснувајќи што прави Владата во Скопје.

На сето тоа, самиот „Етнос“ коментира дека „Грција првпат нема да биде сама, ќе има уште една земја-сосед на Македонија што стравува од националистичките претензии на скопската влада“. Дали Бугарија почна отворено да игра на грчката карта? Што добива од тоа?

Според македонските аналитичари, несомнено е дека Грција има корист од ваквото однесување на Бугарија. Но мотивот на Бугарија не е за да добие нешто друго за возврат, туку да се бори за своите интереси во Македонија, да не ѝ препушти на Грција да си го остварува тоа што го замислила.

Бугарските експерти исто така не ја сметаат својата земја за продолжена рака на Грција кога се во прашање односите со Македонија, обидувајќи се да укажат дека македонско-грчките и македонско-бугарските отворени прашања немаат врска едни со други.

ЕМ ПАРТНЕРИ, ЕМ РИВАЛИ

Од независноста до денес можеме да видиме две фази во развојот на македонско-бугарските односи, вели професорот Денко Малески. Во првата, додава тој, тие први ја признаа Република Македонија и ни даваа поддршка во едни тешки времиња на блокади, за да опстанеме.

- Во интерес на Бугарија беше Македонија да се оттргне од српското влијание, барем тие така гледаа на работите - објаснува Малески.

Потоа, според Малески, Бугарија работеше на своите стратегиски цели - членство во НАТО и во Европската Унија. Барајќи поддршка за тоа од ЕУ и од САД, таа мораше многу да внимава на ставовите на овие земји за Македонија и да биде резервирана.

- Но сега сме во нова фаза во која Бугарија ги има остварено своите стратегиски цели, а со тоа има и зголемена моќ во меѓународната политика. Затоа можат да си дозволат да ја проектираат својата моќ во регионот. Така, Македонија како земја на која ѝ е потребна бугарска поддршка е изложена токму на притисокот од Бугарија за прашањата од нејзин интерес - истакна професорот.

Значи, таа не е продолжена рака на Грција, туку си развива свои амбиции кон Македонија.

- Тука се вкрстуваат две линии - грчката, која е на темата на идентитетот поврзана со антиката, и бугарската, исто така околу идентитетот, но за поновата историја. Кога е во прашање Македонија, Грција и Бугарија се партнери до еден степен, а потоа се ривали. Едната страна би сакала да го поништи влијанието што другата го има овде. Затоа, Бугарија не е продолжена рака на Грција во случајов, туку сака да се вклучи во борбата за Македонија - нагласува Малески.

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, за „Макфакс“ изјави дека бугарската блокада била очекувана и дека, за разлика од грчката, многу потешко ќе се артикулира, затоа што овде се кријат имплицитни претензии, како територијални, така и етнички.


На патот до Европа не чекаат многу блокади

НИКОЈ НЕ РЕКОЛ „ВЕТО“

Бугарските експерти, слично како и државниците, се обидуваат да покажат дека Бугарија сѐ уште ни е пријател и дека забелешките ѝ се чисто пријателски. Позициите на бугарската политика за членството на Македонија во ЕУ ги имаат предвид и историските корени на Бугарија и затоа се бара уважување на бугарската историја, а надвор од тоа бугарската поддршка за европската иднина на Македонија е јасна, смета Нина Ѓулгерова, универзитетска професорка од Варна.

- Треба да се воспостави дијалог за отворените прашања и најважно е да нема политикантство во исказите и во позициите на политичарите. Имаше интерпретации дека со својата политика Бугарија игра на грчката карта. Но не сум сигурна дека Бугарија го прави ова само за да ги поддржи позициите на Грција. Не сум сигурна дека станува збор за политика на продолжена рака на Грција, туку само за политика на држава што си ги штити своите национални интереси - вели Ѓулгерова.

Пламен Пантев, професор од Софија и директор на Институтот за безбедносни и меѓународни студии, истакна дека, и покрај тоа што зачестиле изјавите на бугарскиот државен врв во врска со „неевропското однесување на Скопје“, никој ниту најавил ниту споменал бугарско вето за Македонија.

- Ние немаме политика на ставање вето. Се потврди поддршката за Македонија, Бугарија сака сите земји од регионот да бидат членки на Европската Унија.

Зошто слушаме остри тонови? Со години слушавме остри тонови што доаѓаа од Скопје, а Бугарија трпеливо чекаше тие да престанат - вели Пантев.

И тој смета дека Бугарија не зазема страна кон Грција во грчко-македонскиот спор за името.
- Тоа толкување, во стилот на Студената војна, дека „секој што не е со нас е против нас“, не е карактеристично за бугарската политика. Тоа што постојано се обидувам да им го пренесам на македонските колеги е дека на патот кон ЕУ проблемите треба да се решаваат, а не да се продлабочуваат. Значи, нема најави за вето, туку само добрососедски и пријателски знак како заедно да одиме напред - додава професорот.

Според него, бугарско-македонските односи се едно, бугарско-грчките се нешто сосема друго, со една мала специфичност дека и Бугарија и Грција се членки на Европската Унија и поради тоа имаат задолжителни стандарди што не можат да ги пречекоруваат.

- Затоа, немам впечаток дека се водат специјални преговори за заеднички настап на Бугарија и на Грција во однос на зачленувањето на Македонија во ЕУ. Ние сме посветени на агендата од Солун од 2003 година, со која сите земји од регионот треба да станат членки на Европската Унија - нагласи Пантев.

Фајон очекува смирување на тензиите

Јас апсолутно не поддржувам понатамошна блокада на пристапниот пат на Македонија кон ЕУ, бидејќи земјата веќе предолго чека. Токму во почетокот на преговорите со Унијата гледам како на дел од решението. Очекувам Софија и Скопје преку искрен разговор да ги смират неодамна појавените тензии, изјави словенечката европратеничка Тања Фајон.
- Сметам дека е жално што Македонија постојано е заградена со историски прашања и спорови. По најавите за вето на декемврискиот самит на ЕУ, овој пат од страна на Бугарија, а поради обвинување за крадење на бугарската историја - изјавила Фајон.
Таа предупредува дека понатамошна изолација на земјата очигледно ќе го отвори патот за уште поголема националистичка и популистичка реторика.

Божидар Димитров се плаши за Благоевград

Ако Македонците влезат во Европската Унија, ќе бараат автономија за Благоевград, изјавил контроверзниот бугарски историчар Божидар Димитров, познат по своите антимакедонски ставови. Според него, приемот на Македонија би значел дека ЕУ признава фалсификување на историјата.
- Како членови на ЕУ, Македонците ќе имаат претензии кон нас и ние ќе бидеме принудени да им ги исполнуваме. Може да бараат автономија за Благоевград или признавање дека нашите херои се македонски. Дваесет и две години чекавме малото девојче Македонија да порасне и да го фати вистинскиот пат. Но големата девојка сѐ уште е иста како порано - рекол Димитров.
Тој го повторил својот став дека во 1944 година е направен геноцид од комунистите, со што 1,2 милион Бугари биле прогласени за Македонци.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22725
Без Ботев няма България
09-11-2012, 02:43 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-11-2012, 02:43 PM