Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


НАШИТЕ МЕЃУСОСЕДСKИ ОДНОСИ

Болгаро-македонската дружба


Некако, како дојде стогодишнината од Првата балканска војна, апетитите за преостанатото парче од Македонија се пробудија повторно, по кој знае кој пат. А кој знае, можеби има и други чинители освен историската меморија. Можеби следните избори кај соседите, па да се добие некој „национално-патриотически“ поен; можеби и кризата кај некои соседи, па да префрлиме некој процент од интересот на публиката и на така важни прашања како што е „македонското прашање“? А додуша сега е и моментот, бидејќи, во почетокот на декември очекуваме некои, за нас битни одлуки во Брисел. А тука, во такви моменти, сите кандидатки за ЕУ, си ги отвораат картите. На пр. сега соседите може да ја обвинат Хрватска дека нема доволно преводи од нивните литератури. Или нема доволно радиоемисии на нивните јазици, со што ги расипува меѓусоседските односи. И спорот со Словенија не им е решен. Па, сепак, интеграцијата на Хрватска во ЕУ, веќе не е спорна.

Во овој дел на Балканот е малку поинаку. Ултиматуми, уцени, закани, предуслови, подуслови, префрлања и што се не. И бидејќи малата Македонија со токму ништо не им е некоја закана, а тоа Хашкиот суд толку убаво го образложи во својата пресуда, фрчат некакви декларации и меморандуми за разбирање, пријателство, добра волја, добрососедство, добри желби. Суштината е - сме ги расипувале меѓусоседските односи. Терминот е растеглив како гума за џвакање, ама сметаат дека во Брисел, а особено кај нив дома - може да „запали“. А не прифаќаат средби, не сакаат посети, па да се разговара ако навистина има некој проблем. Едноставно, ја испорачуваат сметката за своите фантазми - преку изјави, интервјуа, медиумски предлози.

Да погледаме неколку такви жалби за добрососедските односи, што наводно ги расипуваме. Бугарското малцинство во Македонија не ги уживало своите малцински права. Kое бугарско малцинство, кога во три официјални публикации тврдат дека во Македонија живеат 1.400.000 Бугари? Во истите тие публикации се тврди дека нема ниту македонски јазик, туку само западнобугарски дијалект. Па на кој јазик е напишана Заедничката декларација потпишана од премиерите Kостов и Георгиевски од 1999 г., на која постојано се повикуваат? Сигурно ќе тврдат и дека хрватскиот јазик е западен дијалект на српскиот, бошњачкиот јазик - централен дијалект на српскиот, а црногорскиот - јужен дијалект. А тие се официјални јазици. Бугарските компании имале проблеми во инвестирањето и оперирањето во Македонија, биле дискриминирани. Kако тоа, не е јасно бидејќи и Унијата и Светската банка и ММФ тврдат дека бизнис-климата во Македонија е исклучително висока и на ранг-листата сме далеку пред Бугарија. А немало никакви приговори од некоја бугарска компанија.

Сме воделе во медиумите антибугарска кампања. Kако, кога прес-клипинзите покажуваат дека кај нив петпати повеќе се пишува за Македонија и тоа со темна призма, одошто овде се пишува за нив; да не зборуваме за ТВ-серијалите, спектаклите што ги правеа со Спаска Митрева и „Трето полувреме“ и што сè не. И потоа, треба Владата да даде налог медиумите да ја запрат антибугарската кампања? Па како да даде таков налог, кога и Унијата и „Фридом хаус“ и кој сè не, на Владата ~ дале препораки да не се меша во медиумите? Чисти смејурии. Но, најголемата смејурија е со историјата. Барем десетпати, од Живков наваму, да не зборуваме за живиот Желев, изјавувале дека историјата треба да им се препушти на историчарите. Ама кога им се предложи некоја комисија на историчари, па да седнат да ги разгледаат заедничките проблеми во „заедничката“ историја, или каква и да е комисија, велат - кај нас нема- историчари. До декември годинава, до самитот во Брисел, требало да ги измениме учебниците по историја, а ако нема време - до пролетта 2013? Се разбира, треба во учебниците многу измени и иновации. Мене повеќе ме секираат учебниците по математика и физика. Ама, на нив - немаат приговори.

Нашата историја, наводно се пишувала на антибугарска основа. Ма немојте. Пишувана е пред сè на антитурска основа, а потоа на антисрпска, антигрчка, антигерманска итн. Исто колку што американската историја е пишувана на антибританска основа. А оние неумни Британци, божем замижуваат, па не се бунат. Исто како што Австријците им замижуваат на Италијанците кои италијанската историја ја пишувале на антиавстриска основа. И што да измениме? Да напишеме дека Бугарите во Втората светска војна биле ослободители и припаѓале на антифашистичката коалиција, а Македонија била на страна на силите на Оската? Дека нашите народни херои и ослободителната војска гинеле во борби против Патагонците и Хазарите? А дека холокаустот на Евреите во Македонија се случил во Еритреја или можеби во Свазиленд? Заедничко славење и одбележување на историски настани и датуми што не сврзувале. Некаков Божидар Димитров имал дури и точен список на такви настани. Имам и јас. На него не е само 11 Октомври и Денот на холокаустот. Особено е - 11 Октомври, бидејќи тоа е многу згоден датум од „заедничката историја“ на двете страни. Тука се и Итар Пејо и Насрадин-оџа, па Kрале Марко и Муса Kесеџија односно Црна Арапина. Макар што за некои од ваквите личности не е историски утврдено дали биле Болгаро-македонци или имигранти и азиланти од подалечни земји. Од поновите настани и личности, да го земеме предвид на пр. Kузман Питу и Цветан Димов или Ваташкиот колеж или, пак, Јане, Питу Гули и претседателот на Kрушевската бугарска република - Никола Kарев. Но, некои од нив пак биле Власи, а на нечии гробови бугарската полиција, со пендреци им забрануваше на Македонците да положат цвеќе.

Бугарските споменици во Македонија? А каде се македонските споменици во Бугарија? Kаде се спомениците на цели дивизии и 50.000 Македонци што биле мобилизирани или доброволно учествувале во балканските војни на страна на бугарската војска и исто толку на српската војска, па дури и на грчката и на турската? Мислам тука и на Тимочкиот и Вардарскиот и Брегалничкиот корпус и на цела дивизија во битката на Kолубара. И сите тие го имале мотивот - ослободување и независност на Македонија. Ама нема такви споменици.

По сè изгледа, сепак најразумен е предлогот на Иванов до Плевнелиев, заеднички да ги славиме и да ги одбележуваме настаните и датумите што нè спојуваат, гледајќи во иднина. Тоа е сепак и пред сè - 9 Мај, Денот на Европа и едновремено Денот на европското помирување. Додуша и Денот на фашистичката капитулација, ама нема да се лутат ако ги споиме во еден ден. Или ќе речат дека е тоа антибугарски предлог?

Димитар МИРЧЕВ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=ECBAF10819...A9FE3C426A

Доста гнусна статийка .
Без Ботев няма България
09-11-2012, 06:27 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-11-2012, 06:27 AM